Јас не верувам на "неограничено" пиење. Секогаш се случувало на пола вечер да снема од досегашно искуство. 2800 никогаш не сум платил, ама за 1500 сме го добивале истото од сликата на девојкава, што и во двата случаи е лошо. За 50 евра во друг град ќе отидеш ако уплатиш со време. Затоа веќе не ни славам нова година подалеку од дома.
Реално со тие 2800 ќе си направиш дома руска, кифли ќе купиш, пиење, мезе и тоа за двајца, па и за повеќе ќе има. И додаток на ова - ако си во домашна атмосфера, можеш комотно и во тренерки да седиш.
Чисто за споредба, јас и дечко дечко ми, во Атина, за дочекот на нова година во ресторан потрошивме вкупно 70 евра за нас двајца (со се јадење, пиење и бакшиш). Ќе потрошевме и помалку, ама тој јадеше дивеч, јас зајачко, плус земавме авокадо салата, и ладен ордевер на кој не беше главна ѕвезда свинскиот врат туку roast beef, домашен и феноменален. Скоро пола од сметката ни беше алкохол, оти во ред е нешто убаво да се напиеш. Услугата беше феноменална и пребрза, храната беше најубавата што сум ја јадела било каде. Ордеверот го оставивме за мезе од кога завршивме со вечерата, ама на крај пак не го дојадовме. Десерт не нарачавме оти не можевме ни да дишеме веќе, ама сеедно, добивме мал десерт гратис кој го дава куќата на секој гост. Јас сум по благото, ама не се сеќавам дали го изедов мојот. Дечко ми само го проба неговиот. Атина е генерално поскапа од Скопје, ама за нова година цените беа исти како и претходните денови. Немаше магично покачувања.
И во Солун го имаат тоа како правило во големите ресторани. Десертот е симболичен и од куќата. Ако е лето обавезно е некој нивен сладолед.
Јас не би дала 2800 за никаде. Барем во Македонија. За нова 2018 со дм и друштво бевме Салида, Прилеп. Картата беше 1700. Јадење ограничено ама имаше многу и преубаво беше. Салати, поховано, месо, десерти, апетисани. Пиење неограничено. Живата музика екстра беше, пееја секакви песни за сечиј вкус. Мислам дека цел ресторан бевме на нозе и се изнаигравме. Преубаво сме поминале и не зажалив воопшто за парите. За оваа година немавме можност да одиме пак таму, ама ако испадни за другата година без размислување пак би пошла ако е истото.
Прво и основно да ти кажам имам идено во Дион многу пати на журка и сум си поминувала преубаво.Претходните неколку години бевме во по опуштена атмосфера за Нова година и затоа оваа година сакав да биде по различно.А кажав дека у дион имав идено на журки и ми е било преубаво и тоа што го видов на сликата што има наведено за јадење и пиење мене ми беше ок.Али поентата е што намаше ни на пола од тоа што беше наведено.Јас сакав да го добијам тоа што го имаше вклучено за таа цена. Ама пошто не го добив сакав да споделам искуство. А ти не си тој што треба да ми кажеш колку треба да дадам за НГ Пак ќе напомнам јас само сакав да го добијам тоа што беше наведено дека ќе има а да знаев дека е така сигурно дека немаше да дадам толку пари за ова.
Скоро секаде е така за НГ. Следен пат бирајте локал каде се плаќа колку што јадеш. Со тие пари има 10 души да поминете.
За следен пат знам веќе. Ама оваа година се зафркнавме.И мани шо ни јадење ни пиење беше тоа шо треба па и Жаре во 11 ипол му текна да го земе микрофонот
Jeз да нема некој голем музички асортиман во Мк за новогодишната ноќ, особено во Скопје. Ама баш Жаре Бербер? Зошто?
Затоа во 11ипол почнал Да сум газда на локал нема ни да му го дадам хонорарот.. Ние бевме 7 души и мислам дека плативме 6200 ... се најадовме како луѓе, не се изнаскокавме баш ама тоа е.. Колку за споредба имаше 23 пива и тоа само едно лице пиеше пиво.. ние другите 3 шишиња вино делевме, имаше сокови, џин тоник неколку, негазирани води и 3 палачинки.. Ама тоа е во мое село...
А мислиш газдата не праел барабар со него Ние бевме 2 и пол луѓе и поминвме со 3000 ден а на маса уше млеко од пиле фалеше Нормално. . Дома
Де бре не е човек да каже лошо искуство одма мрчење!!! Па ете превзема нешто девојката си кажа за друг да не се заебе, да не требало да си ја уништи цела вечер со расправање и менаџери? Одма драматизирање божем ако знаела што ја чека ќе одела!
@BarbaraMorii Јас пред 4 години платив 1500 денари во ресторан на Кале. Имавме вклучено предјадење,главно јадење плус десерт и неограничено пиење. Башка имавме жива музика. Навистина убаво. Пред 2 год платив 700 ден во дискотека и го добив ова на твојата слика што го има плус кифлички. За пијачка доплаќав. Муабетот ми е да им удриш јака антиреклама, сепак си добила нешто што не вреди 2800 денари.
Да така е..Мислиме дека оние ресторани што се по прочуени е секогаш добро ама не е така...Некогаш таму каде што по малку ќе платиш ќе добиеш ем повеќе ем поубаво ќе си поминеш... Инаку ја искрено поише пати имам идено у дион и реално секогаш и храната ми се свиѓала и на журки иам идено и топ сум си поминувала...И затоа мислев и за Нг ќе биде така...Ама се разочарав,памет за наредната година ....И тоа ми е и мене поентата со тоа шо споделив овде и на други места.. И да не се заебе и некој друг како нас.
И јас имам идено во Дион и јадено, задоволна сум од храната. Навистина, изненадувачки од нив. Ваква бламажа прочуен ресторан не смее да си дозволи. На крај краева кај сакаш ќе одиш макар и на исто место и тоа никој не може да го оспори.
Дома оваа година и следната пак така. Јади колку сакаш, заспиј кога сакаш и пушти си музика каква сакаш