Tребаше да одам странство, па со другарки, па со друго друштво па ваму па таму и на крај најпривлечна ми е опцијата дома да си го преседам. Бар нешто корисно ќе завршам додека сум дома...
Овој 1-ви мај малце ме напнува годинава. Има каде, ама има и повеќе опции, те на овој не му одговарало така, те не оној не му одговарало онака и ајт. Ќе си отидам сама у некое кафанче на скара, па кој ги шиша сите.
Ех, да имав викендичка ван цивилизација, па да имав дечко, па да имав скара. А јас ни месо имам, ни ќумур имам, за дечко да не правиме муабет, абер немам да си фатам. Ама имам една решетка за скара и троа зејтинче да ја подмачкам, може да искомбинирам нешто. Спојлер Шала на страна.. Дома, полагам од 4-ти натака.
ме интересира какво местенце е Раштак? со друштвото се договаравме за Катланово, секоја година одиме во Катланово, ама оваа година ете на некој му дојде идеа во Раштак да сме оделе.. ако некој бил нека напише мислење
За први се планира или во Катланово или во Матка, да не биде подалеку бидејќи доста пари потрошивме викендов на Велешко езеро
Домче, у кревет со некоја омилена книга. Ќе читуцнам малку. Доста беше шетање наваму-натаму.. Ако ништо друго, барем ќе се одспијам.