Вечерта со саканиот и другари негови ако наминат со руска салатичка, мевце, кифлички, филмчиња, концет на Цеца ќе гледаме , ќе пиеме винце па знаете понатаму ... А утредента во кафанааааааааа Наместо да давам околу 2000 во кафана за нова година ќе одам на први каде 100% ќе платам до 500 денари. И така у мојава сиромаштија и штедење пари мора да сум економична
Јас конечно знам каде . Знаев дека ќе е домашна атмосфера, но каде? Еве останувам во мојот град, но со мојата љубов и друштво инаку никој не е од мојов град сите ке дојдат овде, така да 4-5 дена се селам во станот од дечко ми овде
Мислам не е нормално на 5 дена од Нова година сеуште да не знам каде... и почнувам да се нервирам пааа , сакам однапред да си го испланирам времето, и се по ред... Мислам ова веќе е ептен идиотско однесување...уаааа за овогодинашните организатори... слабо,многу слабо
Ќе одиме ваљда до плоштад, па ќе се вратиме домче на топличко, на винце и мезенце и на сексче. Па така да ни тргне годината нели
600ЕВРА?????што куќа ќе е тоа? викендиците маврово отприлика се 100 евра од вечер за Нова Година 1ви и 2ри, а после се поевтини.. свашта
Е секоја година исто прашање "Каде за Нова Година?" Искрено оваа година не сакам да се замарам сакам онака опуштено да биде со дечкото и најблиските другари/другарки па решивме да одиме во Mаврово на неколку дена ке си купиме се од тука од дома ке си земеме руска,кифлички,мевце,за пиење и одиме малце на поопуштена атмосфера да не се замараме кој како бил облечен,каква фризура имал,дали ни се растекла шминката и некои такви слични ситници.
Па мислам веќе е дефинитивно дека ќе славам кај другарка ми само ние две. И онака со класот неможеме да се договориме а се договараат од октомври, аман више! Сега во последната недела им текна да изнајмуваат стан. Е ќе најдат, шипки варени! И така најдобро ни е со другарка ми, домче кај нејзе, опуштена атмосвера, грицки, благце, може и тост и пицичка, ќе донесам јас комедии и интересни филмчиња и она исто ќе симне некој. Ќе се смееме, ќе јадеме, потоа неизбежниот дел - ќе се сликаме и така. Си уживам во нејзино друштво. Е сега само уште кои филмови да ги земам.. Предлог некој?
За нова година во хотел домашна атмосфера мислам најубава опција е ,шо сакаш си јадеш си пиеш музика каква сакаш, луѓе што ги сакаш и тоа е тоа
Искрено, мене многу, многу и не ми е важдно каде, туку со кого ќе ја прославам Новата Година. Го обожавам овој период од годината и сакам да го одбележам. Оваа година ќе одам во кафана со друштвото, тука се сите луѓе што ги сакам и почитувам, па и не ми беше нешто важно каде ќе одам. Не сум од тие кои се вадат од кожа за тоа каде ќе ја дочекаат Н.Г, или што ќе носат. Мене ми е важен самиот чин. Да бидам со оние кои ги сакам, било да е дома, на плоштад во кафана, дискотека или не знам ти каде.
Одам во Скопје, во стан на од дечко ми - другар - девојката хахахах. Ма не ми беше воопшто важно каде ќе бидеме, јас сакам убаво да си поминам
Спојлер SORRY за шаренилото, но многу шарено се чувствувам Oваа година сите другарки кои бевме неразделни, останавме сингл, па ќе ја крунисаме годинава во таа чест! Се собираме дома, веќе ги привршуваме подготовките и многу сум возбудена! Ја накитивме собата каде што ќе бидеме- бомбона, шведската маса е во припрема, купивме жижици, конфети, балони, и пиење на тони Милион свеќи во боја собравме! Имаме и апарат и камера (се договоривме Новогодишен Филм ќе снимаме) Скроз откачивме да се изглупираме интерно (како некогаш), утре ќе ги `дизајнираме и новогодишните капчиња (матерјалите се купени) И што е најважно- симнати се еден тон божиќни, новогодишни и интересни филмчиња, телевизорот накитен сараундот вклучен...и ќе се глупираме до 101 и назад (како што само жени умеат) Го изорганизиравме секој детал на течението Спојлер (до моментот кога ќе се начукаме ) , ќе си правиме рецензии за минатата и списоци за наредната година. Толку интимно а толку значајно. Мислам дека највеќе и се радувам на оваа новогодишна ноќ!!!
..и после толку разгледувања на понуди и пишманења...со цимерката и некои другарки прво дома па после во дискотека.. Ич не ми се слави, туку ај за да го одбегнам прашањето на први јануари а зш не беше нигде?!
аааааааа луѓе знам дека е малку рано.. ама ете веќе сите почнаа да зборуваат и да се договараат за тоа каде за нг... а најстрашно е тоа што со тие лани што правев нг, сега сме одалечени мн од нашата генерација и нема да не викнат.. и остануваме сами 4 другарки... неможам луѓе ми ида да се самоубијам, па шо сум му згрешила толку на господ секогаш да сум отфрлувана од друштво??????
Јас гледав на интернет по хотели за во банско имаа некој понуди ама сеуште е рано една две агенции имаа новогодишна понуда останатите хотели немаа или пишуваше наскоро. Ми се оде на топло некој бањи,затворен базен мене се ми студи не сум јас за снег.Сакам да е Србија ,Србите имат добра забава,народњак,труби,а и богата разновидна храна и блиску е. Ке ви пишам каде ке одлучам.
Па ако сте само вие четири идете во некоја дискотека,сигурно ќе има и настапи во живо на некои од пејачиве тогаш нема до 00:00 за малолетни,бар така мислам,тогаш сите слават па не би требало така да биде,а и да бај де веј таму ќе си најдете друштво сите сакаат да си ја одбележат новогодишната ноќ,па и еуфоријата која ја носи нема да го спречи и најсрамежливото момче да не и пристапи на некоја девојка Само информирај се каде и какви забави ќе се орагнизираат сепак да си бидеш горе доле со твои врсници
ти благодарам многу, ми направи многу поубаво да се чувствувам.. ама пак иако е далеку многу ме притиска аааааааа само за тоа мислам...