Во август идам во Неос Мармарас првпат и до сега искрено не ни знаев за местово а други ми викаат супер било ама скапо.Ако може да ми каже некој што бил дали е убаво и дали е толку скапо како што викаат и најважно дали има некоја солидна плажа во близина на центарот...за поубавите знам дека се подалеку.
Неос Мармарас е наголемото 'гратче' на Ситонија (вториот крак) Не е лошо за шетање,сега зависи што сакаш. Плажата не е лоша,да поскапо е ама тој дел ната накај вториот крак сите цени се приближно исти.
Годинава во Грција од 10ти септември, но се двоумиме меѓу НЕИ ПОРИ или пак прв крак (Калитеа, Полихроно, Ханиоти или Пефкохори), според вас оние кои сте биле кое е најдобро за септември, со најубава плажа, топла вода, најефтино и слично. Не ни е битно дали има забави или е мирно место најбитни ни се цените, морето и плажите.
Сум била и на двете места, али не во септември туку средина на август. Неа Пори ти е помирно и помало место, цените на јадењето се скоро исти со местата од прв крак.Тука имаш рајска плажа(огромна, песоклива, водата пречиста,и многу многу школки), па и дека во септември без гужва преубо ќе ви биди.Досека пак местата од прв крак се нешто поголеми(освен Ханиоти кое е доста поголемо)цените на гирото и по локалните маркети се нормални.Плажите се со чиста вода, али не се скорз песок и се по тесни. Он, ова лето Охрид.
Мојот одмор мора да е од 15ти септември, ама воопшто немам идеа каде да одиме.... Предлог место во Грција каде што во тој период е топло и мирно? Не барам ептен пензионерско место, туку едноставно да не е од типот на Закинтос
Сегаде е убаво средина на Септември. Плус цените се пониски, гужвата е намалено, а сонцето свети. Мармарас, Пефкохори, Ханиоти.
Daj kazete nekoe mesto sto ima ubavi apartmani do plaza za so bebence negde vo Grcija. Lani bevme Nea Potidea i bese sovrseno plazata ni bese pred nas, nesto takvo baram ako bil nekoj neka pise
Тропеа, Италија на 1ви септември. И лани бевме тоа време на одмор и беше претопло времето ама годинава ми е страв дека лошо ќе биди времето... Како и да е, закажано е веќе.
Планирам да одам на почеток на јули Коста Брава, па ве молам да споделите искуства дали е убаво и дали има што да се види или повеќе вреди да си сместен во Барселона? Повеќе се сум заинтересирана за Калела затоа што е поблиску до Барселона или сепак Лорет де мар е подобар избор?
Ако се биде во ред, здравје боже во септември Барселона. Верувале или не 4-ти пат ќе ми биде И би одела вака на секои 5 години во Барса на 7-10 дена Башка летово сум сигурни 3 продолжени викенди во Грчка, што е доволно доволно е.