Во Сарти моментално е преполно со македонци и срби, тек тука по некој германец. Не знам од каде таква информација дека во Сарти нема македонци, баш напротив и сега и во јули и август ги има премногу..Денес времето не се погоди Цените нешто ги покачиле, не беа вака преценети порано Дури и Овеликс го расипа гирото а грил миксот од 11 го покачи на 13 евра Трева имаше во еден дел од плажата и тоа препрепремногу, во нов сарти помалку.. Затоа одевме на портокали и каламици ама сега се расчисти па ОК е.. Интересно е што иако има многу гости, скоро никој не седи во таверните, па празно е.. @Cholipam @anonymous16 Друго се е објаснето погоре
Јас бев лани при крајот на август -почетокот на септември, и скоро и да немаше македонци. Но лани ретко која туристичка агенција го нудеше Сарти како дестинација, а годинава има мн понуди па можеби затоа е сменета состојбата. Таков беше мојот впечаток.
Неа флогита бил ли некој, најдовме многу ефтина понуда и тоа во ек на сезоната, па да ми кажете искуства, цени има ли каде да се излезе, плажите какви се
Здраво, би сакале да одиме во Август во Тајланд друштво од 4 другари. Гледавме хотели во Phuket, и можам да кажам дека има одлични понуди, најдовме лет преку Sofia-Doha-Phuket за 450 евра повратен лет. Каде е најдоброто место во Phuket за престој, каде се забавите и најдобрите плажи?
Фала на предлогот ама не, имам 22 год накај 23 не ми се седи со 15 до 18 години македонци, срби и сидосани англичани
Зависи, за журкање и слично во Скијатос на секој ќош ќе најдеш Тасос е посмирено освен две три места меѓу кои е и таа познатата Marble beach (искрено разочарување премало претесно беше) и места блиски до неа. Ако ти е за пофамилијарно нешто Тасос е подобра опција.
Пишував и погоре, мало место е, полно со наши и србни. Споено е со Неа Плагија, се оди пеш од едно до друго дури не им се познава каде граничат. Има ноќни клубови на плажата, два-три, впрочем баровите кои работат и преку ден на плажа. Не работат до касно, мислам до 1. Има преубава слаткара на самиот крај, на ќош.Ако одите баклава од таму обавезно да пробате.
Би ти препорачала мах до средина на август да одиш после почнува влажната сезона и ниту можеш да шеташ ко што треба ни ништо ќе се осеќаш како у релна да те стаиле. Едни од најдобрите според мене се Patong beach околу таа плажа има многу ноќни клубови и барови исто преубава е и Freedom beach а нај од сите е Phi Phi плажата ама за неа треба со траект од Phuket. А кога побрзо сте се решиле да одите и сте извадиле виза за Тајланд?Мене ме мачеа во Софија неколку месеци плус на поише пати да одам
Проверете си какво е времето во тој период. Мислам дека во летните месеци почнуваат дождови и времето е константно ветровито и врнежливо. Sorry ако грешам, ама мислам дека е точно. И искрено, не знам колку е местото за да одите другари. Обично одат парови. Ако ви е за слики за на инста и фб , ама мислам дека нема некоја посебна забава за сингл луѓе.
Од Мај до Октомври не се оди таму.. @Avery девојките таму се за џабе пари, како тоа не се оди со машко друштво... Patong е рајот за тоа абракадабра