Феминки ај ве молам предложете некој локал за дневна забава за нова година во Скопје. Ќе идеме друштвото на Дино Мерлин на плоштад но пред тоа сакаме кафич денска забава а баш не сме запознаени со локалите низ Скопје. Може и во инбокс. Ви благодарам
На 31ви работам како и повеќето, јас не знам како народов ќе оди на денски журки, алал да ви е, до 16 ч сум на работа. Најверојатно ќе се оди на плоштад.
Толку ми се оди на Дино Мерлин, ама толкава гужва ќе биде, што најверојатно дома в топло, со пица најверојатно.
Дечки ај некој ако знае некоја добра понуда за хотел со СПА низ Македонија за нова година нека предложи.
Денски можда ќе прошетам некаде. Вечерта дома ќе бидам. И искрено воопшто не ми пречи. Не сакам да бидам излезена некаде колку да се каже дека со друштво сум славела а јас целата ноќ да ја поминам во одбројување секунди до моментот кога ќе си одам дома. Ќе се дружам дома со родителите, миленичињата, многу вкусна храна и маратон со серии/филмови.