Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Каде летово на одмор?

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од newring86, 8 април 2010.

  1. carver91

    carver91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2016
    Пораки:
    356
    Допаѓања:
    281
    Пол:
    Женски
    дали Бугарија е безбедна дестинација?
     
  2. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.468
    Допаѓања:
    8.566
    Цена за седум ноќевања во инбокс! (poolparty)
     
  3. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.195
    Пол:
    Женски
    Не. Кај нив сеуште се води вонредна состојба, до 15 јули. Мораш да седиш 14 дена во карантин.
     
  4. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.499
    Допаѓања:
    39.111
    Пол:
    Машки
    ℹ ПРЕСЕК НА СОСТОЈБАТА ЗА ПАТУВАЊЕ 14.07.2020
    Државјаните со македонски пасош можат да патуваат без ПЦР тест и карантин во следните земји :
    СРБИЈА (потребни документи за патување пасош или лична карта )
    Протокол за патување :
    - Отворени се границите
    - Не е потребно одобрение за влез
    - Не е потребен ПЦР тест
    - Не е потребен карантин
    - Не е потребна самоизолација
    АЛБАНИЈА (потребни документи за патување пасош или лична карта )
    Протокол за патување :
    - Отворени се границите
    - Не е потребно одобрение за влез
    - Не е потребен ПЦР тест
    - Не е потребен карантин
    - Не е потребна самоизолација
    ТУРЦИЈА (пасош со валидност од најмалку 6 месеци од денот на враќање во Македонија )
    Протокол за патување :
    - По слетување на авионите на аеродромите, пред пасошката контрола патниците ќе поминуваат здравствена контрола.
    - Само оние кај кои има сомнеж за здравствената состојба ќе бидат тестирани за Covid-19 (PCR test). Тестот нема да биде на терет на патникот, туку ќе биде на трошок на Република Турција.
    - Во случај патникот да е позитивен, грижата за него ја превзема Министерството за здравство на Република Турција
    Грција дозволува влез во земјата само:
    - за граѓани со неодложни потреби (медицински причини и тоа преку Евзони - со соодветна документација или поради неодложни обврски кои мора да се спреведат на територијата на Грција. -При влез во Грција сите патници мора да имаа Код за локација на патникот (PLF - QR kод) кој го издава секој патник електронски најмалку 2 часа пред влезот во земјата преку https://travel.gov.gr/#/

    МАКЕДОНСКИ ГРАЃАНИ КОИ СЕ ВРАЌААТ ВО МАКЕДОНИЈА ПРЕКУ АЕРОДРОМИТЕ ВО БУГАРИЈА, СРБИЈА ИЛИ ГРЦИЈА мора да ја напуштат земјата во најскоро време по слетувањето на авионот - без задржување .
    При пристигнувањето на граничниот премин се должни да користат такси возила.
    По пристигнувањето на граничниот премин се одредува дали истите ќе подлежат на тестирање, само изолација или карантин во зависнот од земјата од која доаѓаат.
    ЗА СИТЕ ОСТАНАТИ ЗЕМЈИ МАКЕДОНСКИТЕ ДРЖАВЈАНИ МОРА ДА ИМААТ НЕГАТИВЕН ПЦР ТЕСТ НЕ ПОСТАР ОД 48-72 часа ( во зависност од протоколите на земјата во која сакаат да влезат )
    Секоја земја има различни протоколи - затоа пред патување побарајте информации за конкретната земја
    Извор: МНР, IATA, travel.gov.gr, BMFA
     
    На Lolipop23 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. mssuniquee

    mssuniquee Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 февруари 2015
    Пораки:
    3.775
    Допаѓања:
    53.108
    Пол:
    Женски
    Си резервиравме хотел во Дурс, многу убав хотел и прекрасна плажа.
    Имам доста блиски таму на одмор и се фалат,мн убаво топла вода. :)
     
    На buba4e89 и Lolipop23 им се допаѓа ова.
  6. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.499
    Допаѓања:
    39.111
    Пол:
    Машки
    Каде е тоа?
    На Драч да не мислиш? :)
     
    На mssuniquee му/ѝ се допаѓа ова.
  7. mssuniquee

    mssuniquee Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 февруари 2015
    Пораки:
    3.775
    Допаѓања:
    53.108
    Пол:
    Женски
    Не Durres :) Цирни го супер е
    13992C6D-8950-4A7B-BEF9-B3A97EC03A61.png
     
    На Ahoy му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.499
    Допаѓања:
    39.111
    Пол:
    Машки
    Durrës е Драч, одма ми текна дека на него мислиш :)
    Фала, сега ќе проверам. Уште размислувам дали да одиме :?::D
     
    На Tajnaotrovna и mssuniquee им се допаѓа ова.
  9. mssuniquee

    mssuniquee Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 февруари 2015
    Пораки:
    3.775
    Допаѓања:
    53.108
    Пол:
    Женски
    Е Да:rofl: Баш кажав не сум била до сега во Албанија појма немам:D
     
    На buba4e89 и Ahoy им се допаѓа ова.
  10. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.583
    Допаѓања:
    40.012
    Пол:
    Женски
    Не ти препорачувам.
    Барем мене не ми се свиѓа ама ич, страшно е уназадено. Има 2-3 убави хотели, но има на плажата канал и не е ич ОК за бањање (од здравствена точка). А плажа ко плажа, песочна е и интересно е со школки дека е.
    За шетање немаш каде освен накај Саранда да идеш ако си со кола . Драч "центарот" се 2 улици со mall и некои бош предавнички.
    Јас не сум била накај Валона, но ете неа ја издвојуваат како поубава.
     
    На redhead и Ahoy им се допаѓа ова.
  11. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.499
    Допаѓања:
    39.111
    Пол:
    Машки
    Знам за Драч, сум бил пред некоја година во Мали Роби мислам беше (Mali i Robit :?:) и воопшто не ни се допадна, од тогаш рековме не повеќе Албанија.
    Ама годинава размислувам за некаде кон Валона, Орикум на пример.
    Или најсигурно е дома, не знам, ќе видиме.
    Сепак фала :).
     
    На Emotional123 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.090
    Допаѓања:
    26.923
    Убаво е Валона. Препорачувам. Дека не е нешто туристички развиено, не е.
    Ама водата, атмосферата. Супер е.
     
    На Ahoy му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.589
    Допаѓања:
    38.913
    Пол:
    Женски
    Убаво е, јас сум била во Орикум.Ако сакаш одмор за одмарање и за плажа, оди, баш е такво релаксирано, водата и климата се погодени.Ако си повеќе за забави, не е развиено баш во тој поглед.
     
    На Ahoy му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.499
    Допаѓања:
    39.111
    Пол:
    Машки
    Не сум за забави, само одмор ми треба ^_^ Поточно, море ми треба :D Фала :)

    Тенкс :)
     
    На Angie1432 и GirlRose им се допаѓа ова.
  15. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.090
    Допаѓања:
    26.923
    @Ahoy
    Ако одиш со свој превоз оди. Избањај се и за нас.
    Барем знаеме тука дека ќе си бидеш со маска и сите протоколи. :D
    Убав помин ако се одлучиш.
    Албанија не е нешто туристички развиена во смисла дискотеки и тоа.
    Ама ако одиш со партнер преромантично е. :inlove:
    Има убави места, евтино е, вкусна храна.
    Мислам за делот Саранда, Валона и местото на @Angie1432 е ваљда во тој круг.
     
    На Lolipop23, Angie1432, mssuniquee и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.499
    Допаѓања:
    39.111
    Пол:
    Машки
    Да, да, со сопствен превоз планирам.
    Само не верувам баш дека ќе одам. Од една страна ми е ептен ми треба море, одмор и сл., а од друга ми текнува колку време се пазам и не сум излегувал па сега да зезнам. После за Албанија немаме ни некоја реална слика како е, да беше Грција не му ја мислев.
    Ако одам вие тука први ќе дознаете :rofl: и договорени сме :handshake:
     
    На GirlRose му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Veta

    Veta Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2020
    Пораки:
    765
    Допаѓања:
    2.905
    Пол:
    Женски
    Членките погоре ти кажаа се како што е,но да се надоврзам и јас за да прибиереш што повеќе мислење пред да одлучиш.
    Драч е поголем град од Валона,но далеку по хаотичен. Не само што нема убави плажи,туку и по истите смрди. Да не си раат.
    Валона,хммм поделено мислење. Првичната оцена и не е толку лоша поради нашата слика што си ја имаме општо за Алб. Валона ете се покажаа како културни,социјализирани луѓе со средени плажи. Ма да допрва се се уредува. За со партнер убавко е ...мирно,лабаво и не е страшно.
    Едино што ми смета е хаосот во вожњата. Очите треба 16..
    Поздрав и убав помин
     
    На Angie1432 и Ahoy им се допаѓа ова.
  18. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.499
    Допаѓања:
    39.111
    Пол:
    Машки
    Фала ти.

    А каков е патот до таму, имам слушано дека е доста лош?
     
  19. Veta

    Veta Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2020
    Пораки:
    765
    Допаѓања:
    2.905
    Пол:
    Женски
    Не бе,патот си беше океј,за тоа урбанизирани се. Само мој совет да не одите преку Елбасан,од таму ти рекле можеби дека е лош,од таа страна има мн.кривини..тоа е.
     
    На Ahoy му/ѝ се допаѓа ова.
  20. poi

    poi Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2019
    Пораки:
    1.194
    Допаѓања:
    2.397
    Пол:
    Женски
    Имав планови и за странство, но ништо. Се договаравме со дечко ми низ Македонија неколку дена да одиме, реално и тука по другите градови имаме огромно богатство. Но последно како што зборувавме со оваа ситуација не мрдаме никаде, па животот е пред нас, ќе има кога да се шета.
     
    На Ahoy му/ѝ се допаѓа ова.