Па не е лошо мене водата не ми се допаѓа. За бањање реков веќе не одам. А онака на еден ден може било кога
Да ми препорачате некое место за одмор со 2 год детенце се мислиме за албанија ксамил ама може и др места цени за смештај, пат (со кола ќе одиме) како се плажите? Ќе одиме на 14 август па добро би ми дошле некои понуди.
Mоже ли нешто подетално за сместување цени како се движат во продавници на плажа сакаме да одиме на 14 сега па и ако имаш контакт тел добро би било(во порака ако може)
Девојки дали знае некој каде се вади виза за Тајланд за македонски државјани? Барав на нет, ама неможев да најдам таква информација. На претходните страни ве прочитав @Versace Btch 24 @Dust @abrakadabra5134 за Тајланд зборувавте па можеби вие имате некоја информација.
Да ве прашам некој ако бил Будва, нели со Евра кај нив... па дали метални примаат на пример по 0.50 по1 или 2 евра и слично?
Дали плажата во Потос е убава, доколку сум без сопствен превоз и немам можност за посета на други плажи? И дали местото е убаво за шетање?
Споделете некое фино место во Грција, од прв или втор крак. Ко за „пензионерски“ одмор, без вајлд најтлајф и журки. Од прв крак единствено не сме биле до Афитос и Сивири - тие ми изгледаат привлечно, но немам некој близок кој одел натаму. Оние од спротивната страна - Калитеа, Ханиоти, Пефкохори и другите по ред ни се речиси сите прошетани, видени, и не ми се оди таму, врие од Срби. Исто најдов фин смештај за во Никити, па давајте абер за некое место плус. Секое искуство ми е добредојдено. Разгледувам понуди и за низ Хрватска, ама Грција ни е поблиску, па не е лошо да се има идеја плус.
@Mishela од овие три Никити. Баш е мирно, пензионерско со супер плажа. Афитос е како на брдо, ако не ви претставува проблем. Ама има некој прав грчки шмек. Сивири исто не е лошо. Ама и во трите врие од Срби. Ретко каде во Грција ги нема. Посебно на краците. Предноста на Никите се рамните плажи, песочни. Не е ни големо и бучно, ни премало селце. Онака таман по мои мерки би рекла. Плажите на втор крак се за нијанса пофини од прв. И гужвите се помали. Разгледај го и Торони на втор крак. Сарти е таму извикано и полно и наши и срби. Па јас би го заобиколила. А таму единствено што вреди е Портокаловата плажа која е надвор од градот.
Знаев дека @duffi ќе се јави од некаде, фала ти. Сарти му било предалеку на дечко ми, а мене не ми прави нешто многу мерак. Сум била таму како дете, сакам нешто непознато. Па ако веќе е Грција, навивам за Никити и јас. Штом плажите се песочни, може да се има предвид. По слики, ми се допаѓа како изгледа. Не сакам на прв крак, некако ми одмиле сè таму. Дали дека последниве неколку години се одбирало поблиска дестинација не знам, ама редно е да се прошета и на друго место. П.С. Значи нема спас од Србите. Ајде може ќе ни се погодат некои поцивилизирани годинава.
Ако сакаш да одмориш од срби, најдубаво да си уплатите во Хрватска. Преубаво е, цивилизирано со нестварна природа и чисто сино море. Точно патот е долг (во километри е скоро исто но е многу лош патот низ Црна Гора), но нема споредба со грчките селца.
Не знам како ќе биде со возење натаму, патот не ни е познат, а дм прв пат ќе вози па да видиме како ќе се снајдеме на поблиску. Затоа знак прашалник годинава, иако јас навистина повеќе сакам одмор во Хрватска. Има време, ќе размислиме. Засега било какви предлози би биле супер.
Нема одмор од Србиве @Mishela . Ама баш секаде ги има. Исти како нас се. Не сме многу различни. Инаку Никите е фамилијарно ептен , па сметам поцивилизирани се. Ама има викање по деца, пискање она типично за нас. Секој да не разбере. А и не е далеку. На почетокот на кракот е . Нема многу пат. Имате време , разгледајте . Исто и Метаморфози не е лошо. Пред Никити е . Фамилијарно местенце.
Мене Метаморфози не ми направи многу мерак. Гласам за Никити од горенаведениве.. Ма да мене ако ме прашаш за Грција, вака како за нас млади, би ги препорачала островите И таму има мирни места, не се сите како Кавос и Лаганас. Инаку зависи и кога планирате да одите, некогаш врие од фамилијарни луѓе а некогаш не..како на пример први 15дена од јуни тогаш обожавам да одам Во Торони имам најубаво одморено мозок Никити има убава плажа, има аптеки, доктори, маркети, таверни..се..
Не ми сметаат деца, само сакам баш некое фино место со многу таверни за полнење стомак и фини плажи, а да не биде прв крак. Да не биде ептен журкаџиски настроено, не сме по тоа. Торони сум заборавила да го вметнам, исто и за таму гледам понуди. Планот е годинава тест-вожња до Грција, па догодина (со повеќе финансии) да се прошета до некој остров или да ја шетаме Хрватска. Прв пат одиме во сопствена режија и малку паничам. Се надевам без потреба.
@Mishela земи го предвид и Ормос Панагиас. Плажата е рај, иако вилите не се баш на сама плажа, местото е идеално за баш пензионерски одмор. На почетокот на втор крак е, ама од другата страна, спроти Метаморфозис.