Каде е вашето hangout место? Еве пр. ја излегувам кај што ќе ми текне со другарките/другарите ама сеа почесто по кафичи на отворено. У зима излегував по ресторани онака за уживање
Јас со дечко ми не излегувам по дискотеки,ако излезам се случува многу ретко,меѓутоа по кафиќи постојано сме -деноноќно ,додека зимото повеќе сме по ресторани,пицерии и сл.
По дискотеки мнооооооогу ретко. Најчесто во опуштени кафичи, некаде ако има жива рок-свирка, или на кафе, на пица... Или едноставно се шетаме со друштво. Барем овде има кај да се шета, особено овој период.
По дискотеки мноооогуууу ретко.Треба да се облечам како невеста за да ме пуштат на врата.А ако некој од тие лигавите на врата се прави манга може да те врати и да ти каже дека не си прикладно облечен. А замислете тој доаѓа на работа со истата маица со кој мајка му дома готви и смрди на манџа Така да опуштено во некој кафич,може од време на време во кафанче некое и сеа барем летно време парк му е мајката
По дискотеки многу ретко , кафичи повеќе во рамстор и на кеј исто. Некогаш поубаво ми е само на кеј да се прошетам до каде што ќе ме држат нозете.
па најчесто по кафичите на кеј и сега летно време прошетка низ парк и седење на клупа во некој мрачен дел од паркот а иначе го обожавам кафе-ресторанот Дион на кеј преубава е атмосферата и музиката
значи дискотеки многу ретко ,повеќе сме по кафичи на кеј на ленинова лептокарија ма секадеееее а сеа нешо почнав и по кладилницине (е така е коа имаш дечко кој е зависен од тоа)
Во последно време никаде. Досадно е паааа... Најчесто сме во едно мирно кафиче, или во кафеана на музика и лапачка Ехеее, одамна не сум била на гужва некоја, и многу и вака ми е добро.
И ние како и повеќето што се изјасниле многу не обожавама по дискотеки да одиме. Најчесто сме по кафичи на кеј или рамстор или пак во некое ресторанче каде што може добро да се најадеме.
И со дечко и без дечко. преку недела некаде на лапачка, а викенд обавезно диско бар еден ден, или кафич па на некоја пијачка!
Па..Преку лето повеќе практикувам шетање покрај езеро и на некои откачени места отколку забави.. Иако барем најмалку 2 пати неделно го посетувам Ликвид и плажите Куба Либре и Кадмо, каде има одлични ноќни журки. Преку година-исто..Минатата зима излегував и во Хавана-Куба Либре клубот, но не по моја волја (кога некој среќник ќе успееше да ме натера) Ич не обожавам џган пипл и да немам кај да седам. Ако немаме маса или барем ако не најдеме место на шанк, а да сме поголемо друштво цела вечер ќе ми е тапа.. А на денско излегување-Ликвид или Кадмо на кафенце
Во чаршија ми е преубаво, обично седнувам во Темов, а други местенца за искачање зависи...Ленинова, Кино Карпош, може и некогаш летно време во парк, зависи од тоа колку луѓе сме собрани, и секако омилено местенце од кога си го средија бавчичето ми е Излет, поготово за кафе пиење
Ова лето прекиснавме во Хавана, но за чудо не ми остави некој беден впечаток. Програмата им ја знам скоро напамет, летна дискотека во секој случај е далеку подобар избор од зимска. Не сакам многу "шемаџиски места", врие некој скриен претенционизам за чаламење и глумење лудило од кое ми се повраќа Ми се допаѓаат неколку места низ Скопје, Irish Pub на улица Македонија, Plaza de Toros и кубанскиот ресторан на кеј. Soul Pub е исто фино местенце. И низ Дебар Маало се среќаваат пар добри кафичи. Не сум баш таков тип на човек, повеќе би сакала добра хип хоп и рнб журка, ама од билдери на врата и налицкани елкици не може човек на ред да дојде, а богами од злато да е внатре, не стојам саат време пред врата, за да некој со коеф. на интелигенција 50 се мисли дали да не пушти внатре. Море марш таму!