Вчера бев кај Марков Манастир со друштво, така што за први мај не знам дали ќе одам некаде, вчера всушност ни беше на нас први мај. Најверојатно утре ќе си се собереме пак истото друштво некаде во маало или некаде во близина.
Лелеее баш се мислам каде утре да одиме со мм на шеткање, за скара, печење со друшво не сме многу многу, па се мислиме каде би отишле така да шеткање цел ден
Бидејќи дечко ми ќе биде на работа, јас ќе одам со моите во родното село на мајка ми. Не сум била веќе две години, а страшно ми се оди. Да се потсетам кога сум одела мала.
Оваа година дома, некако не сум расположена за славење на било што и чурење покрај скара. Така да останувам дома