И јас тоа планирам да правам. Плус кифлички и нешто благо. А може и торта ќе купам. Маж ми сакал скара да прави.
Абе три фамилии ќе бидеме, сите по нешто спремано, касни едно, касни друго, и на крај турли тава со јадењава, ко бакон ќе се подувам . Не знам благце што да биде, може тортиче пудинг и бисквити, ем лесно и брзо а вкусно. Ако имате предлог нешто така лесно за правење кажете.
Таратур салата... Наједноставна за правење и најевтина. Јас и за гости таа почнав да ја правам. А за благо... Ќе свариш маргарин, чоколадо за готвење, јајца и шеќер. И кога смесата ќе згусне ќе додадеш кршени бисквити. Мешаш, ставаш во калап и се лади во фрижидер. А за скарата... Месото одма се јаде. По две парчиња за сите. Доста е.
Не сме по благото ние хаха, џабе ќе правам, ќе купам колку да има. Шишарки можеш, касато торта е без печење лесна, бомбици. Од солено крем салата со урда, и крем салата со макарони, руска одамна не прaвам, тешко ми е од мајонезот, овие со павлака сочни се.
Па секако едно од благиве погоре ќе биде, најлесни и за правење и јадење се. А и си ги сакам јас. Доста ми е едно мене, утрето ден сме по ручеци, башка на 20 ти здравје слава, па тогаш ќе се прави повеќе. Салатка макарони ми се јаде ја решив, оваа со павлака салама и краставички почесто ја правам, сега ќе ја скокнам. Руската ми е тешка. Деновиве кифлички може некоја тава и тоа ќе е.
Го сакам утрото после новата година, движам високо гледајќи го градот кој спие од умор, удавен во смог, а сонце златно ме чека таму на врвот, традиционално веќе стана, во душава убавина која се повторува..
Јас една доза направив кифлички, со урда е убава салата со пропржен сусам, краставички, павлака, ставав и салама сега не, поубава ми е без.
Во Стумица на улица Шала на стана, знае некој дали ќе има нешто на плоштад во Струмица, или научна фантастика е тоа?
Дома со убава храна , сакани луѓе нема поубаво. Веќе уназад 3 години сум дома и некако се привикнав , нова година не ми значи ништо освен што се менува бројката на годината и се јаде и пие повеќе. Си имаме убави празници што следат и треба да се прослават убаво , нова година ко нова година се претерува со пиење и славење ко божем не знам што дочекуваме.
Црна Гора со прошетка и до Дубровник. Се погоди сопругот да е слободен некој ден, па да се искористи. Лани беше на работа за НГ, па јас дома сама си бев со малото и во 22.30ч веќе бев во кревет. Иако, години наназад некако ја нема таа еуфорија за НГ како порано, ден ко секој друг ден.
Еј фала ти за идејава, скрос заборавив дека постои таа со макароните. Планирав Руска да направам ама сега дефинитивно со макарони ќе правам.