Да не забегам само на Миконос, таму па има машки, ама џабе што ги има... Да ме чуе овој мојов дека за машки прашувам, на дива плажа ќе ме однесе годинава не дека лошо ќе ни биде...
Годинава малку шетачка малку бањачка тура. Најдовме за многу евтини пари за низ Шпанија и по некоја екскурзија во Франција(Ница) и Италија(Чинкве Тере)... Инаку турата низ Шпанија е Лорет де Мар и Барселона со посета на две помали гратчиња на море. Одвај чекамм
Конечно прв пат во животот ќе одам на одмор и тоа со дечко ми ххх Вас девојки ве замолувам совети да ми дадете, што, како, каде да одиме.. Дечко ми вика сака во Грција, па предложете места, плажи, смештај.. нешто за докај 300€ Може и охриѓани да ми пишат за смештај за во Охрид на неколку дена.. Благодарна до бескрај би ви била.
Тасос е убаво островче.Ноќен живот има само во Потос.3-4 кафичи еден до друг,убава музика пуштаат и нонстоп е полно во сите.Другите места се повеќе за шетање низ продавнички,таверни...Плажата во потос е ок..Али има многу убави плажи низ островот.Особено мермерната (saliara marble beach) преубава е! Голден бич...Овие 2 се задолжителни за посета. Не е скапо местово мене ми се виде поефтино од на краците.Смештај најдовме таму одма до плажа за 30 евра...А претходно по агенции баравме под 45€немаше ништо добро и блузу до плажата... Тоа ми текнува... мене ми остај убав пречаток.
Месец дена покасно ти пишувам но може ќе ти биде од корист. Убаво место но многу мало. Повеќето е во ресторани и кафичи, за шетање нема многу. Плажата е убава, водата бистра. Минатата недела се вратив, севкупно не беше лошо. Позз
Здрави Ако може некој да каже како се движат цените во Неа Флогита или Неа Каликратија и да ми даде линк или контакт од соби
Ни лани не бевме никаде, ни годинава Лани кога не појдовме рековме е затоа В година ќе одиме на подолго, и дојде В година и ние пак никаде. А премногу сакам, јас сум од оние луѓе што ептен уживаат во море, плажа и сончање. Одам на плажа околу 10-11 а се прибирам 7-8 навечер. И оваа година рековме за вгодина одиме на некое убаво место - па ќе видиме.
Дали некој има одено во Албанија поточно Драч па да ми каже како е, најдовме ептен ефтина понуда па некоја да ми каже што мислии