Има ли некој кој што бил на одмор во Будва. Со другарките ќе одиме таму па да ни кажете што не очекува. Многу луѓе ја фалат но сакам и тука да се уверам во тоа. Могрен, Јаж, Бечичи и Плаче се песочни плажи нели? И какви се дискотеките Трокадеро и Топ Хил?
Будва е преубава, јас ептен убав одмор имав тоа лето и навистина е за фалење. Могрен и Бечичи се многу убави плажи, и Јаз ја фалат, ама ние не бевме тогаш. Најмногу гужва е на Словенска плажа, ама не е баш чисто таму. Инаку, има полно туристи, најмногу Руси и Украинци. Трокадеро е супер дискотека, некогаш се плаќаше влез, некогаш не. Полно кафичи, ресторани, се организираат екскурзии за Дубровник или крстарење. Ние бевме на крстарење и ги видовме на кратко Херцег Нови, Тиват, Котор.
Епа супер значи очекувам убав помин.а каде бевте сместени во Будва ние сме во вила вукамнович кај поштата, и сакаме да знаеме дали има превоз до поубавите плажи и колку е одприлика една карта за крстарење.
Може некој што бил или што одприлика знае како се движат цените сместување овој период во Калитеа да сподели ? Или и на друго место ако веќе сте го поминале одморот напишете како се движат цените
Да, супер ќе си поминете. Не знам како се викаше вилата, ние бевме преку Феријал Кашиков од Штип, вилите беа на 300-400 метри од Словенска плажа, ама навистина беа убаво средени. Големи соби, убави кревети, телевизор, клима, убаво, чисто купатило, за по 3 души беше една соба. Прекрасни во споредба со ланскиот апартман во Калитеа кој го плативме 500 евра, а беше една обична дупка.
И јас веќе резервирав. Во Никиана сум сместен. Кон крајов на месецот ќе одам. Веќе истражив све. Лидл има пред Нидри. Но ќе си носам и од дома нешто за јадење. Ти каде резервира?
Незнам. Зборевме за Пефкохори, но еднаш бевме во Валона и преубаво си поминавме. Оваа година си ја сакам Грчка, но Орикум ми е поисплатливо место, башка на јонско море се бањаш. И поефтина е.
Во Трокадеро сум била и е прејако. Сум била на 3-4 журки и многу сум задоволна. Врвна дискотека. Инаку општо од сите одмори, од Будва имам најубави спомени. Најмногу ми се свиѓаше тоа што има ноќен живот: дискотеки, клубови, кафичи, познати личности, концерти и палачинки најубави на свет
Јас ќе сум во Катизма. Планирам да си носам за јадење минимално нешто колку за појадок, а друго што треба ќе си прикупиме таму.
Имам два одмори поминато во Калитеа фамилијарно во Хотел Елизабет за 4 лица 50 евра од вечер (веднаш до шеталиштето), а 2013 со дечко најдовме смештај за 25 евра од вечер на 25 јули.
Требаше во Египет но од безбедносни причини решивме да не одиме така да најверојатно на некој од островите на нашиот јужен (и дужен) сосед
Daj neka spodeli nekoj sto bil na EVIA kako e? Planiram so decko mi da ideme tamu, ama seuste se mislime dali da uplakame