Побарав но не најдов ваква тема.. (можеби и не требаше за ова да отворам нова тема)..Значи да си продолжам. Јас оваа година сум полуматурантка.. и уште мојата генерација незнае каде да оди за вечерта за полуматура. Нешто збореа за Папаја, Ју ту (ту би или како се вика ) за 69 збореа.. Па сакав да ве прашам, затоа што сме помала генерација. Не прашуваат, но јас и повеќето не сме биле и незнаеме што да кажеме.
На нас ни рекоа да кажеме за некое место, и после класните ќе оделе да видат дали е тоа место добро за нас, бла бла бла..
И јас сум годинава полуматурантка .. конечно! За прва вечер бира школото, и одбраја во едно ресторанче кај Билјанини извори. За втора и трета вечер бираме ние, учениците. Втора ќе ојме во Пулс а трета најверојатно Потпеш. Аххх едвај чекам!!!
Во Папаја сум била и стварно е убаво, ама не мислам дека има доволно место за цела генерација(не знам колку деца сте).69 е добра идеја, зашто сепак е во центарот на градот, на најдобра локација.Во Би Ту не сум била... Ние веројатно ќе славиме во Dynamique
something here.. избравме веќе, ресторанот кај што слават сите матуранти години наназад. ама втората вечер ќе си е по наш терк.
Ние ќе славиме во еден ресторан.. така ни избраа.. инаку мислам дека не е многу добро да се слави полуматура во папаја или хавана нез.. па нема да има место прво ни за седење ни за играње ни нишо.. А кај нас и да предложевме нешо такво, немаше да го прифатат, зошто и сите класни ни се постари и не би се согласиле да слават на такви посовремени места.
4 класа сме.. нашето е најбројно 24 од прлика, другите се по помалце.. Од прилика 70-80 души ќе бидеме.. и башка незнам дали ќе слават тие што ќе паднат година. (дека и тие се еден куп). Иначе ние имаме само 1 вечер. (цела генерација) а утредента во школо со тапани.
Сите имаат по една вечер која ја прославуваат во некој ресторан.... Е втората вечер сами си ја организирате си се договарате сите кај ке одите во некоја дискотека... ж Вака правевме јас кога бев полуматурантка па и матурантка
Ние не сме воопшто сложни, па веројатно како што рече и Еленнаа, ќе одиме во дискотека, а идниот со трубачи на школо и толку
Ништо чудно кај нас класовите да се поделат па секој посебно. Денес баш мене и уште еден од класот ме ставија за да бараме броеви од дискотеки.. Ама како да им угодам, секој различно? Едно одделение сака во ресторан, овие др. несакаат ни да слушнат (мене искрено повеќе во ресторанче некое ми се оди, и онака ние веќе музиката си ја избравме ) Сега нешто потпишувавме дека не сакаме во Папаја. (јас незнам зашто потпишав, и онака незнам какво е точно ) Сега нештоа збореа за Хавана, па за Динамик некој немам поим кој. Ништо не се знае. А сакаа и во Миднајт, ама и таму било затворено. Ама некои ептен се дигаат, никако во кафана или ресторан, се нешто Колосеум 69.. Али ние таму буквално како глувци ќе бидеме, ептен малце сме. А и еден класен ни рече: На крај вие ќе славите или во Папаја или во сала.
Ко шо глеам сите се "многу сложни исто ко и нас" Иначе ние решивме во Порта да славиме , ке има предјадење и јадење , неограничена пијачка и жива музика , па така да се исплака за 700 ден ( најефтино беше ова) ...а ке славиме на 2 јули
На 2 јули? Ние ваљда на 8-9 јуни, неам поим. Јас сакав да славиме во некое ресторанче, ем поефтино ќе не фати, ем дискотека е многу големо место за нас. Али оди па убеди ги.
епа немало слободни термини....кај мене па никој не беше за у диско...секој викенд иделе па и за полуматура ли бе? Напредни многу моиве биле
Искрено, ја коа бев полуматурантка бевме во ресторан Имес преубаво си поминавме стварно потоа бевме на игралиште и најопуштено до касно си поминавме и потоа дома 2-3саати спиење и во школо со трубачи ќори бевме. Тоа за 69 сениор парти после 12 дека ќе пуштат полуматуранти не ми е верно, баш пред некој викенд имаше инспекција и тоа 16-17годишни не идеа што малце им фали до лична карта, не па 13-14 69 сеуште си држи ниво под 17-18 годишни не идат, сите што го напуштија колосеум ради помалите, а за пред 12 имате ресторан. Во колосеум веќе кој сака оди зависи како ќе се погоди, сум идела и кога има баш повозрасни 20+ а сум начекала и све по 14-15години девојчиња, и врсници секогаш гледам
Ооо Господе, сите во ресторани слават колку што знам јас, добро некои во хотели пр. Континентал, Холидеј Инн итн. Ц ц ц.