Планираме за Дубаи во Мај, но не знам со две мали деца дали е изводливо.. А некоја агенција да дава понуди за Шпанија?
Дали јули, август е претопло за одмор на Кипар и кој дел според тебе е најдобар за плажи и сместување?
@Seli20 порано кога одев јули и август беа неподносливо топли, јуни и септември перфектни. Ама лани со променава на климата, бев јуни и некако ко за Кипар свежа ладничка беше водата, навечер свежо дури не ми се верува, така што не се осудувам да кажам кога е најдобро, може септември. За сместување Аја Напа, и преубави плажи и сите знаменитости се од тука лесно достапни
Види колку ти е layover до Дубаи. Ние со маж службено бевме во август лани, ми се темни ко ќе се спомне Дубаи. Имавме цели 12 саати layover во Истанбул на аеродром, нит си да шеташ нит си да дремеш таму. Јес да имаш апартмани за одмор ама некако скапи беа (мислам 120 евра) башка возењето до таму. Напорно ептен Напорно можам да замислам со деца. Башка што лош период фативме у Дубаи, душава од жешко ми се запали таму.
Ние бевме лани во Октомври директен лет Тирана Абу Даби и некако мн убаво поминавме. Не беше ни толпо многу топ стварно. Сега пак сакам но маж ми сака со деца. Имам избор или Дубаи или Анталија па ќе видиме ..
Дечки дали може да ми споделите искуство со Парга? Ни го препорачаа како место со преубави плажи и за млади било убаво. На слики личи како мала Италија и ептен ми се свиѓа вака ама ми требаат лични искуства. Сакаме да уплатиме преку агенција ама со сопствен превоз.
Кавала, Грција. Со детенце од една година сме, прв одмор ќе ни биде заедно, се надевам ќе поминеме убаво
За годинава Хрватска, Кефалонија и Турција ама некако мислам дека Турција ќе ја замени некоја друга држава..
Nie bevme vo 2021, jas bi ti preporacala da najdes apartmani sto se na brdoto ili pak blisku do valtos plazata bidejki gradskata plaza (vo centarot na parga) e mnogu mala i dosta natrupana nie pominavme ednas od tamu i veke ne se vrativme. Valtos e podobra plaza zosto e mnogu golema 3km i nema guzva celo vreme imase prazni lezalki. Nie bevme smesteni vo ovoj apartman https://www.facebook.com/VillaMariaParga?mibextid=ibOpuV gazdaricata e srbinka i mnogu lesno e za komunikacija, na nas na odenje ni dade vizit karta za sleden pat dokolku bi odele da gi kontaktirame, da ne plakjame dopolnitelno preku agencii. Slobodno mozete da i pisete i na facebook. ☺️ Inaku Parga e prekrasna bez nikakvi zamerki.
@Elenpelen @orevokrsacka Во однос на Кипар, како е со превоз до плажи, меѓуградски превоз? Дали воопшто постои или неопходно е со кола за посета на повеќе плажи и сл? Која е локација е најдобра за сместување како база?
Не би знаела да ти кажам за меѓуградски превоз, ние кога бевме го шетавме островот со кола, и плажите не ни беа баш приоритет, не бевме во сезона.