За Палма беше супер лесно сам да се организираш АМА го укинаа летот до Барселона. И така згаснаа и понудите. Инаку со виз до Барселона и РајанЕр до Палма. Ако најдете лет до Барса, натаму е лесно. Ама е доцна за букирање хотел, во пред ковид времето букиравме во Април за Септември. Плус не се престојува во градот Палма, а трансферите се долги пошо островот е голем. Особено до помирните места. Побарај Коста Брава, мислам дека имам мернато понуди од некои од поголемиве агенции, сеа не е Палма ама е Шпанија и има хотели со алл и полупансион.
Парга дефинитивно. Преубаво место, самото има некоја нота на романтично. Интересни улички за да шетате навечер со барчиња, кафичи,коктел барови, ресторанчиња. Плажата е убава, делумно мирно место. Исто така имате и бродчиња кои ќе ве шетаат наоколу или до плажите на другата страна. Според мене Парга ви е поубава и поромантична од Ханиоти, што ми е некако обично.
Ние закажавме Полихроно, со деца 6 и 8 години. Да не бил некој таму оваа година да знае како е со цени плажа?
Има тема за Крф прочитај. Многу пијани, хомосексуалци и луѓе заспани на улица од пиење. Журка до бесвест.
Имате ли некој предлог за дестинација во Грција со добри комплекси блиску до море, но да не биде остров ( не сакаме да одиме со траект ) а најбитно ми е да има чиста тиркизна вода. Неможам да најдам некоја средина, или има прекрасни плажи но се острови или пак нема поголеми хотели за сместување, туку само вили.
Веднаш до Калитеа, Солина, има неколку големи хотели и Порто Карас на Ситонија. Можеш и околу Кавала, Tosca Beach Hotel на пример, понатака Miraggio Thermal Spa Resort на крајот на првиот крак, единствено не сум сигурен тука за морето, не сум бил, Lagomandra Beach Hotel & Spa на Ситонија...
Здраво дали ќе одите преку агенција? И која? Ве молам дајте и предлог дестинација за летување за пар. Да не биде како Закинтос, Кавос и Будва туку мирно малку
Во Грција може на други места на Крф, не Кавос, на пример Сидари. Можете и на Тасос, супер би ви било. Од краците во Афитос на првиот крак или Неос Мармарас на вториот. Потоа можете на Скијатос, во Парга, Парос... Е сега ако сте за ептен мирно место, можете во Посиди, Вурвуру, Ормос Панагијас, Олимпијада, Амулијани... Не знам какви ви се критериумите и можностите, може и Турција, најмногу Бодрум според мене.
Гледавме и за Турција ама се е по 10 дена. А ние сакаме 7, па може пак ќе пробам да најдам нешто од 7 дена за Турција. Се мислев и за Парга...
Има аранжмани и за седум дена за Турција. Нашиот конкретно е 6 ноќевања. Преку која агенција гледаше што немало за 7 дена?
Со авион? Бидејќи со автобус секаде се 10 дена, Савана, Мартин травел и други што гледав. Ние сакаме со автобус