кај нас до пред некој ден имаше таква малку истажував на нет и најдов како ја прават... и си јадевме турска баклавааа
Сериозно, има ли турци на форумов, некој да каже у чаршија или чаир или било каде, кај да најдеме добра баклава. И има ли било каде во МКД со ф`стаци баклава?
Вака слично личи баклавата во Рамстор.На првиот кат е, кај рестораните, само што тоа си е како посебен штанд меѓу масите поставен.Преубава е, а ова ви го кажува некој што и не сака многу баклави Ама оваа е стварно добра, само ја јадев пред неколку месеци, па не знам дали постои тоа уште
на Битпазар има една турска продавничка од спротивната страна на автобуската и прават оригинална туска баклава полнааа е со фстаци, лешници, ореви, бадеми ...и полна со пербет и крцкава абее поубава неам пробаноо освен тука спаѓа и на баба ми баклавата уфф
Според мене нема поубава баклава од домашната Кој не го мрзи најубаво да си најдерецепт и дома да си направи
Не врши многу работа рецептот, ако не си марифетлија или немаш у куќа марифетлија да ти покаже некои работи што не ги пишува у рецептот ... ова од искуство...
Желба ми е да одам во Турција, во некој стара чаршија, да се најадам како човек баклава, кадаиф и тулумба и да си дојдам најсреќна на светот. Работам на тоа да ми се исполни
Кај мене дома. Да е жива и здрава мајка ми. Експерт е за баклави. п.с. добро што ја отворив темата,ми текна дека во фрижидер имам цела кутија со баклава,домашна.
Турските баклави се стварно предобри, посебно оние со ф’стаци, едни малечки, такви убави, внатре со фил од ореви, а одзгора мелени ф’стаци. Совршенство!
Антеп Баклава во Охрид дефинитивно. Имам пробано кај нив секаква.И со фстаци и со се и сите им се бомбона.
Ми се допаѓаат во Рамстор горе во тоа штандчето кај хрната.. Гоативар ли се викаше Ако стои уште одамна не сум била