Во Шпанија одам веќе 5 години. Секогаш на различни места, само два пати сум била во Лорет. Местата се фантастични. Од агенциите сме биле преку Дипломатик, Нехар, и Тера Травел. Досега не е имало утка со ништо. Смештајот секогаш е бил на ниво, преубави соби, пред се’ чисти (мене тоа ми е најбитно), ги чистеа собите и менуваа крпи и постелнина секое утро. Јадење имаше во изобилство. Буквално од пиле млеко. Првиот пат кога ја видов Шпанија беше преку Дипломатик и беше екскурзија преку Италија па Шпанија па Франција. Доколку не си била на оваа тура јас ти препорачувам да одиш. Цената е околу 400 евра(без џепарлак). После таа тура се одлучив дека не ја менувам Шпанија никогаш. Јас не ја повторив по втор пат турата дека ми е малтретирање да тепаш толку пат за места кои веќе си ги видел. И затоа после таа година одлучивме да одиме само на едно место. Инаку турите само за Шпанија почнуваат од 500 евра па нагоре и тоа зборувам полн пансион и авион.Турите во мај се поефтини започнуваат некаде околу 400 евра, исто така и во септември. Плажите се извонредни, дооолги и широки, водата е топла Шанкови по плажа колку сакаш. Во Мајорка и Ибица се организираа дневни журки на плажа. Музика, коктели, забава до бесвест. Во Лорет јас не начекав таква забава, не знам можеби и не се организира. Продавници еден куп shop till you drop Во Лорет начекавме и попуст. Ноќниот живот е лудница секаде! Во Лорет има милион дискотеки, клубови, со секакви забави. Обично нашиве агенции ја нудат дискотека Hollywood, убаво е и таму. Во Ибица забавата повеќе е сконцентрирана на плажите. Секогаш има многу јаки Dj-i и се прави атмосфера невидена. Не знам што друго да ти кажам Прашај нешто подетално ако те интересира. Поздрав
Морам да кажам дека и јас тоа го знам водата е ладна во Шпанија , отворено е морето, имало струи многу. Другарката во Лорет де Мар влегувала одвај во вода по еднаш на ден на кратко, колку да не биде без ич, а баш се смееше вика научена јас во Грчка фаќаш прв ред на плажа се печеш се бањаш во бања, идам во Шпанија прв ред на плажа кога дојде плима пола плажа ја снема, па и ладна грч водата. На дечко ми братучетка беше на Палма де Мајорка, и не се задоволни, ладна многу водата и многу карпи, песочни плажи прееееемалку имало. Другарка беше на Ибица и таа се жали на водата. Очигледно дека е ладна водата. Ама младите идат за забава на местава во Шпанија, не за бањање очигледно. Јас многу би се нервирала да не можам да се бањам, ебате одморот. Затоа прашувам за водата во Лидо ди Јесоло, ај се надевам ќе се појави некој што бил
Летово планираме или за Црна Гора или за Албанија, има уште време на крај можеби и некоја трета дестинација ќе биде
Очигледно дека ќе си одам во Грција, ама ич не ми е ќејф.Нешто тенка сум со паричиња па ќе одам на крај на сезона.
Струења,плима, грч Не знам кој што очекувал, али не е тоооооооолку грч како што ви кажале, струења немаше воопшто, а бранови конкретно за лани имаше само еден ден. Можеби за плима зборуваат затоа што во Лорет плажата е рамна и како се доближуваш до морето е крива и е надолу, и кога има бранови го покрива тој дел. Ако под плима мислат на тоа..... Мене не ми беше ладно воопшто. А Лидо е убаво местенце, плажата не е крива, песокот е убав и водата и таму ми беше топла, само хотелот кај што бевме сместени беше катастрофа..... Убаво е тоа што ти е блиску Венеција и можеш да одиш кога сакаш. Ние тогаш со турата ја посетивме и Верона, исто многу ми се допадна местото.
веќе ако одите до макарска фатиси траект под нозе и тркнете до брач 100 пати поубаво е од макарска, опатија не сум била
Јас сум била во Макарска а сестра ми во Опатија. Ни таму ни таму не би одела Во Макарска плажата е од каменчиња и водата е многу бистра. Многу е далеку, а не можам да кажам дека е нешто посебно и дека вреди да се оди. Во Опатија сите плажи биле со камења или цементирани. Имало многу млади, но бидејќи на мене на прво место ми е морето и плажата јас не би одела
^ Карак ми го предложи Брач, па сега за таму ќе ги разгледаме понудите. Иначе и мене на прво место ми се плажите, сакам да се блиску и да не се нозе да искршиш од камења. Пожелно е да има и млади и пред се да е убаво местото. Пошо веќе даваш пари и сакаш да се одмориш и да ти се погоди и смештај и место.
Јас Бев преку дипломатик пред 2 лета....водата е топла за топла,но не е многу бистра,такво си е морето,и не ми се допаѓаше што треба многу да одиш малку повеќе за да дојдеш до подлабочко место за да би можела да пливаш инаку имаше мнооогу ракчиња ама не е страшно...плажата е сон огромна ,широка,претежно се лежалки а ако сакаш во прв ред да се пржиш не даваат чадор да отвориш само крпа можеш да ставиш,значи ако не сакаш да плаќаш лежалка која беше скапа,а зависи и од месецот,јули ја качија за 2-3 евра че си ставиш крпа само ....градот не е мал ,ок е има што да се види,убав ноќен живот,убави места за јадење,продавници куп-само малку поскапо,предност-венеција ти е одма близу па обавезно ќе ја посетиш
Годинава сакам Турција,не сум била никогаш,ама здравје има време...зависи и од финансиите ако не пак до грчка ќе се тркне и секако милиот ни Охрид со цени како на море
Годинава сакам да одам на море...со дечко ми се разбира... Минативе години се нешто искрснуваше во последен момент, па остануваше да поминеме само неколку дена во Охрид, се надевам дека ќе ми се исполни желбата ова лето...
Штом преку Дипломатик, сигурно сте биле во истиот хотел како нас. Ти текнува ли како се викаше, јас не можам да се сетам??? Знам целиот беше обложен со црвен теписон и на ѕидовите имаше дури И се сеќавам на гобленот,една девојка облечена во жолто Имаше и дискотека долу. Тој ли е? (ама ти го објаснив )
Роси, my bad, си се помешав јас. Инаку сум била во Лидо ди Јесоло, на екскурзија. Градчето како градче е убаво, големо, плажата е огромнаааа и има многу продавници. Ноќниот живот не го искусив, ама градчето е познато по ноќните забави. Да, блиску е до Венеција, саат време вожња, можда и помалку не памтам... Е сега, ако планираш да одиш, биди екстремно внимателна со агенциите. Ние бевме сместени во хотел со 4*, кој беше веднаш до плажата, ама погрд смештај во мојот живот не сум видела. Пропаст невидена, со железни кревети и расипани клима уреди. Сериозно ужасен. Планиравме и да ја тужиме агенцијата. Од друга страна, другиот клас беа во хотел со 3* и се во хотелот им беше на копче. Буквално! Луксуз до коска. Поентата ми е да ти кажам да внимаваш и пред да одбереш смештај, да го бараш на нет, да се распрашаш убаво во агенцијата. Голем број од хотелите во Лидо, наводно имаат повеќе ѕвезди, а се ршум внатре, направени колку да се преспие. Што се однесува до водата, имам другарка која има летувано таму, и ми кажа дека водата е ок. Единствено што се пожали е ветерот, дека често знае да се направи како бура и после тоа да се повлече. Друго не знам што да кажам, можам само слики да ти покажам од плажата, да видиш колку е убава!
Девојки, ме интересира лично искуство за Санторини, Миконос, Иос, или пак можеби Крит? Некој друг остров може да е, ако има некој предлог? (Само не Крф или Закинтос) Сте биле ли, преку агенција или сопствена организација, какви се условите, смествање дали хотелско или апартман/студио? Цените, плажите, воопшто впечатоци? Вака што разгледував изгледа преубаво, но сепак мислње од прва рака е добродојдено.
Ако одеш Турција да знаеш најубаво ќе си поминеш ем забави ем уживање на песочни плажи. Јас две години под ред бев во Турција и радо и оваа година би отишла ама ај ќе сменам малку па палнираме на некој од Јонските острови, но сепак е рано. А некаде погоре прочитав во врска со храната во Турција морам да кажам немавме никаков проблем секаде служат пилешко и имаат прекрасни јадења. Преубаво е и преефтино гардероба си изнакупував
Шарм беше за годинава...ама сега со оваа ситуација незнам дали ќе биде изводливо... сакавме Шарм и Ерусалим, ако не ќе биде Шпанија или Мароко
^^Баш за ова правевме муабет со еден другар. Цените се ептен паднати и тој конкретно ми рече дека да може да се ослободи од работа веднаш би отишол за Египет, бидејќи туризмот им е потребен како сол - што значи не би требало да си дозволат на туристите да им е загрозено летувањето, туку напротив, ќе прават се за да ги привлечат. Се разбира стравот кај луѓето си го прави своето. Конкретно кај мене како и секоја година планови милион а од нив 100 ако се остварат добро ќе биде Сепак планирам, Милано - Фиренца - Пиза - Cinque Terre некои 5 - 6 дена, евентуално Хрватска - Ровињ пак 5 - 6 дена, некој викенд во Берлин, некој викенд во Лондон кој одамна го ветувам, евентуално Барселона или/и Мадрид неколку дена. И секако Охрид Не би сакала да му ја залегнам на плажа па да треба Greenpeace да доаѓа да ме врати назад во море, бидејќи не сум мрднала од песокот со денови. Претпочитам пократки одмори но полни со шетање и преместување од еден во друг град. Ај да видиме што од ова ќе излезе Среќичка, јас сум била во Макарска и одлично беше, можам да ти ја препорачам. Е сега плажите се типични такви мали, не се песочни, но водата е прекрасна и секако ако сте со кола можете барем да ги менувате секој ден. Ние кога бевме со кола не бевме врзани за едно место па прошетавме и до Дубровник а од друга страна отидовме и до Омиш каде бевме на рафтинг на Цетина - најдоброто нешто од цел одмор. Преубаво искуство и од се срце го препорачувам
Нина отвори стара рана со Санторини Само Господ знае колку трчав летово по агенциите за да најдам барем една која средува аранжман за таму. И да ја најдов, една и единствена во цел град, која те испраќа во Србија, а од Србија на Санторини за некои си соленки 2000 евра. Срце ме заболе. Инаку местото е прекрасно, едни мои познаници беа, ги гледав сликите и солзи ми течеа. Ама скапо, прилично скапо место, кадешто домородниот народ не е баш пријателски настроен кон туристите. Не знам дали памтиш дека дури и Анџелина си купи вила на Санторини. Е до тој степен е луксуз. Нема приватни смештаи, само луксузни вили, и од Македонија нема директен превоз до таму. Тажно.... За Миконос можам до утре да ти зборувам, ама нема да ја оптеретувам темата. Пиши ми во лп што те интересира конкретно.
Затоа прашувам за водата во Лидо ди Јесоло, ај се надевам ќе се појави некој што бил [/quote] Јас Бев преку дипломатик пред 2 лета....водата е топла за топла,но не е многу бистра,такво си е морето,и не ми се допаѓаше што треба многу да одиш малку повеќе за да дојдеш до подлабочко место за да би можела да пливаш инаку имаше мнооогу ракчиња ама не е страшно...плажата е сон огромна ,широка,претежно се лежалки а ако сакаш во прв ред да се пржиш не даваат чадор да отвориш само крпа можеш да ставиш,значи ако не сакаш да плаќаш лежалка која беше скапа,а зависи и од месецот,јули ја качија за 2-3 евра че си ставиш крпа само ....градот не е мал ,ок е има што да се види,убав ноќен живот,убави места за јадење,продавници куп-само малку поскапо,предност-венеција ти е одма близу па обавезно ќе ја посетиш[/quote] Штом преку Дипломатик, сигурно сте биле во истиот хотел како нас. Ти текнува ли како се викаше, јас не можам да се сетам??? Знам целиот беше обложен со црвен теписон и на ѕидовите имаше дури И се сеќавам на гобленот,една девојка облечена во жолто Имаше и дискотека долу. Тој ли е? (ама ти го објаснив )[/quote] Незнам за дискотека да имаше црвен тепих кога ќе влезеш имаше огромен хол со црвени фотељи ,скроз право кога ќе влезеш беше ресторанот за јадење,а лево е рецепцијата...имаше базент ама се реновираше и ништо од него,ама сигурно е тој ,истиот ,дипломатик само тој мислам го нудат,и не беше нешто посебно