Да, баш на плажата нема. Инаку на 5 минути пешки е населбата, има некое продавниче и 5-6 ресторанчиња.
Па Јерисос ке биде најверојатно,било најурбано а воедно и убаво море и плажа,но ако одите со кола секако се ке просетате ...хаве фун
https://www.facebook.com/natsa.bukushovska/ Контактирајте ја зенава располага со апартмани во флогита
До Лефкада не се оди со брод . Само по копно се патува Е , има тура со брод од Лефкада . Ама тоа ако сакаш. Пример да одиш до Кефалонија ,или некои попознати плажи
Има тура и со брод. Од Гевгелија , од р.Вардар испловува. Кај мотелО е пристаништето Се шалам Островот Лефкада со копното е поврзан со едно мост-че. Околу 500 м нека е долго одприлика. После него цела Лефкада ја шеташ со кола. Екскурзијата со брод до Кефалонија да Не ја испуштиш. Вреди за сите пари. 20 евра е од човек,цел ден си на брод, уЗ пат ќе видите многу острови. Ќе се капите на плажата каде имала вила и се капела Џеки Кенеди . Имате време за скокање од брод. Итака ќе го видите.Кефалонија е преубава, таму имате време за ручек. И то...
Ова „лето“ единствена опција ми е да одам на одмор во октомври или ноември. Дали некоја од вас била во тој период некаде? По можност во некое топло место. Или ако имате сретнато некои понуди во агенциите, споделете ги.
Не знам дали некој нуди кај нас, ама Египет ти е добра опција тој период. Турција можеби, евентуално Крит. Види како се движат температурите тогаш.
Јас летово тука.. Сонце, ветре, природа.. Се дише барем..воздухот е полн со мирис на лековити билки и чајчиња.. Успат кантарион ќе си соберам.. риген.. некоја слива, аронија, ореви Welcome to my paradise
Ние со мм планираме да истераме еден одмор од соништата, па во потесниот избор ги ставивме Малдиви или Бали? Има ли некој искуство со овие дестинации?
Ние бевме Малдиви крајот на Септември почеток на Октомври, супер си поминавме, од сите 7 дена еден ден цел врнеше и тогаш беше многу досадно дека немавме што да правиме. Има доста активности да се прават, малку се поскапи иако ние бевме на најевтиниот остров и се плаќа во американски долари. Ако сакате баш да се одморите тоа е право место за одмор, единствено нешто лошо беа летовите премногу чекавме за трансфер на аеродром бевме цела вечер. (12 саати) Сега во Февруари ќе одиме Бали, па ќе видиме како ќе биде.