Јас лани бев во Сутоморе и преубаво.За смештај лесно ќе најдеш,е сега цените зависат од тоа дали одиш во сезона па дали земаш соба или апартман (на ден од 10€ до 30€)Инаку прекрасно искуство јас можеби пак ќе одам и оваа година.
Ајде ако може да ми кажете како се движат цените за лептокарија грција таму сакам да одам во јули со сопстврн превоз таму дали ќе мозам да најдам апртман или морам преку агенција и дали им се скромни цените и ако може одприлика да ми кажете нр брам некој луксуз фалаа
Планираме 3 крак,само не неможеме да се одлучиме за кое место,Јерисос ,Неа Рода или да се сместиме на амулијани ...
Да не има некој бројче или да знае некој што издава апартмани во Неа Флогита што се поблиску до плажа. Фала однапред
Ова лето се одлучивме за Велипоје- Албанија. 25 евра за апартман со доручек за нас тројца. Во албанија сум била во Ксамил и Каваје. Ксамил е мало место со преубави плажи и бистро море. Ама е буквално како селце, може во последниве години малце повеќе се развило. Каваје е кај Драч. Јадранско море, долга песочна плажа и солидни цени. За шетање нема многу, ама има еден куп ресторани и се е на сама плажа. Е сега зависи кој што бара. Јас на одмор одам за плажа. Не сакам да одам некаде и да се мачам да одам по плажа од камења, а во вода да влагам со папучи. И да биде ефтинко секако. Не ја гледам поентата за скапи апартмани, кога за тие пари можам цел одмор да поминам. Е сега да не се лажеме, ама ол ин у турција би си уплатила кога ќе имам можност.
Ми треба мислење за вториот крак? Плажи и убави места кои би ги посетиле? Поточно за Неос Мармарас и преку никана искуста дали некој има?
Неос е убав ,но е узбрдо и низбрдо поголемиот дел,околу стадионот има сместување на рамно. Плажата е тесна. Пред Неос ,на Парадизо плажата има населба со сместување. Атлантик Кавадарци имаше апартмани таму. На 5 км од Неос е плажата Лагомандра ,за мене најубава поради дебели природни сенки.
Ова што го најдов е на рамно, и до таа плажа Парадизо близу. Првпат би оделе на вториот крак, српскава агенција ми има убави понуди, но ќе ѕирнам и во атлантик. Сакавме Сарти но се се мали студијА, а ние сме 4 ца и ни е потребен двособен апартман.
Од втор крак, Неос не ми е баш прв избор. Најголем е како град, ама плажите на Никити, на пример, Каламици, Сарти се многу поубави... дур сте таму на еден ден појдете и до кампот Арменистис Едино Лагомандра што Косми ја спомна е преубава. За сместување барај преку Атлантик или АирБнБ ќе најдеш по вкус нешто.
Ако се сместиш на Кукунариес , ќе трошиш пари за до центар, а и до другите плажи доколку не планираш секој ден да си на иста плажа. Ако се сместиш во центар, секој ден ќе даваш пари за автобус за до некоја плажа. Или евентуално да си изнајмите скутер па да се возите каде сакате. Околу 1 евро плус минус беше цената пред 4 години за автобус до плажите, сега не знам колку е, ама знам дека во топ сезона било мнооооогу гужва по автобус. За цените искрено не се сеќавам, не беше многу евтино, ама не беше и прескапо.
Сарти често има бранови и дува. Неос е мирен,е сега ако сте сместени на Парадизо ,има како едно брдо и се влегува во Неос ,но пак ке повторам поприлично е брдовит. Може да ја погледнеш и Псакаудија,Никити исто така,дали е важно да сте баш во град сместени? Зошто има доста сместувања и кај Koviou плажата.но ќе треба до Никити да одите за снабдување. На втор крак само со кола,така може да шетате по плажите.
Со кола сме, затоа ќе возиме до плажите.затоа и прашав за околни места. Мора да е град, у село му било "пензионерски" на мм. Мора да има и за навечер за шетање Врахос од лани не го сака само заради мирното селце, а водата сон.
Здраво, сакам да слушнам искуства за Кефалонија Поро, значи ме интересира град како е и плажи блиски, затоа што не идеме со авто? и какви се плажи дали песочни или камени ? Или некој предлог за краци втор или трет, сакаме значи ем добра плажа ем да има каде да се излезе да се прошета да се седне ресторани ? Фала однапред
Два пати имаме резервирано преку никана, ок се, ако не ти одговара нешто ќе ти понудат други опции. Ние бевме една година на Парадизо, онака ок е, за мали деца посебно, ако сакате град тогаш Неа Мармара дефинитивно. И во торони бевме една година (исто преку никана), супер беше. За гужва и народ имате и на Сарти
По мене најдобра плажа на вториот крак е трани амуда, местото се вика ормос панагиас. Гледа накај третиот, од таа страна. 10-20 км северно од вурвуру.