На моренце во Паралиа со моите, синчето мое, мм и не знам уште кој друг сеуште сака да ни се придружи слободно
На планина Ако се оди според планот - со друштво. Они нека си прават скара, јас ќе си јадам слатко од јагоди. Ми се чини дека следната сабота за причест нема да биде гужва како секогаш...
Многу и не се замараме со денот,исто како и секој ден ни е.Планиравме ако имаме можност да идеме до Матка,ако не или секој по дома или заедно... Ако не славиме заедно друга опција ми е со другарка ми.
Во Истанбул. Иако, последниве неколку години многу сум навлечена на излети. Толку многу почнав да сакам дворче, полјанка, шума и зеленило, чудо едно. Можам цел ден да го поминам чмаејќи во тишина, со мезенце, салата и ладно пијалоче. Кога ќе се вратам задолжително ќе мавнам 5-6 излети после тоа, па ќе си имам друг први мај.
[СДК] Сакам да кажам... Дали на Водно смее да се прави скара за 1ви мај, зашто еднаш нели беше забрането?
Се мислиме со друштво да идеме накај Катланово, е сега сакав да ве прашам дали знае некој дали има организиран превоз, што, како.. или да не има нешто на интернет да ми дадете линк?