Најубаво ќе си поминам. хаха ќе одмарам со друштво во едно село кадешто не одат многу луѓе. Додуша нема ич, ни за празници за ништо... подобро нема
Веќе станавме 1-ви мај. Ќе одам на викендица во едно фино и чисто селце, покрај рекичка, ќе правам скара, ќе ловам риби, ќе се качувам по ридови и планини и ќе го пуштам животинското од мене. Секако со друштво, не сам. Очекувам солиден провод.
Home sweet home. Или кај мене или кај дечко ми дома. Само ние двајца. Доволно е. Ќе си земеме за јадење, едно винце и уживанции. Да беше убаво времето сигурно ќе излезевме до некаде, Водно, Матка, било каде, ќе прошетавме, може и ќе направевме план за подолга релација ама со времево не вреди да одиш некаде во природа зашто за џабе трудот ќе ти биде. Треба да се организираш, за џабе ќе влечеш маси, столици, шатори, па заврнало, па заладило, па ветар дувало..., ни 1 мај ќе ми се види, нит ништо. Е сега тие што ќе одат некаде со спиење е ок, времето не им влијае и најубаво е така ама ние оваа година немаме толку слободни денови. Така што, домче во топло. Најубаво.
На едно место оддалечено четири чекори од компјутерот. Тоа е најудобното место каде што би можела да бидам на 1ви Мај. Тоа е мојот Кревет. Цел ден има да спијам. Каква скара, какви каков алкохол? Дури и од благото ќе се откажам баш на тој ден.
не можам да ги спојам празниците, иначе за Охрид ќе му ја дувневме. Вака за 1ви мај, ако времето е вакво ...у кревет, сите заедно сосе деца
Минатата година бевме во еден ресторан Полно луѓе скара,винце,пивце друштво и многуу убав поминн ... Ама оваа година решивме да одиме некаде во природа на трева покрај река ...убаво друштво(многуууу поубаво од лани)сите сме парови 6 или 8 луѓе плус имаме и две мали дечиња и сигурно ќе си поминеме супер...Само се надевам дека временцето ќе ни се погоди,а акоо не ни се погоди ќе биде интереснооо Веројатно по домите со љубовта ќе се гушкаме или може и негде по дома ќе се организираме ситее...Имате ли некој предлог да ми дадете за некое убаво место село што не е многу гужва за први а е убаво или некоја евтина викендичка во околината на Скопје,Велес,Куманово,Паланка,Штип,Неготино,Кавадарци ????
Oхрид според договорот,не сум тип кој оди во природа ова она и несакам повеќе сакам да одам и да прошетам кафенце, јадење онака опуштено...
да ве прашам нешто итно ми е , значи нели на 1 мај ке одиме на излет и сега пошто времето е никакво и може да заврне во секој момент , што предлагате да ставиме некоја церада нешто ве молам помогнете ми , покажете некоја слика ,или некое искуство што да направиме ние ? (само немојте да кажете да си одиме дома , таа опција се исклучува)