Мене сегде ме има. Најчесто сум во Центар, на кафе некаде по ул.Македонија, во Ања на вафли или палачинка, може понекогаш на џин во One или да зацепам накај Њу Ејџ. Почнав почесто и во парк да искачам, мада што ми здосади во последно време , едно време идев почесто накај Лед Зепелин ама не сум била бајаги долго таму. Ако не ми се шета многу дремам во Бисер во Харизма и го манијачам шанкерот а и доста вкусна храна и голем избор имаат, може евентуално ако не ми се седи ваму до Кул Кафе да тркнам (што е на неверојатни 50 м растојание ), во Мекдоналс одев повремено додека работеше. За night life после 12 со братучедка ми одам на некоја журка, ама ретко, еднаш месечно. Ако ептен сум во bad mood или ме има фатено некоја голема мрза дремам во маало на некоја клупа или на кров.
Не сум по излегувањево.. ама одам на игралиште.. и ако се договориме кај некоја другарка/другар дома..
Во сити мол често излегувам и веќе ми се здосади најискрено ,во лето исто така често одам во парк и во слаткарници и понекогаш во кафичи,пицерии. А многу сакам во диско да одам...изгледа ќе си почекам
Па деновиве најчесто одиме во Trend или пак Arabesque. Многу добри местенца, баш фин амбиент. На журчиња кога кога знаеме до супер да отидеме или 69.. Ама претежно седнуваме на кафенце. Времево и не ми е баш за пицнување и журкање
излегувачи да не бил некој во ова станица 26 (Скопје), многу ме интересира каков е амбиентот да знам дали да се заберам до таму ...го замислувам џубокс стил бил некој да каже што има?
За кафе и поседување на раат Арабеска, во последно време киснам таму и Тренд. За навечер Интермецо, Стоби, Кала..после тоа кој каде виде ама сега во новата Станица.
Нареден бесплатен викент со воз за студенти ќе го искористам да прошетам до Велес на пр. во Тарантино
Во последно време многу ми се свиѓа caffe bar great бившо caffe bar 17 во аеродром после железничка,многу подобро е од порано,пријатна атмосфера па таму ќе славам и нова година
Им стаив благо „збогум“ на дискотеките, кафаната се уште ми доаѓа у прилог... Кафичте не ги оставам, омилено место на мене и на дечко ми ни е Пиаца Либерта и Браво (јер има турско и е блиску до дечко ми дома). А, мене омилен ми е Озон - К. Вода.