Во Миладиновски рид. Кој ѕвер сум бе јас, од Ново Лисиче во Миладиновци Први Мај ќе славам. Ама не е битно местото, друштвото е битно, а тоа појако не можеше да биде.
Со друштво на една рамнина во Кавадарци, Витачот мислам се вика Се договоривме, купивме и спремни сме за празникот
Уџум, па скршнуваш лево. И тука ќе распалиме скара и ќе пиеме пивце и ќе не пече сонцево. Само се надевам утре вечер нема со кисело млеко да се мачкам против изгореници од 3ти степен.
Утре свечено ќе го изнесам мојот црвен велосипед, ќе си го прикачам цветичот на корпата и во чест на празников ќе направам една тура низ Скопје. Сама. И да, ќе си купам шеќерна волна и лижавче во парк
Подалеку од цивилизација. Кај другар у викендица со полски креветчиња, звук на гитара и француски сендвичи. Неколку парови, љубов ќе цвета, цвеќиња ќе цветаат, морее среќа ќе процвета.
Од рамнина на планина. Јас сум спремна не знам за вас Им најдов место , им пазарив се што сакаа, им кажав дека во толку наутро ќе ги соберам па утре нека спремаат јас сакам да се опушам и уживам во чистиот воздух и се остало Знам дека ќе се бунат рано , касно но ќе нагазам па ќе им биде таман
јас утре односно сега уште малце ке одам на витачот и треба да станам во 7 сабајле ама мене уште не ми се спие, и незнам како ке ми биде ставањето, битно убава екипа се собравме денеска се си изнакупивме, и утре да се испијаниме, и скарата да си ја изедиме и се ке биде во ред се мислам дали да го земам и кучето, да види и тој што е убаво за мајот, ама страв ми е дане му се случи нешто таmу во дивината . Како и да е сите кај и да одите да си помините многу убаво, и не заборавајте да се напиете пивце, за здравје е тоа
^ Од Кавадарци си 100% ... И не пиј утре е ден за реклаксирање Помина времето кога се организираме, правеме екипи, спосоци, милион глупости. Оваа година во ресторан во градскиот парк, мирничко и релаксирачки