Рано е уште, мои другари ќе организираат во еден скопски ресторан со сите нишани, ќе ви пишам детали чим излезе понудата.
Некаде надвор од Мк, че е оваа година, само не знам каде.. Некој бил во Бугарија? Да каже искуства и сл.?
Падна и одлука за нова година синојка. Во викендичка во Маврово со кумови. Мислам една од најубавите ќе биде оваа. Баш ко што сакавме, поред камин, фамилијарно, плус со ептен блиски и драги луѓе
Сакам дома, сами... Јас, ММ и малата... бебушката сеуште нема да биде родена во тој период, мислам... ама ќе клоцка во мешето и ќе потсетува ,,и јас сум тука,, Новогодишна атмосфера, елката, дедомразовци, украси, светилки... детето мое пресреќно! Сакам да ја наполнам трпезата со омилените јадења, за кејф на сите, ете нема да ми биде тешко да спремам цел ден за вечер да видам задоволни две фацки, на ММ и на ќерчето мое! Ова вака моментално си го замислив и посакав, ама сеуште не сме се договориле со ММ, додуша секогаш сме во 5 до 12 така да рано ни е за планови!
Имаме желба оваа година да ја дочекаме во Маврово. Не знам агенциите дали нудат понуди и во рамките на државата, но јас не успеав да најдам. Ако некој има било какви информации или искуства ве замолувам да споделите.
Дома, во хоризонтала вероватно. Оваа нова година, со старосвашините сме со бебиња па вероватно ќе испозаспиеме, иначе традиција ни е секоја година, па на шала почнавме во вц пред огледало да се сликаме само сега веќе нема да не собира во кадар.