после долги договори и преговори со многу луѓе на крај затоа што секој сака на различно место да излезе и несака да направи компромис одиме на кафе во кафич па после кој сака каде сака си продолжува кога немам јак буџет одам на пензионерски кафенца од 10 до 12 и правец дома со автобус а кога ќе најдам друштво расположено за журка + некоја фина понуда од дискотекиве ги вовлекувам стапалава во 10 цм. штикли и правец на подиум (колосеум, хард рок, хавана....) не им одам во парадизо зошто се налутив, на врата како овци не бираат епа нема да стојам да ме изберат.....во хард рок се разбира ако има гратиси влегувам зошто 90% така влегуваат па не сум луда да плаќам карта а за колосеум само четврток на журките кога нема толку средношколци ......хавана ми е место за кулирање и немора да се замарам со штикли за таму, ама па слабо слушам рок од кафичиве уште да кажам....на улица македонија и на кеј седнувам најчесто, подалеку ми е дебармало и некако не се вклопувам во тоа фенси-шемата еј па ќе ја заборавев кафана је моја судбина....барем еднаш на два месеци одам така да се изнапеам и да мешам на стол
Киснам во парк, некад у кафичи иако не ми е најпријатна таа атмосфера, свирки се задолжителни, не пропуштам добра свирка било да е пан, рок или метал. Иначе, дома со друштвото најбоље си поминуваме.
Години наназад излегувањето со дечко ми ни е на помирни места...во ресторан, пицерија... од таму пак може да одиме во барот ама се поретко ни се случува да ја продолжиме вечерта до раните утрински часови! Преку неделата седиме на кафе низ кафиќите или пак одиме кај него (домашна атмосфера ) а поретко пак шетаме низ град колку да ни помине вечерта
со дечко ми најчесто сме по кафитерии и ресторанче каде што можеме мирно да се напиеме, да си поразговараме и да си се расположиме. ако расположението ни тргне у правец на вриење и лудување, излегуваме и после 2 недели не зборуваат (а ние не се сеќаваме ) тогаш екстра енергија ни се појавува а со другарки кога излегувам најчесто ,,се начукуваме,, пред излегување во некоја кафитерија и после одма во дискотека но обично имаме секогаш проблеми со тоа кој каде сакал, па не му одговарало, па бла бла не ни ги слушам повеќе
Еквестриан ми е ептен блиску и често сум таму. Кафулињата во околина исто така. Скоро секоја недела сум во Витез, така некако се погодува. Блиску ни е и на мене и на дечко ми па не фаќа пат натаму. Њу ејџ, Казабланка, Лезет, Аја, Њу Јорк, Мексикански исто така ми го прават меракот. Навечер често сум во Бариста кај другар на свирка. Маракана исто така ми е по вкус. Колосеум, Хардрок, места каде што треба да се штиклосам и изнадотерам не се баш мој тип на место, ретко ме фаќа пат натака. Оваа година се повеќе сум на места каде може да се јаде, како Амигос. Убава атмосфера, убава храна.
Јас најчесто сум во кафулињата ....но сепак петок или сабота навечер во кафиќ затвораат во 1 саатот па продолжуваме во дискотека...
Па вака имам проблем во врска со излегувањата т.е друштвото со кое што јас излегувам не одат во ноќни клубови туку седат дома се собират и играат карти а мене тоа не ми е интерсно затоа што животот е еден и треба да се искористи па со сила седам со нив, а и кога ќе излегуваат одат на мирни места и потоа директно дома си одиме т.е на места каде што се седи каде што не се игра и рано си одат дома кога сите веќе излегуваат понекогаш излегувам со моите другарки од факултет и одиме во кафич но кога сум излезена често мислам на моето друштво каде се што праваат ??? и т.н. едноствано сакам да сум со моето друштво но не ми се допаѓаат местата каде што тие одат, имам неколку пати излезено со другарките од факултет но сепак најубаво ми е со моето друштво затоа што не е исто. Знам дека не се седи на две столици но што да правам кога сакам да одам по ноќни клубови не ми е интересно да седам на едно место и да си одам порано дома. Знам дека малце офф топик сум но мала помош можи .
поише сакам на лајт места да идам по кафичи ко на пример у Конак на пиво или некој друг. али пошо друштвово не се по тоа ја спаѓам у малцинство, па ретко идеме за жал. а вака по дискотеки али више толку ми е смачено едно исто па...
Најчесто седам по кафичите низ центар, немам некое посебно омилено место, пред се зависи од тоа како сум расположена и нормално зависи од тоа како ќе се договориме со друштвото.Одам и по дискотеки, ама поретко, а во парк исто така ретко. Кога сум излезена со дечко ми одиме и во пицерија.
По кафичи ама во последно време многу ретко ( сг је оскудација...пара је скупа!), во парк, пицерија или некој друг ресторан...
Па од кога зафршив со она досадно школо излегувам секој ден прво неколку крукчина на убавиот широк сокак и потоа во кафич на џускање
Петок,сабота - неколку кругчиња низ Широк Сокак потоа седнуваме со друштвото Лаказа,Верона,Ел Греко,Лео А понекогаш одиме и Famous,најчесто за родендените ама и за викенди понекогаш.
Со оглед на тоа дека сум мала по кафичи да излегувам, излегуваме со другарките низ населба кај нас(таму од сите 3 школа сите деца искачаат). Ретко одиме накај град
Зависи со кого излегувам, ако сум со дечко ми седиме на помирни места пицерии, ресторанти .. а некогаш продолжуваме во барот.. е таму знаеме да заглавиме. А со другарки најпрво седиме некаде на женски муабети и ''по малку'' пиење , а потоа одиме по кафичи и на крај во барот..
После 12 Маракана. Ретко да зацепам накај Колосеум и некое такво место, не се мој тип. Обично пред Маракана или пиеме во паркче позади Олимписки кај Корчагин, од каде не избркале баби со прачка преку 10 пати, или во Ремецо. Инаку преферирам ресторанчиња од типот на Амигос, или коктел во Ла Бодегита дел медио. Сакам места кои ем се мирни, ем прометни. Места каде се напикани 1000 души и сите се ко теткици, а ги гледам, од генерација ми се, бришам од список.