Ние ќе правиме во Би Ту. Сакаа некои Хард Рок, но мала генерација сме (шеесетина деца), па едвај се убедивме дека е преголемо за нас. Изборот беше Би Ту, Миднајт или 69, и најмногу ни одговараше понудата од Би Ту во однос на пари. Ресторан не беше ни опција, бидејќи неколку генерации наназад прават во дискотека, а и не ни сакавме ние во ресторан. Само една вечер ќе правиме, всушност и прв пат слушам дека се правело по повеќе вечери. Се договоривме цела вечер, после полноќ ќе останеме во некое паркче, па наредниот ден неспиени на школо. На 9 јуни ќе си викнеме трубачи со ред да се испратиме.
Не, баш генерациите уназад во ресторани слават, а после ресторанот најдобро е да се оди во дискотека (иако не пуштаат после 12 сепак може со договор некој да се постигне и тоа до кај 2саат). Во 69, Б2 кога сакам идам, во ресторан не се иде кога ќе ти текне.Сепак од ваш аспект не е тоа баш така, ама ќе видите и вие ќе одите понатака.Во дискотекиве ќе се напиеш едно сокче и тоа до 12 и толку а во ресторан порции пиење колку сакаш чуда Според мене ресторани, кафани се закон! Дискотеките се за после
^ Може не се изјаснив најубаво, сакав да кажам за во нашето школо генерациите дека славеа во дискотека. Инаку неограничено ќе имаме пијалаци, а за јадење пици. Кај нас во генерација од шеесет деца, само 3-4 сакаа во ресторан, а и плус директорката ни рече за во дискотека. Имаше некои муабети после тоа да одиме во ресторан, да си организираме сами, но не сите можат да си дозволат (имаме деца кои имаат невработени родители), па отпадна таа идеја. И јас лично сметам дека дискотека е подобар избор за нас како генерација од нашето училиште, но сепак, секој со своето мислење.
Тоа е добра идеја, во ресторан, па после во дискотека. Само што како што рековте.. нема сите да сакаат, и нема да можат сите да си дозволат.
На нас денес ни рекоа дека можно е да славиме на 1 јуни? Дааа бе, во среда ќе славам, а во четврток во школо? НЕМА ТЕОРЕТСКИ ШАНСИ!
^Леле Елена да ги видиш кај нас лани полуматурантине на 8 или 9 славеа мислам па сабајле во школо со свирачи, тие кома - кој се пресоблекол кој не, па со штикли, па шминкана растечена, па во косине бушмани Ама интересно е онака сабајлето во школо да си.
На осми или девети може.. Но, на први нема шанси.. Ние да прославуваме полуматура.. а утредента како што се чукнати наставниците да правиме тест.. А друго е да одиш на трубачи само.
Ние на 3 Јуни, во Експлузив ќе славиме. Најубаво е во ресторан според мене, ќе седнеш кога сакаш, жива музика си има. Од соседното школо ланските полуматуранти у дискотека и цела вечер само 1 сокче, дехидрирале децата. Инаку ние кај што ќе славиме неограничено пиење ( 600 ден. мислам беше ) Ефтинкоо
Сите генерации од училиштето имаат славено со ресторан така да не доаѓа в предвид дискотека и мислам дека би било подобра идеја во дискотека затоа што сме млади, повеќе би сакале некоја техно музика, него ли Аца Лукас. Ние мислам дека ке славиме во некој ресторан Роза/е . Непознато(сега за сега). Ама ајде битно е убаво да си поминеме, макар и да е најефтино затоа што не можат сите да си приуштат.
Епа тогаш срцка, или јас и ти се знаеме или една од нас нешто разбрала погрешно.На која дата славите?Ние славиме на истото место на 8 јуни
Ааа, вие сте пред нас Јас па почнав да барам по именик колку Елени имам Баш ќе биде супер да дознаам како е внатре
Јас славев полуматура таму,убаво е,ама мало е местото,ако сте поголема генерација тесничко ќе ви биде,ама ај ќе се снајдете. Може и тарасата ќе ви ја отворат,и таа е поголема така.
Ние сме мала генерација, едвај 100 души сосе наставници. Некои сакаа во ресторан, да не се делиме во групи како по обичај али ете.
Вчера ми беше.. И преубаво си поминааав. За нас беше таман местото, сега за вас незнам.. Имаше отворена тараса, таму највеќе седеа наставниците. Имавме неограничено пиење (сок), и едно време кажаа дека имало вечера, (давале нешто затворена пица ли незнам) ама баш тогаш ми се погодија песните, и тоа најмалку ми беше важно. Имаше и нешто како двоседи, троседи, кожни.. и на крај ја си легнав, дека неможев да издржам, нозете не ме држеа. Малце на почетокот го отупеа со англиски.. (некои ги знаев, ама некои слабо, и на нив само се нишав) А после пуштија Слаткар, Тони Зен, ДНК, на високи штикли, није мене душо убило, Тоше Проески, Ареа- Сите мои слики, Сако, За она добра стара времена, и после на крајот пак англиско. И на крај Љубави па танго. Ама кога имаше српско и македонски најјако беше. Ни дадоа едно време микрофон, па децата пееја. Супер ќе си поминете, ви гарантирам. На почеток сите гледаа како изгледааат, а после гајле им беше. Сите ама сите беа боси (кај се они за штикли). И така, убаво да си поминат тие што слават денес!
Многу ми е нелогичен цел тој концепт на славење полуматура. Па уште читам Хардрок. Бре, бре, напредни генерации. Ние не смеевме да помислиме да се побуниме, а не дај боже дискотека да побараме. Од 8 до 12 во ресторанот кај МЗТ и после кого пуштија остана во школски/градинка да се пијанчи до утрото, кој не - правец дома. А мнг ми е смешно сега тоа со останување надвор цела вечер, основно, јаката работа.
Јас и една другарка на нашата полуматура пред неколку години кога ни беше не отидовме бидејчи се срамевме од класот сите беа параспурџики и некои забегани деца без култура па затоа наместо да плачам таму 400,500 за во ресторан за да бидам тамо со деца шчо не ги поднесваме си заминаме Скопјето златно изнашетаме се насекаде