1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Каде летово на одмор?

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од newring86, 8 април 2010.

  1. Zoza

    Zoza Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    792
    Допаѓања:
    297
    минатото лето беше Грчка ама оваа Хрватска 100% ем ми е блиско а не сум ни била до сега кај нив на море ;)
     
  2. nesa

    nesa Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2010
    Пораки:
    843
    Допаѓања:
    1.226
    Пол:
    Женски
    Бидејќи за околу еден месец се враќам домче, обавезно Хрватска-Цавтат оваа година нема да помине без мене.
     
  3. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.902
    Пол:
    Женски
    Ајде феминки малку помош, оваа година сакаме во Турција да одиме, во Анталија или Алања, ако некоја веќе била може ли малку информации во врска со храната, се мислам дали ќе и се допадне на ќерка ми т.е. дали тоа што го нудат по хотелите (зборувам за all inclusive услуги) ќе може да го јаде, исто сакам да прашам дали соковите се вкусни...или сепак ќе треба да носиме од дома...Однапред Ви благодарам за секоја информација :)
     
  4. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Јас сум била во Анталија, во Белек. Мало местенце, прогласено беше за најмонденско место пред 2-3 години или барем беше во топ5. Не можам да се сетам, што води кон тоа дека е убаво. Ние го одбравме за да видиме зошто е толку посебно местово и воедно затоа што е еден од ретките предели да речам што изобилува со зеленило таму, се надевавме на ветре. Не ми текнува кое дрво точно го имаше најмногу. За љубители на голф е измислено.
    Храната во хотелот каде што престојував беше феноменална. Имаше се. Неколку места низ цел хотел каде може да се јаде. Помеѓу плажата и базенот имаше ресторан, за ручек таму, да не мора да се пресоблекувате итн. Па тимот аниматори заедно со дечињата правеа пица, и после ја продаваа во хотелот за забава. За мали деца е измислен овој хотел за кој јас зборувам. И кино имаше и се. Времето и влажноста според мене се голем минус, но настрана од тоа навистина беше премногу добро.
    И претежно имаше да речеме храна слична на македонската. :D Скара правеа на лице место, турско лепче и гиро имаше за време ручек исто така, една жена со ракавици (хигиената беше на високо ниво) го приготвуваше, доколку некој не сака класичен ручек во некој од рестораните. Лебот да го преболам не можам. За него би се вратила обавезно. :D Секој ден во 17:00 на базенот се служеа колачи и сладолед. Немаше еден час пауза од храна, во секој ресторан секогаш имаше нешто. Соковите беа вкусни, имаше и природен сок и тетрапак во големи бокали, детски коктели правеа, за тие тепачка беше. :lol: Исто така околу 18 часот чинам, правеа вафли и палачинки. Тука ред имаше до плажа од русите. :D Фибула се според мене за Турција најдобри и најдобро би Ве упатиле.

    Доколку Ве интересира ова е хотелот http://www.crystalhotels.com.tr/webyeni/index_en.html, групација на познати хотели во Турција. Кликнете на сликата CRYSTAL HOTELS која ќе се појави, и потоа од десно ќе се покаже Our hotels, таму Crystal Family Resort & Spa.
    Јас лично топло го препорачувам, затоа што секогаш сакам хотел на плажа, чист пред се, убава соба (ова не знам зошто, ама многу ми е важно и по нив ги судам хотелите), добра храна, пријатен хол, добра локација, тим аниматори, all inclusive, базени, повеќе ресторанчиња.
    Е сега кога веќе започнав со овој хотел единствено лошо според мене беше локацијата, ама Белек е мало градче, имаше по пат продавници, преку улица беа. Само кај што се продаваат чанти цените штрчеа прилично, по 200 евра чанта и демек оригинал била. Имаше многу за облека, истото што го има и тука да речеме, и места за локум, слатки, сувенири итн. Преубав накит продаваа да не заборавам да кажам, жалам што не купив ништо. Во секој случај, цените беа рипнати на накитот до некаде, или пак мене не ми се даваше толку пари, чантите, куферите кои беа лажни. :D
    Среќа во несреќа, покрај сите луѓе од Русија продавачката во продавницата која беше во склоп на хотелот (и самиот хотел располагаше со колонијална продавничка која не беше скапа, потоа за чевли, чанти, сребро, кожа, и фризер и тетоважи) зборуваше македонски. И јас реков нешто: мамо ама е закон што никој не не разбира, и таа се подаде со бугарско-македонски мешан јазик. Русинка која работела во Македонија или нешто сл. :)

    Бре, колку се распишував. Се надевам делумно помогнав.

    p.s. tripadvisor, е од голема помош за проверување на хотели и нивните услуги. :)
     
    На lolyta777 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.847
    Цавтат е мноооогу убаво место за одмор. Јас бев и многу добар впечаток ми остави, плус имаш цело време превоз со брод до сите други места на Јадранот, па така ќе си шеташ и по околните градови. Водата е како солза чиста, само внимавај на Сара, на некои плажи има морски ежови, купи и од оние како кондруччиња за во вода што се ;)
     
  6. nesa

    nesa Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2010
    Пораки:
    843
    Допаѓања:
    1.226
    Пол:
    Женски
    :) Фала, знам сум била и затоа сум решена пак да одам, а мислам дека ќе ни стане традиција :D
     
  7. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.452
    Во Турција на одмор не треба да се грижиш за ништо, за храна па најмалце...тоа е совршенство...хотелиери со традиција се...посебно ол инклузив... :x нема што нема...
    Во хотелите со 5 ѕвезди има и за бебиња храна, за во другиве незнам, ама и да побараш излагаат во пресрет...
    Земи некоја кашичка реда ради, ама воопшто немој да се секираш...гладен никој таму не останал....
    Во Турција на одмор одам секоја прилика...слободна недела, и таму сум....презадоволна сум...
    Не се секирај за ништо ;) :)
     
    На lolyta777 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. meredith

    meredith Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    363
    Допаѓања:
    78
    се согласувам, во турција хотелите се прекрасни
     
  9. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481

    Секако дека ќе треба да се загрижи ако станува збор за хотел со 2* на пример. :) Затоа е и тоа рангирање со ѕвезди, некои хотели се лоши, да не речам одвратни со хигиена, услуга и се што следува. :)
     
  10. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.545
    Најпрво загревање пред одмор , крајот на мај Кушадаси една недела .. А за јули-август планираме Грција или Хрватска сеуште се двоумиме..
     
  11. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Бил некој во Лидо ди Јесоло во Италија?
    Имам одено јас на апсолвентска, ама ме интересира за летно време какво е.
    Плус посеверно е местото, се мислам дека е доста поладна водата.
    Некој да бил па впечатоци?
    [​IMG]
     
  12. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски

    Па и не се баш пресудни ѕвездичките за квалитетот на храната.
    Јас лани бев во Анталија, во хотел со 4*. Сосема сум задоволна од сместувањето, дури и прездоволна, а за храната немам збор. Повкусна храна немам јадено, значи топло, зготвено главно јадење, со уште 10 други придружни јадења во случај тоа да не ти се допаѓа. Дури кажив и килце некое од што не можев да престанам да јадам, од што вкусно ми беше.
    Од друга страна, мои пријатели во хотел со исто 4* не беа задоволни од храната, ама баш ич, и цел одмор си јадеа по околните ресторани.

    Во принцип имаат традиција во угостителството и кога станува збор за храна се непогрешливи. Ама може да се случи ете, некогаш да не се погоди изборот. Понекогаш и од агенциите знаат да зезнат, да преувеличат нешто, да ти замачкаат очи.

    Во секој случај, мислам дека во Турција нема утка со храната. Многу е слична нашата кујна, со зеленчук, разновидна и здрава. Соковите се како и секаде, зависи најмногу што нуди хотелот.


    Едит: Роси, јас лани требаше да одам. Прекрасно место е, не многу одалечено од Барселона, така да можеш да шеташ. Ноќниот живот е лудница, ама си бара подлабок џеб. Многу ми е криво што не отидов, ама од друга страна не се каам.
     
    На lolyta777 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Shana

    Shana Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    1.505
    Со две мали деца (2 и 3,5 год), минатата година одлично си поминавме на Халкидики и не планираме да менуваме и ова година. Правиме две тури, почеток на јуни и крај на август. Одиме со кола и што и да се случи, во секој момент може да се вратиме дома за 3 часа. Подалечни дестинации и авионски превоз не планираме барем уште 2-3 години.
     
  14. didi1982

    didi1982 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    271
    Допаѓања:
    4.115
    Не знам баш дали би направила класичен одмор, во секој случај во јуни ќе одам во Париз, на недела дена, а бидејќи таму ќе потрошам се што имам заштедено, летоска ноџињата ќе си ги ладам во родниот ми град Охрид :lol:
     
  15. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Сигурно си слушнала на вести за колку наши фамилии биле зезнати. Се вртеше многу по вести тоа пред некоја година. :) Не зборувам за храната, мене ми е иста. А наша, а нивна. Имам комплетно опишано погоре во коментарите за мојот одмор, навистина сум без сериозна замерка, но секогаш сум за тоа дека треба да се проверува се на форум, било кој што е за вакви работи наменет, каде најискрено може да ти каже некој (секако дека има и коментари кои се грешни, но повеќете се точни), плус и можност за ставање на слики има така што не ги гледаш само оние професионалните кои ги има на веб сајтот на хотелот.
    4*, епа има хотели кои одат накај 5*, оние кои одат накај 3* и златна средина, ни таму ни ваму што се, туку класика 4*. И тоа е многу важно.
     
  16. mishulence

    mishulence Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2010
    Пораки:
    116
    Допаѓања:
    16
    Дали може некој да сподели искуство за Шпанија, преку која агенција,каде,таму како било, колку се чинело и сл. информации.
    Благодарам однапред :)
     
  17. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Не е Лоред де Мар.
    Лидо ди Јесоло е, ова е во Италија, близу Венеција ;)
    За Лорет де Мар знам се :D Го обожавам местото е, другарка беше летно време и е презадоволна, само кажа дека ладна е водата и има многу струи. За ноќен живот проверено е, прееееенајдобро е! И јас по тоа што бев 5 дена во местото ќе кажам дека не е ич скапо и другарка ми го потврди тоа за летно време. Цените се тука некаде, храна нормална, алкохол тука некаде е. Само што нема да можам дечко ми да го натерам по 4 дена да патуваме до Шпанија и да седи он во автобус цело време. Не може да се замисли толку во автобус он :D
    Иначе саат ипол/два е одалечено од Барселона, 50 евра со такси во еден правец ;)
    Иако агенциите имаат во планот 1 ден те носат во Барселона, тоа е во цената во целиот аранжман.
    Па сакам во Лидо ди Јесоло. А не знам никој што бил таму близок, лани имаше многу тури за местово.
    Иако може нема ни одмор да добие годинава он, џабе си планирам, ама за секој случај да сум си информирана :lol:
     
  18. Shana

    Shana Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    1.505
    Во Шпанија бевме со автобус 2002 година преку ТА Александар и сме презадоволни. Незнам дали ова агенција сеуште прави вакви тури. Турата беше модифицирана од апсолвентска, исфрлени некои места така да се возевме до Венеција, имавме едно ноќевање, следниот ден до Бланес каде имавме 7 ноќевања. Се вратија по нас 9ти ден, посетивме Андора, Ница, каде исто така имавме ноќевање. Последниот ден посетивме Монако и Монте Карло па назад ноќно возење до МК. Бевме сместени во гратче Бланес кое се наоѓа близу Лорет де Мар, на кај Барселона.
    Бланес ми се допаѓа повеке во однос на Лорет де Мар бидејки е гратче каде луѓе живеат преку целата година. Има куќи, станови, хотели. Лорет де Мар е населба само со хотели. Многу ми се допаѓа кога кога можеш да се помешаш со локалното население и да го почуствуваш животот во тоа место. Друга позитивна работа кај овој одмор беше што има воз од Бланес до Барселона, кој во Барселона преминува во метро па за 20 минути си во центар на Барселона на Ла Рамбла за 30 центи. Еден ден одевме на плажа, еден ден шетавме. Барселона е ПРЕКРАСНА, Гауди го оставил својот печат на секој чекор. Цените во 2002 беа исти како кај нас.
    Планирам да одиме повторно, ама првин Лондон ми е на список :?:
     
  19. Cacy

    Cacy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    2.244
    Допаѓања:
    1.547
    Во Дојран или Oхрид ако случајно не се случи нешто ненадејно да одиме на др место :D
     
  20. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.847
    Во Хрватска, се мислиме меѓу Макрска и Опатија. Јас повеќе сум за Опатија, па ако бил некој да ми каже подетално дали е добро? :wasntme: