Calm down people,smireno. Jas sum bila edna godina vo Kosta Brava,potocno vo Lloret de mar i mozam da kazam deka e PREKRASNO.I lugjeto se fini nekoi duri i makedonski znaat.Moreto i plazite se son.Sto drugo sakas da znaes?Ti vo koe mesto tocno ke odis?
Зависи што бараш од одморот, Крф е преубав, посебно главниот град, плажите исто, ако сакаш забава тркни до кавос ,ама таму ти врие британци, Скијатос исто прекрасни плажи ,интересно гратче, можеш да ги посетиш Скопелос и Алофинисос со еднодневни крстарења,Закинтос по мене е на последно место од овие три,неколку убави плажи повеќето во близина на Аргаси и секако наваџио, пијаните британци се застапени и те како во Лаганас, јас лично би ти препорачала Крф,со добри обиколки на островот, навистина има што да се види
Па не знаеме сеуште на кое место, гледаме понуди од Савана. Како се цените општо во ресторани, продавници?И каква е климата? Благодарам
Znam deka e glupavo prasanjeto ama nikogas ne sum barala pred toa se barale za mene, koa opcija treba da ja gledam koja baram smestaj vo hotel za dvajca so pojadok, znam deka toa e BB ama onaa so edno dete dve deca mi e zbunuvacko, ako ima nekoja dobra dusa da me upati
Ќе бараш соба за двајца. Понудата за со деца не ти треба штом сте сами. ВВ- Bed&Brekfast Значи тоа го бараш во табелата. HB ти е доручек и вечера.
@joy1 има многу хотели на Халкидики со НВ услуга.Зависи што барате.Јас ти препорачувам да се јавиш во Пилот Травел,одлично ја работат Грција.И да не одите преку агенција,види што ќе ти понудат. Ние одевме порано во хотели,Теофано,Аполамаре,Океанија,Сани,ама сега има еден куп други отворени.И зависи на кој крак сакате и какво место сакате во близина за шетање.
Девојки, која е за на Крф нека ги разгледа понудите на Т.А lyon од прилеп, имаат убави и ефтини аранжмани. Кој не бил, со овај остров нема утка,преубав е, а имаат и автобуси низ цел остров за по 1-2 евра.
Здраво..ми треба помош повеќе информации за одмор во Црна Гора ? Сакам за прв пат одам таму кое место би го препорчале за млади значи ноќен живор вооедно и добра плажа ? Кои се цени на сместување ? Дали е подобро агенциски или вака приватно да се бара и дали лесно се наоѓа ? Ии цени по дискотеки иначе сакам околу 25 јули да одиме со другарки ? Фалаа однапред Имајте убава вечер
Мое искуство Со дечко ми тргнавме за Суто Море си купивме само автобуска карта. Кога стигнавме таму првиот што ни понуди смештај тргнавме по него апартманот беше прекрасен, дворчето со палми, цвеќиња.... Плажата и центарот беа на 5 мин пеш. Цената беше 10евра по човек. Има одличен ноќен живот. Ние бевме на Боро Чорба, Аца Пејович ..... значи секоја вечер некој од српскиве пејачи настапува. Храната исто беше ефтина Би ти препорачала да не користиш агенции затоа што нема потреба црногорците се многу фини и можеш да се разбереш. Ако сакате за посигурно најди вила на нет и контактирај ги да ве пречекаат на автобуска
Дечки, мислевме да идеме утре или најкасно задутре вечер накај Грчка. Е сега, мислевме преку агенција ама некако слабо понуди, или мене така ми се чини, а и од човек наплаќаат 35 евра за превоз, што искрено повеќе се исплаќа во своја режија. Кажете ми, ќе најдеме нешто за три ноќи Ханиоти или Калитеа? Ќе биде навала од наши, знам. Која цена би била за двајца од вечер по приватниве сместувања? Сакам да е чисто и фино и со интернет.
Летово на одмор или во Турција-Аланија, Сиде, или пак на Лефкада, со 2-3 ноќевања во Парга. Како Лефкада нема друга, дефинитивно...
На Букинг во околина на Калитеа ти се движат по 50 евра ноќевање за двајца. Директно да бараш таму би било над 35 евра, бидејќи веќе фатија одмори, плус тоа Калитеа ти е најскапа на првиот крак
Климата е прекрасна и пријатна.Навечер лесно се спие.Цените во рестораните не памтам ама во дуќанчињата влузу плажите цените беа разумни.
@Sofi.ja, читам си била Скијатос преку Фибула. Во која вила беше сместена и како беше задоволна? Гледам и јас некои понуди за Скијатос па да споделиш искуство, никогаш не сум патувала со нив.
Од агенцијата сме задоволни, немавме забелешки. Се патува со климатизирани автобуси до пристаништето во Волос, потоа патувавме со поголемиот траект Hellenic seaways, на пристаништето не пречека грчки туристички автобус ,заедно со водачот- Јулија. Мислам дека беа вкупно 3 вили, сите патници се качивме во тој автобус, патниците за вилата Посејдон(во таа бевме ние) го ставија багажот во автобусот,додека другите во пик-ап со отворен багажник, ова го кажувам затоа што кога се враќавме назад имаше мало невреме и им се поплавија куферите на патниците од другите две вили.... За вилата- под неа има ресторанче, културна тивка музика, цените не беа баш ефтини, собите не се многу големи,имаше тв, клима, фрижидер,решо, садопер немаше па миевме садови во купатило. Убава широка тераса, и има малку комарци Нашата вила ако добро памтам околу 2 км беше до градот, па неколку пати одевме пешки.Под вилата имаше плажа, ништо посебно ама не е лоша за да се брцнеш, водата малку матна, последниот ден откривме дека имало канал во близина.... Водичот дојде да ни каже информации околу островот, понуди и крстарење за околу 20 евра со се јадење,а кога прошетавме на пристаништето истото се нудеше за 15 За назад се враќавме со постариот траект Anes до Волос, од таму пак со автобусите на Фибула и тоа е тоа...Мој совет не уплаќај многу рано, затоа што една недела пред тргање беше околу 200 евра, 4-5 дена пред тргање 160,а два дена пред тргање околу 140 евра беше патувањето. Друго што те интересира прашај ме
@Sofi.ja, за се што ме интересираше ми одговори. На Групер гледав ефтини понуди, ми фатија око па затоа. Плус и за истата вила каде што сте биле се работи. А, уште нешто. Дали околните плажи се блиску и ако не дали има превоз?