Нема потреба од паника, само добра апликација со мапи и следење на знаците. Ние, пак, најмногу сакаме да патуваме во сопствена режија. Јас и со автобус немам проблем, ама мм место не го фаќа. Тој подобро ќе вози цел ден, отколку со автобус да патува
здраво ме интересира да прашам за лефкада како се движат цените и превозот до поубавите плажи и се мислам за смештај има опција нидри,василики и апос никитас која е најдобра?
За превоз не знам, ние со кола бевме. За сместување убаво е во Нидри, имаш доста таверни, барови, продавници, пристаништето е тука, од каде што има крстарења. Плажата не е нешто, но ок е. Мирна и плитка вода. До Порто Кацики од овде има околу еден час со кола, малку подалеку се убавите плажи. Имаш цела тема за Лефкада, прочитај таму искуства
Ако имате можност одете само со кола..ние лани бевме со автобус и се зезнавме многу. Бевме сместени во Нидри многу убаво место има многу кафичи, ресторани, продавнички..е сеа плажата не е толку убава водата мириса на нафта од бродовите...Секоја плажа од Нидри беше оддалечена минимум 20км, ама без разлика каде и да се сместите ќе треба да одите по другите плажи.. Имате опција ако одите со автобус да изнајмите моторче таму ама мора да има еден од вас што ќе вози возачка за мотор.
Атер за Токио има да станеш. И тоа ќе трчкашmuscle: Ако ептен морате со автобус , најдобро е да се сместите во Агиос никитас . Барем има убава плажа. Нидри е повеќе за ноќен живот. Василики нешто не ме бендиса.
Предложете скромно место за млади со убави плажи и убав ноќен живот, не од типот на закинтос, нешто по мирно што е добро за шетање без кола
Египет и Шпанија се широки поими Од наведениве би одбрала Санторини; Египет моментално лично не би одела, макар што знам луѓе што беа скоро и викаат супер е; Шпанија на лето во последниве 2-3 години е преполна а и доста поскапа.