Каде за 1-ви мај?

Дискусија во 'Слободно време' започната од angel92, 18 април 2011.

  1. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    1.248
    Допаѓања:
    1.729
    Некако самиот ден т.е. причината за кој што се "слави" е малце глупаво,но секогаш е добро да имаш ден слободен за да се видиш со сите... некако во новава ера,секојдневно имаме обврски ... Каде ќе одете, со кого ќе го поминете? :)
     
  2. love23

    love23 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    716
    Допаѓања:
    906
    Јас би сакала да одам надвор од државава ама ќе видиме со мажот ми, но не е лошо и Крушево малку на чист воздух.
     
  3. kristii

    kristii Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2010
    Пораки:
    1.644
    Допаѓања:
    1.688
    Се уште сме во преговори со друштово но најверојатно во некое село,со скара,пиење,музика...дечкото до мене...другарките....поубаво амин :)
     
  4. Peperutka90

    Peperutka90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.079
    Иако сме во преговори за надвор од Скопјево, веројатно јас ќе си останам дома, зошто од 3ти ми почнува колоквиумска и 99% е дека нема да идам никаде :( .
     
  5. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.467
    Допаѓања:
    7.758
    Пол:
    Женски
    Еех, обично одам за 1ви мај на излет некаде во природа, на планина ама овој 1ви Мај сум на свадба и ништо од излетот. :(
     
  6. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.784
    Допаѓања:
    10.207
    Пол:
    Женски
    Многу изживеана работа ми е овој 1ви мај. Искрено многу си бев среќна и задоволна, кога минатата недела без причина се собравме цело друштво кај мене во викендица, си правевме скаричка, мезенце, пивце... Без гужви, без потресување за ДЕНОТ. 1ви мај. Big deal.
    Ако идам негде,тоа ќе биде на отворено, во природа. И онака кај мене во село е пренатрупано тогаш,па некој роднина знае да се тупоса ако ја види куќата отклучена. А после тоа на мене и дечко ми ќе остане чистењто. Пошо нели 1ви мај е. Од секаде луѓе изникнуваат. Дали се поканети или не, абе нема врска. Затоа негде на отворено. Мирна да ми е главата
     
  7. OrdinaryGirl

    OrdinaryGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.453
    Допаѓања:
    490
    Обично одиме некаде секоја година, ама за овој први мај со дечко ми решивме да се собереме мало друштво и да си направиме скара кај него во двор. И онака има широк двор со тревник, ќе си пуштиме музика, и ќе си се најадеме. Преку глава ми е од гужви :|
     
  8. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.637
    Преку глава ми е славењето на први мај. Најискрено ви велам. Секоја година еден месец унапред ваму да одиме таму да одиме и на крај ќе се пикниме негде без везе... Годинава не одам нигде со друштво, не ми се оди бе луѓе :doh: Што секоја година истите луѓе, истите места?!
    Ќе земеш јадење, пиење, не легнеш на некоја ливада, ќе направиш скара, ќе ја изедеш и ќе си одиш дома. Мене тоа ми е глупаво, јас не сум за такви собиранки, посевно не со некои врескачи и крекачи, кои се главни иницијатори на излетот, а после цело време квичат!
    Годинава си останувам дома, евентуално со моите ако отидам негде. Барем знам никој нема да ми вреска на глава. Или пак со братучетка ми и нејзните другарки, со нив да ти е ќејф да излезеш (изгледа јас не можам да се дружам со мои врсници, само со повозрасни ми е убаво :D )
     
  9. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.541
    Лани бев во Охрид и преубаво си поминав вриеше од народ,а и времето беше преубаво. Според мене не е битно местото за 1-ви мај пред се најбитно е друштвото ;)
     
  10. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.022
    Допаѓања:
    11.191
    Пол:
    Женски
    Мене веќе четврта година по ред 1 мај ми е резервиран за најсреќниот ден во годината за мене-роденденот на мојата ќерка и секогаш си поминувам најубаво на цел свет!
     
    На Strumfeta93 и lolyta777 им се допаѓа ова.
  11. MoDeRnA

    MoDeRnA Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    45
    за 1 мај ќе одам на една прошетка на водно со другарките малце на чист воздух :)
     
  12. barbie-hilton

    barbie-hilton Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    154
    Допаѓања:
    82
    Пол:
    Женски
    Охрид работно навечер 3 дена а деновите ќе ги искористам за шеткање :)
     
  13. blah-blah

    blah-blah Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2011
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    2
    Правам список и сега колку е 1 кг. мешчина /месо за скара од она чистото/?
     
  14. dan1

    dan1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    112
    Допаѓања:
    32
    На работа.... дечкото не ми е тука а без него не ми се оди никаде...така да ЌЕ ПРАВАМ ПАРИ :D :D :D
     
  15. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.159
    Допаѓања:
    15.271
    Добро бе има некој што не сака сонце, скара и смеење до бесвест во природа? Се поинтересни стануваат собирите за први мај пред компјутер и четување на фб, браво за младинава. На 18 години им е изживеан 1ви мај, а дел од нашите родители по 40-50-60 години уште одат на излети па пак не им е преку глава.

    Јас па го сакам први мај, сакам да уживам во природата опколена со мирис на скара, легната на кебенце и полека поцрнувам или поцрвенувам :lol: од сончевите зраци, со ладно пивце во рака.
    Како и секоја година така и годинава на некое скопско излетничко место ќе си одам со друштво и љубовта.
     
    На Anja98, De-lovely, 2468 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. spellbound

    spellbound Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2010
    Пораки:
    916
    Допаѓања:
    1.480
    Изглледа во Виница :rock: или пак не |(
     
  17. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.811
    Допаѓања:
    2.100
    Со оглед на временкава прогноза која вели ДОЖД од петок до вторник, не ми се оди никаде, па веројатно ќе си се изнаспијам дома :)
     
  18. SpoiledBaby

    SpoiledBaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2010
    Пораки:
    881
    Допаѓања:
    281
    Хоум суит хоум спиење до ниедно време..
     
  19. happygirl

    happygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    3.642
    Допаѓања:
    19.156
    Пол:
    Женски
    Во викендичка на Тиквешкото Езеро, со дечко ми и добро друштво, мх мх :)
     
  20. Cokolatce95

    Cokolatce95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2010
    Пораки:
    321
    Допаѓања:
    131
    Во викендичка кај една другарка во село :) Друштво и дечко, јадење, пиење , смеење , поубаво каде :)