Колку само се замарав по ова прашање до лани. Оваа година, за некое чудо, баш сакам да си седам дома, со моите, и да си поминам обична ноќ, да глеаме по ТВ кој што ќе пушта од телевизииве, некое филмче, кул вечеричка и зезање со кучето. Мислам дека така и ќе биде, освен ако не ми испадне ептен некој план на ден-два пред дочекот.
Дома. Може да ги викнеме родителите и тоа е тоа. Како и последните 3 години, немам ни воља за славење некаде надвор, а иако не сум ги разгледала понудите, сигурна сум дека ќе биде доста скапо. Во оваа криза, не ми се фрлаат пари туку така.
Здраво на сите, ме интересира дали сеуште има некаде слободно место за Нова Година пример некоја викендица или куќа по Берово, Маврово така некаде на планински места, Фала ви
Ако порано ми беше тешко што морам дома да седам само заради тоа што немам пари, сега со задоволство дома седам, и имам пари. Дома ќе славам, спиејќи, се додека децата не пораснат и не дознаат дека нова година се слави во 00:00 па да посакаат.