Оваа година никаде. Живи испоразболени ќе се опоравуваме и ќе си седиме дома туто комплето. Малото сабајлето ќе го израдуваме прва година со многу поклони од "Дедо Мраз"
Ако некој сака да слави во кафич во центар на Скопје со одлична понуда со која ќе имате одличен провод нека ми се обрати во инбокс. Побрзајте со одлуки бидејќи остануваат уште малку места. Ве очекувам.
И јас сакам дома - најубаво ми е, ама секоја година со дечко ми викаме демек ајде нема да шетаме по гужви за Нова година, ќе одиме др пат некаде на страна и на крај одиме само на одмор и ништо повеќе Затоа сакам сега некаде во Македонија.
Јас исто како лани Низ градов почнаа да ги објавуваат понудите за дочек, јас му викам на мојов - ќе купам кило кифли, 2кг ребра ќе испечам, некоја крем салата, ти ќе најдеш некој филм што не е научна фантастика и ќе се одмориме малку Тој ми вика - а да го викнам тој овој оној.. Ааа Алек, ако ги викнеш тогаш сами спремајте си и сами да исчистите. Јас слугинка не сум и нема да бидам
Како поминавте? Ние оваа година сме во Софија - хотел Феста Софија 4 . Ама за дочекот незнаеме како ќе биде и каде. Има во хотелот ресторан организирано дочек ама се доплаќа 65 евра. Дали има други што имале дочек на новата во Софија?
Во Феста ние бевме пред 3год за н.год. Знам дека е одамна ама за 65 евра не вреди. Тогаш мислам поевтино беше ама не памтам точно. Сите се жалеа дека за тие пари дома ќе си седеле, во некоја скопска кафана. Пола од тие од турата отидоа во некоја меана, мислам 80лева т.е 40 евра платија ама толку беа задоволни, што знам дека едните и следната година отидоа пак. Би ти препорачала да прочепкаш на нет и да видиш кои што нудат. Патем, за следен пат знам дека Феста како хотел нема да го изберам ама за дочекот е сосема ОК со цена
Сами да се организирате низ Софија е многу поефтино. Пред две год тлку плативме за двајца во позната дискотека во Софија на Витошка . МОже и помалку да беше. Јадење немаше ама пијачки колку сакаш.
Отвори на фб ќе најдеш ресторанти или дискотеки , што и да бараш. Секаде има контакти, пиши им , ќе добиеш информации и можеш да резервираш. За 120лева по човек како Бог треба да те служат . Агенцијата гарант фин профит става..
Зошто ? лош ли е хотелот? пошто имавме да бираме помеѓу феста 4 и акорд со 3 ѕвезди. еве барам понуди ама некако сегде многу скапо ми се гледа. од 90 лева па нагоре се цените.