Нова Година и каде ќе славите Има ли некој одено во хотел Бисер во Струга и како е таму? Имаат понуда 4 дена ( 31.12 - 03.01 ) за 100 евра од лице, со појадок и вечера. http://www.hotelbiser.com.mk/
Нова Година и каде ќе славите вери и јас сега гледам ама ме бендиса ...и се гледа дека хотелот е спремен
Нова Година и каде ќе славите Не сум престојувала во хотелов, ама сум влегла внатре и супер е, а од надвор е нешто посебно со поглед кон езерото. Мислам едно време дека дискотеката во хотелот беше избрана за најдобра на Балканов.
Нова Година и каде ќе славите За дочек на Новогодина во дискотеката на хотелот, се доплаќа плус 20 евра ( тоа е факултативно, кој сака ). Јас мислам дека не е скапо 100 евра за 4 дена, добра е понудата. А знаете ли некои вили во Крушево или Кожув?
Нова Година и каде ќе славите Добра е понудата плус Струга е убав град, а дискотеката...истересна е стварно нешто како во карпа е. Ако веќе идеш, би ти препорачала да славиш во дискотеката, пошо нема многу избор низ Струга.
Нова Година и каде ќе славите Нема базен. Еве ја страната има слики и од собите, дискотеката, разгледај си http://www.hotelbiser.com.mk/
Нова Година и каде ќе славите па ние планираме настрана некаде може во крушево или маврово има време уште 2-3 недели за мислење
2-3 недели пред нова година: Каде за нова година,со кој за нова година,во што ќе бидеш облечена за нова година,со дечко ти заедно ќе бидете..... 2-3 недели по нова година: Како си поминавте за дочекот на нова година,кај бевте,со кого бевте..... На човек да му прсне жолчката,како другите денови да не се битни,не ми е јасно зошто толку големо значење на овој ден.Празнична еуфорија,абе ајде како да нема за друго што да се зборува,уште сега почнаа да ме дават со овие прашања.Инаку не придавам ама баш никакво значење на ново година и најверојатно ќе ја дочека со дечко ми и друштвото така собрани на некое помирно место,домашна атмосфера.
сеуште се немам одлучено, но сепак најмило би ми било дома...овие неколку години што ја чекав надвор мислам дека ми беа доволни за цел живот... па сакам да си уживам гледајќи го огнот во каминот и новогодишните украси, а не нечии повраќаници, сакам да е ден што ќе го паметам по нешто добро и што нема да го паметам само јас целосно, туку и сите околу мене, сакам да си уживам во насмевки и пријатни разговори во топла домашна атмосфера а не во глупирање
нова година би славела или во некој навистина убав ресторан каде што сигурно нема да се случи да снема пиење уште во 12ипол или дома собрани или на страна.ако не ми искочи ниедно од овие,ќе си седам дома сама под ќебе!
Нова Година и каде ќе славите Дома. И секоја Нова Година ми поминува како и секој останат дел од неделата. Немам некое посебно расположение. Можеби ако се предомислам ќе одам во село со моите каде ќе бидат и други роднини, но сите ќе бидат пијани и не ми одговара тоа друштво. Најубаво си е дома, под ќебе со благичко и музика до тебе.
Нова Година и каде ќе славите Има интересни понуди за во странство, баш ги разгледувавме со дечко ми и размислуваме да одиме некаде. Цените се движат околу стотина евра, што и не е така скапо за дочек на новата година во Париз. Ама полагањава не кочат, така што има време убаво да размислиме и да се искоординираме.
Нова Година и каде ќе славите Помина времето кога 2 месеци однапред главата си ја чукав што ќе носам за Нова Година,па во кој град да отидам да си купам фустан и слично.Сега одвај чекам да помине искрено.Безпотребно трошење на пари,за фустан кој може ќе го носам само таа вечер,а после ќе ми дреми во плакар и за неколку саати во ресторан,накинџурена и дел од еден голем циркус,кој секако според мене е безвреден.Единствено ми се трошат пари за дочек во странство,на некој плоштад или слично,ама тешко дека ќе се организираме...ако не во домашна атмосфера,опуштенција и чао,пријатно!Многу понестрпливо го чекам Божиќ отколку новогодишната вечер,која ако се прашувам јас не мора ни да доаѓа
Оваа Нова Година се одлучивме да ја прославиме кај една другарка, а ќе бидеме околу 5-6 другарки. Прва година сме и се договаравме нешто да бидеме заедно со другарите од основното али поради многу недоразбирања и нивно недолично однесување, сакат здраво на готово, ја донесовме оваа одлука. И мислам дека е и најпаметно, домашна новогодишна опуштена атмосфера, со неколкуте најблиски личности, журкање колку ти душа сака и секако дочекување на 2011, која се надевам ќе биде далеку подобра од 2010
Преспиј ја Новогодишната ноќ Ништо ново околу Нова година. Ќе ја имате истата пијана насмевка, ќе ги јадете истите сендвичи и голтате истото шампањско. На ТВ екраните истата... ...програма, а детето од комшии ќе ги фрла истите петарди. На 1-ви јанури повторно ќе се прашувате зошто славите Нова година. Затоа – на спиење! Зошто? 1. Ќе биде иста како и старата година. Еднакво подобра и еднакво полоша. Зошто толку галама, огномети, одбројување на секундите? 2. Не морате да носите никакви одлуки. Во екот на забавата се чувствувате подготвени да го промените светот и околните планети, да го исчистите снегот пред маалскиот драгстор каде секојдневно се лизгате и паѓате и конечно да се откажете од цигарите. Но, да, ќе дојде кобниот 3-ти јануари и ќе сфатите дека ништо не се променило па зошто би се менувале вие? 3. Зачувајте се од ТВ радијацијата. Зарем не ви е доволно 365 дена секојдневни вести, серии, новости, драми? ТВ- програмата би требало да доаѓа со предупредување дека е опасна за конзумирање во новогодишната ноќ бидејќи тогаш зрачи со посебно театрални глупости, во главно снимки од пред 1 недела каде одбројуваат, се радуваат и глупираат. 4. Одложете ја цирозата на црниот дроб. Спиењето ќе ве спаси од нејасните навики да го промените бројот на календарот со неколку литри алкохол. Ако веќе морате да пиете направете го тоа на пример на 4-ти јануари. Зошто? Нуди гарантирано подобар провод. 5. Ќе имате повеќе пари следниот ден. На место парите плеснати за 5-6 часа викање, пиење, урлање и потоа комирање за наредните 5 дена, ако си преспиете ќе се разбудите далеку побогати и поспосбни. Подобро не може. 6. Среќна нова и честитаме – станавте татко/мајка! Да, да, да во оваа ноќ се зачнати многу деца. Затоа, зачувајте си го либидото за себе и својот кревет. 7. Ќе бидете поубави на 1-ви јануари. Очекувате новата година да ви даде успех, среќа, остварени желби, а првото што вие и го сервирате е вашата згужвана, и отечена фаца. Не е фер. Отспијте здрави 8 часа и докажете дека новата година не мора да започне така грдо. 8. Ќе дојде и без да ја чекате. Поштарот можеби ѕвони два пати, но календарските промени доаѓаат без да чукнат. Зошто ви се светликави тоалети, сакоа, чевли кои никогаш нема да ги облечете повторно? 9. Опуштете се, другите се забавуваат и во ваше име. Место да се мачите, да тропите пари и да губите време, знаете дека сите кои ќе се сетат на вас ќе ви се јават и ќе ви пратат порака па ќе ви ја доловат целата атмосфера. 10. Ќе дојде пак. Ако сметате дека минатата година не сте направиле важни работи – не се секирајте, имате нови 365 дена! НАЈПАМЕТНО!!!
Хммм...не ми се допаѓа оваа негативна статија на TheCandy880 ...Имам сосема спротивно мислење дека не треба да се преспие Новата Година, едноставно е...Денешното темпо на живот е динамично и брзо, мора да наоѓаме причини да бидеме позитивни и расположени и да го искористиме секој момент со луѓето што ги сакаме...бидејќи животот е краток никој не знае што не чека утре па камоли за наредните 365 дена. Убаво е кога има повод за нешто убаво за нешто што ќе направи да се почувствуваме дека вреди секој напор што го вложуваме преку целата година...затоа луѓе славете забавувајте се ширете насмевки и убави желби за Новата година (не претерувајте со пиење)