vikendicite se dvizat od 250- 300 evra, apartmanite od 50-60 evra( za 4ca od vecer), i 15 evra od krevet... mnogu si gi dignale akciite ovaa godina i sto e najtragicnooto se e puno.. pozz [mod-kirilica:1fhfrgti][/mod-kirilica:1fhfrgti]
Па некако ми мириса дека ќе идеме во малта.....а може и во големта...соба, не се знае како и да е, дома не ни бега, романтична атмосфера, јадење, пиење, тв, музиче, галење, мазење ќе си ја почнеме годината опуштено и заљубено
Јас оваа година идам за Прага, па ќе ја дочекам Новата Година на некој од плоштадите, со огномети и винце
Јас пред неколку години бев во Прага за Нова Година. Многу е убаво, накитено, празнично. Новата Година ја дочекав на плоштад, во еден бар, а следниот ден бевме во прашка пивница, што да ти кажувам , кабаре стил, домашно пиво...прекрасно искуство Малку беше заморно затоа што ден пред Нова Година бевме во Карлштајн, а на 1ви Јануар требаше да станеме рано за да одиме во Карлови Вари. Такви се турите набиени , ама пак би одела. Убаво да си поминеш и земи си потопла облека, ладничко е таму
оваа година ќе одиме со дечко ми и уште три пара во крушево во викендица изнајмивме за цел викенд 8000 денари, многу евтино ни испадна така да јадење пиење ќе се собереме дополнително уште по некој денар и супер викенд, без замарања по кафани и дискотеки
Домааа......се би дала да останам сама кога веќе не сум со друштвото со кое сакам да бидам но за жал дома ке биде сестра ми со нејзиното друштво така да ке пробам да се изолирам од нивните "глупости" и ќе пробам да ја избегнам улогата на "полицаец" таа вечер....
Домашна атмосфера, најблиските другарки Веќе си имаме спремна агенда што и како ќе се случува. Си симнавме матрици од интернет, ќе си купиме микрофон и ќе си правиме караоке Јадеш колку сакаш, што сакаш, си се раскомотуваш, музиката е по твој избор........мислам дека и нема потреба од дополнително објаснување Веќе ми е доста од глупостите што се дешаваат по кафичите низ Скопје, кај ги ставија цените астрономски (да испијам или изедам толку колку што ќе платам, ми треба една недела ), па уште во 01.00 ќе ти каже нема веќе за пиење (а за јадење не збориме). Пијани фаци, тепачки околу тебе Подобро ќе си излезам друг ден и ќе си поминам поубаво
Денес падна план за Солун, 4-5 дена одмор, забава и шопинг. Се надевам дека ќе е топло, па едно кафе покрај море да испијам
Дочекот на новата година ќе го поминам во ресторан со друштвото и за прв пат со дечкото Секоја година идеме во ресторан, и секогаш си поминувам најубавооо... *а посебно и се радувам на лотаријата бидејќи по обичај сум среќен добитник хехехех
Јас до лани славев во простор изнајмен. заедно со моите другарки..оваа год сакаме да одиме во дискотека пошто лани многу добра журка имало таму а и не е скапо 1200 ден .. 6-7 најблиски другарки и дечко ми со мене.. (мм) се надевам дека ке биде лудо и незаборавно
Мислевме да одиме во Маврово, да изнајмиме куќа.. Ама кога ни побараа 600 евра за два дена, хехе мало сутра
Оваа година дефинитивно остануваме дома Значи смачено ми е од ресторани кафичи дискотеки приватни журки со повеќе луѓе и тн... САКАМ ДОМА Многу ми недостига домашна атмосфера со мојот сопруг и синчето покрај топло оганче со домашна вкусна приготвена храна дефинитивно со црвено вино ииииииии одмор е тоа ми треба и така ние ќе си ја пречекаме новата година.
Јас планирам Ск оваа година..Ме викаат во BE2 , знае некој каква е таму атмосферата за Нова година Жаре бербер ќе бил со бендот..Се двоумам сеуште дали таму..или во Штип да му ја летнам
Не слушам турбо-фолк, ама сум била еднаш на Жаре Берберот во Гранд и си поминав одлично. Дали дека од самата негова појава ме фаќа смеа, или дека убаво се залеав со винце пред да одиме, а богами и таму, ама целата атмосфера беше весела и баш новогодишна, а не беше Нова година Топло го препорачувам, Нова година не е без доза шабанерија.
Јас дома ваљда, или кај господинот мој. Цело време пекав за дома ама... Пројавив желба за до плоштад да одам да го послушам Петар Грашо ама никој не сака да ме дружи па дури ни телето. А после во Рамстор ке си јадевме и дома. Зимурливи луѓе ме опкружуваат. Е тоа е. Шарлатан е целиот. Домче ке си седиме по се изгледа.А така и најубаво е. Само се надевам сами ке си бидеме. За понатамошни промени ке бидете известени