Оваа година размислуваме за Буљарица или Албанија. И таму и таму би оделе за прв пат, па ништо не знаеме Буљарица би оделе во камп, Албанија веројатно приватно сместување, блиску до плажа, за да не мкнеме ствари далеку. Со мало дете сме, па некако ми треба некое сигурно проверено место. Имате ли некое инфо, линк, нешто што би можело да ми помогне.
Тие што биле Ксамил, препорака за вили, искуства Со детето и бебе ќе одиме па ме интересира како сте поминале
До сега не сум била во Ханиоти ,се некој помирни мали местенца за со деца.Дали плажите се блиску дали е ок за деца и дали имате инфо за во Грција се патува само со ПЦР тест или може и со брз тест?Фала ви
Ксамил бевме пред три години. Бевме сместени во вила Алекс. Местото е мирно, плажите се одлични. Мислам дека имаат само еден парк со лулашки (толку видовме). Задоволни бевме од престојот. Обавезно да ја посетите Огледалната плажа (Плажи и Паскјарав милсам дека така се вика), да не Ве предомисли удолницата и црниот пат. Бевме и во Бутринт (стар град покрај езеро). Храната ни беше супер. Рестораните имаат менија пред влезовите, може да си погледнете цени и предлози за храна. Оваа година планираме да одиме во Валона. Некој ако има предлози за сместување?
Знае ли некоја кои хотели влегоа во потесниот избор за користење на ваучерите за туризам за 2021 година?( Не сме добиле се уште, ама да си разгледаме што се нуди за 200 )
Дојран на неколку дена, во вила со базен.. неќела ќере у морето да се бања имало риби само нозе ќе брцнела и ќе си играла со песок. Морето бе.....хахах
https://www.facebook.com/VilaJana/ Се наоѓа меѓу нив и стар Дојран. За маркет или шетање ќе треба со кола (1-2мин) во нивна близина имате приватна плажа Алекс бич. https://www.facebook.com/bellavilladojran/ Во близина на првата вила се наоѓа и оваа Доколку сакате во стар Дојран, таму имате плажи ( градската и плажата на фук така) таму имате и шеталиште, лулашки за деца, продавници за храна и облека, кафеани и сл. Можеш на фб или на гоогле да побараш има доста вили/апартмани. Доколку сакате хотел романтик или ла тераса се од подобрите.
Фала ти за деталите Најдовме сместување ние, него да се пофалам пишав, дека се мислевме каде што како и сега конечно решивме
Не бе си се фалам, уште утре би тргнала што се мене тиче хахаха не сме пливале од 2019 што е многу многу е...