Нова Година и каде ќе славите најверојатно дома или со моите тетки уморна сум од дискотеки гужви спремања како за на свадба трчање купување гардероба сакам една поинаква нова година мирна и спокојна да имам за прв пат а кој знае можеби едно одење до турција ќе биде многу ефтино не е важно сакам само да сум спокојна и убаво да се чуствувам
Нова Година и каде ќе славите Ние се кадисуваме да уплатиме негде, ама поим немаме каде. Се си мислам на крај ќе испадне во домашна атмосвера(уф звучам ко мајка ми )
Нова Година и каде ќе славите Луѓето кои ми значат, домашна опуштена атмосфера, музиче по мој избор, моите омилени јадења... најдобар дочек на Нова Година.
Нова Година и каде ќе славите се согласувам со тебе . Јас сеуште незнам каде, но сигурно ќе биде на ваков начин ко кај Victorya
Нова Година и каде ќе славите дали бил некој од вас во Маврово за нова година колку се цените за особа по вечер, или пак куќа да се изнајми цела колку е??? ај ве молам кажете ми ако некој знае
Нова Година и каде ќе славите И мене ме интересираше па пребарав нешто А за куќа незнам, треба да се распрашаме. МАВРОВО Хотел БИСТРА **** http://www.bistra.com Цена за еднокреветна соба со појадок од 30еур. Цена за двокреветна соба со појадок од 50еур. Хотел АЛПИНА**** http://www.hotelalpinamavrovo.com Цена за еднокреветна соба со појадок од 33еур. Цена за двокреветна соба со појадок од 46еур. Хотел СРНА *** http://www.hotelsrnamavrovo.com Цена за еднокреветна соба со појадок од 22еур. Цена за двокреветна соба со појадок од 44еур. *Во цената е вклучена локалната туристичка такса. *Цените се изразени во евра, уплатата е во денари по дневен курс на банките. Дочек на нова година и Божик 2011 Во Хотел Макпетрол Маврово Тридневен аранжман по особа 1/2 соба( 31.12 - 02.01.2011 ) * 9.240 мкд Шестдневен аранжман по особа во 1/2 соба( 31.12 – 05.01.2011 ) * 14.200 мкд Осмодневен аранжман по особа во 1/2 соба( 31.12 – 07.01.2011 ) * 18.540 мкд Десетдневен аранжман по особа во 1/2 соба( 31.12 – 09.01.2011 ) * 22.880 мкд
Нова Година и каде ќе славите фАЛИ ТИ МНОГУ ЗА ИНФОРМАЦИЈАТА, ама ова некако скапо ми е, за 7000 денари има 3 дена во истамбул ај ако дознаам нето за куќа ќе те информирам
Нова Година и каде ќе славите И мене ме интересира за Маврово ама стварно скапо бе... Јас разгледав на пазар 3 и исто за куќи/вили што се изнајмуват се е над 100 евра ама добро ако се поише души се исплати.... А ова за хотеливе по особа е или
Сеуште немам никаков план. Ако јас се прашувам би го славела во домашна атмосфера т.е би го собрала друштвото дома... Но поради желбите на повеќето од друштвото најверојатно ќе ја дочекам во кафич.
паа моментално со другарите некаде многу убави места има сигурно во некој кафич или кај некој од другарките дома.. има време за мислејне уште 1-2 недели
Нова Година и каде ќе славите обоожаваам новааа годинааа многу романтична па со срцката киссчинја сигурно во кафич или кај другарка ми дома.. има време за размислуванје
Нова Година и каде ќе славите ТОП 5 градови со најубава божиќна атмосфера http://www.crnobelo.com/zivot/patuvanje ... -atmosfera 5. Неапол 4. Франкфурт 3. Будимпешта 2. Виена 1. Штутгарт
Нова Година и каде ќе славите Од другарките знам дека е поевтино да си изнајмиш куќа. Веќе 2-3 години по ред одат, во изнајмена куќа, со другото сами се снабдуваат и не им испаѓа воопшто скапо. Да речеме , од прилика, за ноќевање од човек им зима по 500- 600 денари. Ама треба многу однапред да се резервира.
Јас несакам да сум во некој кафич или дискотека дали може некој да ми каже колку пари бил дочекот лани во Маврово и како си поминале??
Мене ми е смачено од дискотеки, кафичи и кафани... Баша и со цените претеруваат, не ми се даваат 2000 денари за една вечер, неограничено јадење и пиење, незнам што... Ниту јадам многу, ниту пијам алкохол.. Така да годинава сакам со друштво да си се обереме некаде неколку души, и да си направиме една мала прослава само а нас... Се надевам дека ке ми се исполни желбата
Навистина ако може некој да пише колку е во Маврово да се изнајми куќа а колку во Крушево??? Преку глава ми е и годинава да се замарам со глупоста Нова година не ми е јасно како можеме ваков народ да бидеме од толку прекрасна идеја и традиција се се сведува на кој што носел, колку испил и со кого се смувал. Затоа што подалеку од Скопје тоа подобро
Нова Година и каде ќе славите Па, најверојатно кај некој другар/ка со друштвото од одделение. Не се сомневам дека наајсупер ќе си поминеме. А може ќе има и нешто за пиење ама ќе видиме, според можностите. Али битно ќе има топ забава и со добро друштво секад има добар провод.
Нова Година и каде ќе славите Во кафиќ со дечко ми, и моите другарки... Најблиските Не е важно каде си, важно е со кого си