Имавме мал “инцидент“ во друштво- раскинување ....и калимерата се расипа. Сега сме оставени по дома, ќе се седи кај некоја од другарките во двор. Па ми е гајле и онака немаме некоја голема еуфорија
Супер тема, девојки, само што некако одамна ми има поминато желбата за дороварање, организирање, скари и слично. Оставам да ме понесе моментот...
во вила на една другарка заедно со команијата секогаш кога сме заедно си поминуваме супер па не се сомневам дека овој пат ке биде исклучок убавото допрва доаѓа со нетрапение го очекуваме
Со друштво во Калањево,планиноско селце близу овде. Не ги сфаќам тие што не му се оди некаде на први мај Зошто да не се опуштам малку со друштвенце,скара и зафрканции? Баш едвај чекам.
Те поддржувам. И јас едвај чекам да дојде утре. Јас ќе одам во викендица кај една другарка со други другарки. Нешто чувствата ми викаат дека убаво ќе си поминам И не само утре, забавата ќе продолжи и во понеделник
Во двор. Не дека ми поминала еуфоријата, ама неможам да си дозволам расфрлање со пари за нешто што не ни мора да се случи. Плус, дечко ми беше на работа денес, и во понеделник е повторно прва смена. Па така. ќе си седиме во двор.
Оваа година од обврски не ја чувствувам еуфоријата околу мај,па одлучивме со дечко ми и пријатели да одеме на викендицата и таму да останеме и да ја поминеме дента. Па и ако заврне да имаме засолниште ....времето некако не ни пружа други услови,а и не сме во форма од секојдневни обврски(сепак утре ќе се обидам да се опуштам и да си поминам фино и релаксирано)Ако не друго ќе се изнадишиме на планински воздух и ќе ги освежиме респираторните патишта Убаво да си поминете и вие
Аххххх посакувам исто ко лани да беше. Лани бев на работа, ем си земав плус паринки за работа на празник + заштедив + се најде и некоја скаричка гратис за апнување А утре во двор со друштво
Кај мене во куќата, не е кој знае каде, ама е одалечено од сообраќај, двор, тишина, нема кој да пречи, кој да не надгледува од страна, и блиску ни е. Ете ти предност да имаш празна куќа а да живееш во стан. Како што слушнав дека ќе врне, вака со сигурност знам дека нема до толку да се расипе излетот, а скара сепак ќе има.
Јас во духот на празников ќе го поминам работно И морам да споменам дека мене овој празник ми е ист како 8ми март, сосема погрешно се празнува, со скари, мезиња, пиење, а не со штрајкови, да се помогне за правата на работниците... Сите се бунеа за 8ми март како жените се пијанчеле по кафани, а и со овој празник се случува истото. Неврмајнд, ова само така ми бодеше очи, ама да си поминете убаво каде и да одите
Од искуство препорачувам порано да тргнете, зошто секој први мај има ненормална гужва. Ако заврне ќе се разбегаат, иначе вака до 6-7 саат може да не искочите од паркингот.
На карпи со едни другарки Сосема случајно се договоривме. Се согласив баш затоа што ги немаше оние не знам ти колку важни и специфични подготовки: ''О не, како мислиш нема да дојдеш? Мораш! Ќе бидеме ние дваесетина што не ги ни познаваш, али не нема везе. Ма, само 400 денари ќе даваме, знаеш скара оно ово. Да, да и гајба пиво. Ух, ма ќе се опиеме слушајќи Аца Лукас и кршејќи чаши.''
Дихово со друштво Нека врни,нека грми,важно ќе го поминиме цел ден заедно,со зафрканции,скара,трачарења.Еднаш годишно е 1ви мај,посакувам да биде како лани,еех,кога за прв пат бев со друштво и се искачивме на Неолица за предолги 4 и пол часа,оу јеа
Народе до мене ли е проблемов ? Не чуствувам апсолутно никаква еуфориј за 1 Мај луѓево околу мене напнати човече, 1 ваа вака така што да се купи ,пари кој каде ..... мислам .... Смислата се загуби 80 % не ни знаат што значи денов ... Нели е ден на трудот тогаш што се напнува дечурланава радничка класа ахх да Јас не би одела и ако можам ќе избегнам . Многу повеќе сакам со друштво да се собереме некој ден кога ќе ни биде филмот и одиме на кое место сакаме и се опуштаме до максимум а не да барам место за пикник па гужви и падобранци во друштво .... Тоа за мене е се освен одмор Вие што ќе одите убаво да си поминете ...