Мој човек. Најдобро ни било сами. Комплетна слобода. А со други треба да се стегаш цело време. Така беше и оваа година, а така ќе биде и наредната. Ако сакам ќе се испружам на кревет, ќе јадам/пијам колку сакам, ќе слушам што сакам, ќе спремам за јадење што сакам,.....Никогаш не би дала пари за во кафана.
Сите имаме и убави и не многу убави искуства за дочек на Нова година. Но јас не ги разбирам оние кои таа вечер пијат како да им е последна во животот и јадат како да ќе нема утреден. Луда ноќ е навистина испливува на површина лудило до бесвест
Како да ви кажам без да ве навредам, има луѓе кои поминале повеќе од вас, биле и виделе повеќе места и ситуации, во случајов @DAngel . Не знам што толку припаднавте за Дион, препич место е, ни е од елита нема. Еве, да сте биле на страна негде, ке ви беше јасно дека она што го нуди тој локал не е ни приближно до она што го нудат локалите надвор од државава во кои би платиле иста сума за вечера. И не се правете дека не разбирате, мене некој да ме напраи будала за 50 еури, не само што ке се бунам, ами сите мерки ке ги превземам сите да дознаат што било понудено а што сум добила и на крај, моја нога таму веќе нема да стапне. Ама, вие, како сакате.
Дома си е дома Кога би давала пари за Нова година би дала за некое патување да видам и да доживеам нешто ново
Тоа за наредната така? Ти некое новогодишно дете ќе да си, уште јануари не поминал ти планови за новата правиш
Се надевам со тие 2800 доаѓа и добар дечак за лапање(во твојот случај се разбира, no homo), кога веќе нема ништо за јадење и пиење барем да има за лапање.
Дабе имаше ама бараа некој/а од оние шо сакат за нг дечко да фатат или со наполнети гаќи да си отидат.Ние шо нејќевме па за 2800 ете само тоа го добивме
Ништо тогаш, здравје боже догодина во станче општено со близок круг на пријатели и пријателки најдобра и најефтина опција според мене.
Дали некаде има понуди за Нова Година веќе по кафичиве у Ск за 800-1000денари влезница? Не ми излегло нишо по фб, а барам нешо такво, лани знам имаше веќе овој период.
Сеуште не сме се одлучиле, ама се надевам дека негде надвор од земјава. Кај нас веќе не осеќам никаква новогодишна атмосфера. Претпоставувам и лани сте биле, дали сте задоволни? Дали е украсено, има атмосфера? И јасгледав некои понуди за Будва па може за таму да одлучиме.
Најверојатно дома. Ќе зготвам за една војска, ќе сервирам, ќе се замотам во тоа ќебенцето со ѕвездите и ќе спукам пола од јадењето па ќе заспијам.. Одамна ми е јасно дека не вреди парите да ги фрлам за дочек на нова година во странство, кога за истите пари ќе одам дупло подолго во нормален период И секаде е исто..огномети, куќички, дедомразовци, божиќни базари.. Само може на снегот некаде да се оптегнам пак и да докршам уште 3-4 пршлени
Дома, неколку дена пред нова година ќе се врати мажле од странство,така да само сакам да се гушкаме тројцата на топличко
Изгледа дома годинава. Со неколку мили луѓе (или сепак само со една личност, ќе видиме). Нормално со многу добра храна, и сосема малку алкохол зашто не трпам во голема количина. И веројатно ќе си легнам накај 12 и пол, како и секоја обична вечер.