Добар си е хотелот, ама е 8км од центарот, да сакаш да се прошеташ низ Витоша да седнеш некаде или било што, далеку е. Манастирски ливади ми се чини се викаше областа, ние отидовме до Парадајз трговскиот, најблизу ни беше тој, а да е отворен и да има се и сешто тие денови. Пешки 3км. Ама сакавме и мал шопинг да направиме.. Уствари Булгариа мол ти е најблизу (800-1000метри) ама тогаш не знам зошто не отидовме, веројатно поради раб.време.. За дочек на нет ќе најдеш 1000 опции.
Убаво да си поминете Колку ви излезе за двајцата со одбивање на превоз ако не е тајна? Гледам на букинг е 128 евра за двајца, ама подобра опција е хотел рила, тој е 100. Го реновираа лани, убав е сега а е ептен близу до центар. И ние немаме решено, затоа прашувам. Прво муабетот беше дома да седиме, со друштво или сами сеедно.. па бидејќи сме од Берово, се спомна опцијата да се оди до Софија, затоа што е поблизу него ли Скопје Па уште 10 други опции Банско нешто си кренале ептен цени на пример.. И така..
Мислам дека 1500 ни одбија ама не сум сигурна . ќе ти пишам вечер точна сума за се колку плативме. Ајде па извести ме што сте одлучиле, а барам понуди има ама се по 3000/4000 од човек
Трета година по ред како ќе славиме дома. Некако според мое досегашно искуство во кафани и дискотеки секогаш било поубаво на други датуми него за нова година. Многу исфорсирано е се, кичерај, сарма фризури, локни, шминка, па пијанчење мислиш ко само еднаш да излегуваат во годината, а и Божиќ ми е многу побитен.
Препреубаво ... дури сакав годинава пак да одам ама се предомислив. годинава ке одам онака на викендот пред нова година . Минатата во дискотека Јалта многу убаво си поминав, годинава таму уште појака забава ке има ако слушаш таква музика. За млади дефинифтивно е Софија супер, ефтино, слободно забавно а и блиску. Во дискотекава не знам колку беше карта, не беше ефтина ама си вредеше за забавата.
Незнам каде и ниту размислувам. Само знам со кој. И мислам дека не е ни битно. Другото е за фалби на инста и фб. А да, ми беше битно едно време, кога имав 16 год.
Jas vo najubaviot grad na balkanot Skopje Sekoga godina odev na patuvanje za Nova godina ama ovoj pat Skopje me iznenadi so novogodishnata atmosfera na ploshtad i kje odam tamu .. I Parni Valjak kje bide hehe