Бројките се далеку од точни, туризмот е на стаклени нозе. Почнаа и со кампањи и промовирање места овде како корона фри, а не се. Исто како што молчат за бројките после ифтарски за североистокот на Гр каде што има муслимани. Плус наскоро повторно стартуваат траектите со Италија и сите аеродроми. Муабетот ми е никаде не е безбедно, ризикот си постои и како се чини ќе си постои уште долго време. Кај и да се оди, треба да си се пазиме.
Да ама ако си Македонија и ако добиеш вирус сепак тука си, а во друга држава незнам што би правела во тој случај
Така и' си мислев, во врска со бројките. Пазењето секако останува, дали ќе сме во Охрид или Парга. Србиве на 14ти јуни тргнуваат преку Бугарија, на 15ти веќе да биле на Грчка граница. Секако. Грците објавија дека доколку турист недај боже заболи, државата го плаќа лекувањето и карантинскиот смештај.
А ако не пикнат во некој државен карантин кога ќе се вратиме во мк? Мене многу ми се иде на одмор ама ризик е не знам што ќе биде
Не е доволно. Островиве буквално живеат од туризам. Овде каде сум од Велигден почнува сезона до Ноември. Сега штама е. Ама се оди на тоа бар еден дел од летово максимално да се искористи. Од друга страна пак, маж е пресреќен што прв пат после 20 години колку што памти, улици и автопати се празни нема гужви, нема застој, сегде се стига на време. Ужас е сообраќајот иначе. А мене ми е супер без авиони. На секој пола час или слетуваа или полетуваа. Не го можам звукот ден и ноќ. На кој што му одговара.
Дечки, а што мислите дека вирусот ќе исчезне магично или ние ќе успееме да го одбегнеме? Вакцина нема да има уште долго време, што значи ќе го фатиме горе доле сите, пола од нас може и сме го прележале без да знаеме. Каде и да одиме е ист ризикот. Нема места без ризик и места со ризик, тоа нека не ве лаже никој. Што не значи дека треба да се затвориме дома и со страв да одиме само до КАМ, каде исто можеме да се заразиме. Олабавете се, што се однесува во тој поглед, џабе е целата параноја на светов. Што се однесува до нашиве граници, којзнае кога ќе ги отворат, со оглед на "новонастанатата ситуација", ама знам дека првиот момент кога ќе ги отворат, одам за Грчка (ако не примат)
Оваа година изглеа тешко на одмор. Ем на 1ви отвараат а и фали е сигурно, ем правеле брисови наизменично на граница па недај боже испадне позитивен идеш во карантин.
Предложив дома Белгија, двата други сакаат Германија Лани бевме по една недела во Берлин и во Прага.Ако не се короносаме, арно ќе биде било каде , ама себичната црта ме јаде
Како би ми добро дошол еден одмор сега ау.. Гледам Турција има тестирање од нив се е тоа ок, но ме јаде да не случајно си префатам вирус и вака бремена Ептен сум на мисла,но до Септември има време ќе видиме како ќе биде ситуацијата..
Границата Грција е полна со срби,многу им е гајле дали имало корона или не,битно си отидоа на одмор точно една минута по отварањето на границата...
Најверојатно тура низ Македонија Страв ми е да излезам било каде надвор од мкд, дека правилата ги менуваат од сега за вчера. После избори очекувам пак да вратат и карантини и се друго, и да се зголеми драстично бројот на по 200 секој ден.