Одма под вилата е автобуската станцица број 5 (или 6 не сум сигурна) во еден правец е 1,5 или 2 евра до крајната станцица автобуска број 26-плажата Кукунариес. Една автобуска погоре од нас (6 или 7) има еден хотел каде што плажата била убава, ние не бевме но ни кажаа едни од вилата што биле- блиску е за пешки. За другите плажи , на која автобуска и да се симнеш има одење пешки, освен на Кукунариес кај што те остава на сама плажа. На Бананистас- најпознатата за млади, те симнува исто на последна автобуска со тоа што имаш за пешачење едно мало брдо,па удолница,па рамница и ете ја плажата Овде прочитај си има баш добро објаснето http://iguana.com.mk/blog/blogpost/pronadete-si-sovrshena-plazha-na-skiatos/
Балкон бич во прекрасните предели на колд ватер ресорт ин леген седнувајќи на рибарско столче и гледајќи се во зеленилото шо го пружат боројте и фантастичниот звук од брм,бррррррм,брррррмммм. Со цвеќињата околу мене добивам чувство како да сум и во рајска градина.
Неа Потидеа, Полихроно, Ханиоти или Пефкохори? Искуства да сподели некој од местава? Каде е најчиста водата и има доволно место за шетање? Неа Потидеа ми се свиѓа поради каналот за бродовите. Но сепак најубав впечаток по слики што гледав ми остави Пефкохори, ама пак се премислувам. Секое искуство и мислење во врска со местава, цените и сместувањето ми е добредојдено.
Дечки дали има некој искуство со last minute понудите, конкретно за оние преку Савана, да сподели некое искуство и како функционираат тие понуди подетално?
Функционираат на тој начин што аранжманите што им се останати, неколку дена пред тргнување ги нудат по пониски цени. Што ќе остане слободно, никогаш не се знае. Нас пред 2 години ни улета добра понуда преку Фибула, 3 дена пред тргнување јас знаев дека ќе одам на одмор Ако не сте врзани со обврски, јас би почекала некоја таква понуда.
Не сме, сакам да почекам за датумот кој го планиравме, меѓутоа не знам како функционира понудата. Дали смеам да изберам место или вила од тие слободни што ќе ги понудат? или се е по нивен избор? што, како подетално нешто?
За избор на вила зависи, некогаш имаат само една слободна, а некогаш повеќе, па можеш да одбереш по желба. Во last minute понудите обично секогаш има повеќе места, па можеш да си одбереш, со тоа што различни цени имаат. Ова ти е уствари исто како и секоја друга понуда што ја имаат агенциите, само што изборот е помал, се тргнува за неколку дена, па затоа и цените се пониски.
@realGirl Ако размислуваш за одмор во Пефкори, изборот ти е добар. Водата е чиста, местото е убаво за вечерни излегувања и прошетки, а што се однесува до цените ситуацијата е слична како и во другите локации што ти се во предвид. Јас бев минатата година преку агенција и многу ми се допадна.
Јас би ти го препорачала хотел Savoy во Феналс, тоа е соседната плажа до Лорет де Мар (преку брдото за 5 мин си во Лорет де Мар). Хотелот е доста убав, плажата Феналс е на 10 метри, само што излагаш од хотелот веднаш си на плажа. Јадењето беше преубаво во изобилие, ако не можеш одреден ден да се вратиш за ручек ти спремаат lunch пакет за носење. Има базен, wifi, организираат секој ден забавни програми.... Најбитно ми беше што е повеќе фамилијарен хотел, тишина, се одморивме супер.... (да не ме сфатиш погрешно, бевме и ние друштво, секоја вечер излегувавме и се забавувавме, ама многу ми е важно кога ќе легнам во хотел да одморам да нема галама, музики и сл). Имаше многу хотели каде што имаше сместено групи средношколци од Србија, Хрватска, тоа беа прави хулигани, во 2-3 часот ноќта излезени по терасите, ечи српска музика, викање, кршење.... страшно. Ние бевме лани преку Нехар и си поминавме фантастично.
Го гледавме и тој хотел и моите мислеа дека е некое селце Феналс.И ние една година бевме во Лоред де Мар исто со Нехар травел и беше одлично.Исто би те замолила да ми кажеш дали се собите чисти и нови ,бидејќи на tripadvisor ставаат такви слики што ми се гади искрано. (мувла,мравки,прст прашина).Фала на одговорот извини што не измачив.
Не е селце, тоа е исто дел од Лорет де мар само едно брдо ги дели, до нашиот хотел веднаш имаше едни скалички за нагоре и за помалку од 5мин си во центарот на Лорет де мар. Плажата е дури и поубава, одевме и на плажата во Лорет де мар, ама има многу гужва, бранови... на Феналс можеш пораат да се избањаш. Инаку за хотелот ти велам немам поплаки, собите солидни, со убаво купатило, тераса, хигиената на ниво... Што те интересира прашај, не ми е проблем, ама штом си била веќе еднаш сигурно имаш некаква претстава за местото.
@realGirl Во Пефкохори има повеќе кафе-барови, пицерии, ресторани и од тие причини посочив дека местото е добар избор за вечерни излегувања и прошетки. Еден дел се лоцирани покрај плажата и во некои од нив имаше вечерни свирки, а дел од локалите се наоѓаат во внатрешноста каде што се сместени и маркетите.