Па изгледа како станувам повозрасна ми паѓа новогодишната еуфорија. Сеедно ми е. Не ми е доживљај да бидам во некој клуб или кафич.А тоа што сум сама, ме боли.
На викендица со друштво. Да не ме викнеа ќе останев дома, некако не сум празнично расположена годинава.
Дома. Порано одев по ресторани, и кога ќе размислам добар дел од платата го фрлав за ресторан, средување за таа вечер за само неколку часа забава, односно од 22.30 до полноќ, и после честитање, и времето лета, а сум човек кој повеќе од еден сок не може да испие, алкохол не ни пијам. Џабе фрлени пари. Дома ќе си бидам, и не жалам.