Годинава воопшто не чувствувам некоја еуфорија. Имам чувство дека се' ми е поминато, барем од тоа што можам да си го дозволам. Имав повеќе понуди, како дочек во кафана, во стан кај другар или женско друштво кај најдобата другарка. Првичниот план беше да одам во Скопје, ама за краток период од еден месец, бев повеќе пати и немам волја да се влечкам по автобуси на толкав студ. Одлучив да седам дома. Се двоумам дали повторно да ја почнам првата сезона на Game of thrones, да го гледам целиот серијал на Star wars или по стоти пат да го гледам Troy. Најверојатно изборот ќе падне на Ерик Бана.
Дечки каде планирате за Нова Година? Дали и покрај терористичките напади би заминале надвор од државата? Можеби е малку рано, но треба да почнеме со размислување.. и декември веднаш ќе помине Јас сеуште не знам, но најверојатно ќе останам во државава..
За Нова година вечерта никаде -дома. Искуството ми покажало дека најубаво ми е дома таа ноќ со блиските. Е од утредента ќе одиме некаде ама во државава Мислам дека не е препорачливо да се оди во големите метрополи. Нека се избегнуваат масовни собирања. Целата оваа ситуација не стави во грч
Последниве 4год дома,каде со мали деца,деновите по н.година по гости итн,во ресторани не сум била од кога бев мома..
Здосадено од ресторани со музика која не ја сакам. Како на свадба само без невеста... Оваа година решен да не одам!
И јас се сложувам со @referentka дека најубаво е дома. Но оваа година се решив да славам со клас затоа што ова ни е последна година заедно,па да се дружиме дур можеме. Незнам за вас ама мене уште сега ме фати божиќна еуфорија
Интензивно размислувам околу тоа да не одам никаде и да си останам дома со најблиските. Некако ми се смачи од тоа па тоа, истите места, истите луѓе. Гледам и луѓево околу мене горе-доле исто размислуваат, а да не зборувам дека пола се веќе распрчкани по странција, по работа, некако НГ на крај на планот ко да е. Вака на раат ќе си се налеам со винце а заштедените пари да ги вложам во нешто друго (дали да си уплатам да одам некаде, да си купам нешто и слично). Ич не ни размслував за терористички напади, баш паметно што прочитав, можев да се спотерам некаде на крај ако ми текнеше. Едит -мислев некаде настрана да се спотерам.
Па искрено и јас си помислив за надвор кај роднини, но подобро си викам да си седам у нашава државичка каква таква.. Без потребен ризик да не си ставам.. а + тоа секој ден има нови напади, нови локации, нови држави.. така да домче си е домче
А, бе, јас не сум за тоа да живееме уплашено нели, ако треба да се случи, ќе се случи. Ама баш сега овој период на Нова година и Божиќ изгледа како совршен за напади, кога има масовни собири скоро на секој чекор, де панаѓур, де дочек, де концерт... А и ранливоста на народот е поголема овој период.
И јас размислував дали да се оди некаде поради можноста за терористички напади, ама сепак се решив да одам за Барселона, картите се купени, мислам дека од сите метрополи Барселона е последниот град кој би го нападнале па затоа и решив да одам. ☺
Nie razgovaravme so decko mi za vo Krusevo ama so ogled na toa deka sostojbata so zdravjeto mi e seuste krevka a vo Krusevo e ladnicko, najvrojatno kje si bideme doma so uste nekoj par. Ni dvajcata ne sme ljubiteli na diskoteki i kafani pa doma kje sme sigurno. E sega dali jas tamu ili toj tuka doprvo kje se dogovorime.
Не сметам дека мора некаде да се оди и нешто да се прави за нова година. На секој човек му е нова година секогаш кога достигне и постигне некој сопствен успех во животот. Убаво е да се прослави, но кога немаш опции можеш и да екивираш односно да го поминеш така како што во моментот ти налагаат условите.
Како и секоја година,дома со друштво. Најопуштено ни е на сите, а по ресторани и слични места не сакам да одам бидејќи не ми одговара гужва и музика каква што пуштаат по такви места.
Лично јас мразам надвор за нова година исто како на свадба да си али оваа година изгледа во кафич како обично излегување за викенд.
Рано е уште, но со дечко ми имаме планови да одиме некаде надвор од нашиот град но доколку тие планови не се остварат најверојатно ќе бидеме дома.
Незнам точно каде местото ми е најмалку битно,едвај чекам со клоца да ја испратам 15кава! Проклета ми беше едвај ја сварив,еден куп од лугето што ги сакам ми ги зеде,некои засекогаш,други заминаа од државава...Една работа ме израдува сеа на крајот,2016 ке си летнам и јас,за жал далеку од домот но блиску до оној кој го сакам Како и да е,во 00:00 со два слоја црвен кармин и чаша темјаника ке си наздравам за убави и успешни нови почетоци!