Гледам дека сум грешка , не била БамбиНИ, туку без “ни“ А да Сноу ме потсети и за Костарика, уфффф, мислам дека никаде не се по полни со нутела
^ Сноу, видов во темата Кичево си пишала дека кога си одела накај Охрид си наминувала натаму. Па какви се таму а?
Кај мене дома. Добро дома да ви дојдеме ако не на палачинки? Во Амати не штедат на нутела што ми се допаѓа. Јас нарачувам пинатц религиозно. Бамби во Аеродром е затворена мислам дека. Јас живеам во тие згради и кога и да навратам да купам, дење или ноќе, затворено е. Баш им ги сакав палачинките. Поприфатливи беа од Амати со цените каде каде, па 2 си купував. Во О ла ла се многу убави американските палачинки. Се топат во уста и чоколадниот крем им е преубав. Не нутела кремот, чоколадниот. Тој сум го јадела. Во Палма нарачајте нутела палачинка и баш кажете ми дали е тоа нутела затоа што мене воопшто не ми наликува. Или мене ме хејтаат дека им крадам некогаш интернет. За девојките кои имаат можност да отидат во Берово, не се будалете со скара. Палачинки му е мајката. 2 за 40 денари. Едни од подобрите што ги имам јадено.
Амати во Рамстор има сеуште? Или мислите на Амати во Веро центар? Јас се сложувам дека таму порано правеа многу убави и богати палачинки (и благи и солени), но повеќето ресторани ги затворија и не знам дали ги задржале палачинките како порано. Убави солени палачинки сум јадела и во Енрико.
Секаде каде што седнав. Не ги паметам имињата. Еве и да не биле 40, може биле 50, а на едно место 30 ни кажаа дека се, ама таму не паметам дали сум седнала.
Најубавите дефинитивно се во Куманово,во ирскиот паб.Ако се најдете некогаш таму пробајте ја палачинката со шумско овошје и бел крем ,120 ден е.Внимавајте само ,бааги е големка,можете двајца да си ја поделите,ние така правиме. Спојлер А може да кажам и за најодвратната Во оној 4 сезони на Дени,Аеродором,-ем минијатура,ем 110ден-со крем и плазма,катастрофа
Мене па во Ред кафе благите не ми се убави.. шо знам, може така ми се погодиле.. Али затоа во Палмааа.. аууу сексои! 120 или 140 беше ама голема и полна! Мх мх
Особено ако си нарачаш од тие со крем, мед и бадеми Како што би кажала Андријана Алачки: „Мх, мх, мх“ ЕНРИКО СЕ ЗАКОН ЗА ПАЛАЧИНКИ!!!! :up: