ти благодарам , ако веруваш на сите овие вртев и на уште 20 други места може и повише се е зафатено периодов до 2о и некој август ...
жалам што неможеш да ја посетиш , најубава дестинација до сега ми е , бевме лани преубаво си поминавме следна прилика пак би одела а во принцип не сум тип што оди на исти места повеќе пати
Фул е Преспа. Вчера немаше место да се разминеш во Сливница, среќа избегав во Претор каде беше подобро.
да преполно , имав желба за ден два така да отидам на раат после празникот подалеку од гужви но таму е гужвата сега очигледно..
Има ли некој прашано во Галакси Апартментс или Хотел Рива за овој викенд дали има место? И колку се одалечени од Connect Beach?
Не верувам да има место. Ептен е се фул. Освен ако нема некој откажано. Рива е ептен далеку од Конект, Рива е во Стење а Конект во Сливница, на различни страни на езерото. 35км поточно. Галакси е поблиску, во Претор, ама пешки би било тешко иако има супер патека покрај езеро, или со велосипед би било супер, по патеката е 2,5км., по пат за со кола 4км.
da ne beshe koronata planirav za Turcija da otidam prv pat ama kje si poceka toa , kje si sedam vo Makedonija letovo
Сите сме размислувале, но изгледа и ова лето ќе си ги потиснеме нашите желби поради здравјето кое е најбитно пред се. Џабе јас да одам лупам Занзибар, кога не знам што ќе закачам и дали ќе се вратам. Дојде лошо време да не знаеш во кој момент границите ќе се затворат и отворат. Така да не би ова лето одмор.
Да, но на места каде има помалку гужва. Сигурно не би одела во Охрид пример. Лани бев во Струга и одев рано на плажа и си одев накај 11 кога почнуваше да се полни. До тогаш дали бевме 10 души. Исто не би седела во кафулиња што не се на отворено и каде што се "начукани" масите една до друга. Каде и да е ќе биде во границиве.
Оваа година ќе одам.. лани скокнав ама оваа година не.. Корона има по цел свет, ако се пазам како и тука, исто ми се фаќа дали сум на Куба, Занзибар или Турција
Одмор не е само море, убаво е и на планина, и езеро. Толку многу убавини има нашата државичка и редно време е да ја запознаеме. Не не планирам да одам сега за сега некаде надвор. Не ми е одмор мене ако треба таму да се пазам и бегам од луѓе.
nie ne sme drzavicka drzavicki se andora , lichtenstain , monaco , pa i crna gora i drugi so po 20 iljadi naselenie i teritorija kolku edna naselba vo Skopje ne sme golemi ama ne sme ni tolku mali