Домашна атмосфера,во гоолле двор,со музика на цел глас,и јадење,пиење со друштво,и ако заврне истата ситуација само внатре во куќата
На ливада со добро друштво Само времето да ни се погоди, некако се мисли... Надежно си викам да одиме со сонце напред Не спремаме ништо посебно, само ранец грицки и добро расположение... ПА И ДА НИ ЗАВРНЕ - ЧАДОР ИМАМЕ! http://www.youtube.com/watch?v=zOlFOKM_O4w
Јас сеуште незнам каде ќе одам се зависи од времето,се надевам дека нема да врне и дека денот ќе си го преседам дома,но и во тој сучај да си останам дома си имам план против досада
Со друштво во вилата на една од другарките.....Се надевам дека ќе си поминеме најубаво како и секогаш
Ќе пишам овде, ако треба ќе пишам и во Како си поминавте за 1ви мај. До вчера не сакав да ви пишам, оти ништо не се знаеше. Бевме две другарки за двајца другари и појдовме во едно село над манастирот Јоаким Осоговски. Си наместивме пикник, си пинавме, си јадевме. Си понесовме и гитара, пеевме, трчавме! Убавини! И ако бевме само четворица, најубаво беше.
На пикник се разбира..Со дечко ми и другари оваа година..А вечерта да не планирам предвреме ама колку што знам ми кажа дека ќе одиме на прослава,оти тој ден се запознавме.И сакал да прославиме што господ ме подарил на него
даааа, за први мај сакам да одам некаде на ливада, со многу трева, и скарата да си а наместиме, салатичка, винце, пивце што и да е и цела ден да си седиме и да си збориме, само да не ни заврни, оти први мај знае и да врне
Здравје, по се изгледа на истото место каде што бев минатата година. Времето лани беше катастрофално, но поминавме предобро бидејќи најдовме кров над глава - напуштена колиба, па веруваме дека не чека таму и годинава и одиме на сигурно.