Јас одам за Хрватска неколку години по ред, не ја менувам за ништо. Имаш чартер од Скопје до Сплит, само ако се решиш да одиш веќе разгледувај за смештај зошто цела Европа е во јули и август таму и неколку пати како лани зе зезнав прекасно почнав да барам и немаше слободно. Буквално секое селце е преубаво нема да згрешиш каде и да отидеш. Пример можеш во Сплит и од таму имаш за шетање, и до островите редовна линија брзи траекти секој ден и има често автобусчиња до сите градчиња. И со цени е поевтино од Грција и јадењето и пиењето, искачањето исто само што на плажите ретко има лежалки ама има природна сенка.
А на југ доле кај Сеа бев на апсолвентска. Рим и Венеција беа океј со цени. Франција е ИЗГОР. Не се зезам. Шпанија и Италија ТОП. Франција ужас. Не знам шо се замислуваат. може со авион дефинитивно. Еве чинкве тере може Сум била таму пред 6 години ама на тура бевме со спиење у монтекатини терме и само 1 ден бевме у селцата А преслатки се До портофино и чинкве тере како би стигнале?
За чинкве тере може да летате до Пиза, па од таму имате воз до Ла Специа, и после друг воз до селцата. Може да се сместите во било кое од нив, но би ти го препорачала Монтеросо како најубаво, барем за мене.
Мене Манарола ми беше најубава ама сите се препреслатки А Портофино баш е убаво исто. Не сум била. Ме потсеќа на селцата А лет од Ск до кај има? Иам видено Рим, Венеција и Милано. Бар со виз аир
Од Скопје може до Милано како најблиску, па од жечезничката во Милано до Ла Специа има некои 4 часа со воз. Од Тирана има повеќе летови за Италија и многу поефтини. Може исто и за Сицилија да видите.
Скопје - Болоња лет, после воз Болоња - Парма, Парма - Ла Специа. Од Ла Специа до сите селца има воз многу често преку ден. Исто и до Портофино. Само оваа екскурзија не е баш за на плажа, селцата немаат баш плажи освен Монтеросо. Во Кампанија јас летав до Наполи, а Пуља до Бари. Е сега ако летате до Рим би ви било поблиску со воз до овие две покраини отколку од Болоња. На југ можете Сицилија така што би летале до Болоња, а после од Болоња до Палермо. Рајан имаат летови по 15-20€ од таму. Или пак лет Скопје - Болоња, па Болоња - Каљари (Сардинија). Зависи колку сте спремни да жртвувате време на пат. Мене ваквите патувања ми се поинтересни и имам шанса да прошетам повеќе места наеднаш. Десет дена исто место ми здосадува.
A za Hrvatska kaj da barame ponudi? Preku agencija. Koi gi preporacuvate? Od Turcija do Hrvatska dojdovme hahahahaha Aj ke vidime vecer sekako za segde. Turcija i Hrvatska ne sme bile, on ne bil i Crna Gora I tamu e ubavo U Hrvatska ne mi se sviga, bar ja kaj so sum bila, so se betonski plazite. Bar so kamcinja da se. Ima li takvi?
Бетон плажа во Хрватска не сум видела инаку да со камчиња се (јас си носам од Џамбо такви обувки 200 денари се за да не се замарам со камчињата а и сите странци таму ги носат). Посебно делот на Далмација ги има најубавите плажи и не се бетонски нормално, бетонски сум видела во Црна Гора особено Бока Которска. Еве видете на гугл некои од плажите Брела Пунта Рата, Живогошче, Дрвеник, Тучепи, Макарска Буба Бич, Башка Вода, Бол Брач, околу Сплит Жњан, Во Сплит плажи во шумата Марјан и Бачвице, Фируле, Касјуни па и Примоштен. Хвар има плажи плус Паклени острови се оди со бротче, Корчула исто има плажи само не во гратчето туку на страна. Оваа година ќе одам на Истра и таму очекувам да има помалку плажи но има доста острови како Бриони, Крк, Ложињ и Мал Лошињ па ќе има доста за шетање. Инаку преку агенција нема туку само чартер преку Кроација Ерлајнс Скопје-Сплит. Смештај си наоѓам на Букинг или Аирбнб зависи каде сакам да одам. Ако сакаш Турција мислам Бодрум дека е најубаво имате преку Фибула и Саватурс.
@Feminka22 знам дека спомна дека не сакаш Грција, ама јас сепак би ти рекол да размислите за Крит За парови душу дало, има многу што да видите, а пак е далеку (и буквално, и на изглед) од Халкидики или Епир кај што сме останати. Исто Родос, Милос, Наксос, Карпатос, у б а в и и н и. Јас би ти препорачал и Кипар, ете микс од Турција и Грција . Аја Напа пример или Протарас, преубави плажи, има што да се види, а и ноќен живот бомба. Или Малта, само не знам какви се плажите баш таму. Мајорка може исто, се наоѓаат фини понуди ако си барате во сопствена режија. И Сицилија, со лет од Тирана.
Ама нели немало летови од Ск за Кипар? Од Солун. Не знам еј салата напраивме… дојдовме и до Грчките острови Сепак ќе видиме општо прво по агенции, шо понуди има за било кај. Ќе го иам у предвид ова шо ми кажувавте. Иначе од Хрватска сум била Опатија, затоа викам камен. Ми кажа другарка шо живее таму места со убави плажи ама изгор биле. И на нет најдов артикл. Ќе пишам пак овде Шо знам Грчка може само да не е прв крак. Ете остров некој. Ми се иде подалеку од Грчка пошо сеа ем сме млади ем без деца. Рачунам со деца првите год пак негде поблиску (значи Грчка)
За Малта, освен 1-2 плажи со песок, другото е карпеста и не препорачувам за некој што сака да лежи и да се сонча на сонце. Ако некој му е само за водата, и да има место кај да ги остави стварите, препорачувам. Но, јас еднаш бев во Јули, еднаш бев во Септември. Нема споредба, избегавајте ги Јули и Август по секоја цена на Малта, освен ако не сакате да бидете како во сауна 24/7. Смештај обавезно со функционална клима иначе ќе збрлавите. Инаку другото е супер, интересни ресторанчиња, океј цени (како за остров), има што да се види.
Ти препорачувам без агенција да одиш, освен ако има некаква супер зделка што не се пропушта. Јас за поевтино практикувам Букинг/Аирбнб тип на смештаи, и така по цел ден не сме дома, па нема потреба да плаќам ѓавол и пол во хотели. Е сега, ако сакате all inclusive или нешто така, тогаш мора хотел.
@Feminka22 за Кипар имаш летови и од Софија, и тоа ти е добра опција. Мој совет, за каде и да гледате, барајте во приватна режија, млади сте, ќе се снајдете а сто пати подобро и поисплатливо ќе ви биде. Ако сакаш подалеку од Грчка, мој предлог ти е Сицилија или Мајорка, ако сакате остров. Пуља доколку сакате шетња низ повеќе италијански градови на море. Инаку Грчка има топ места, само избегнете прв крак. Скијатос ви е топ за млади, исто и Лефкада, Кефалонија за плажи.
Очигледно не си била секаде во Хрватска чим незнаеш дека има бетон плажи НАСЕКАДЕ буквално. Таа скапотија, лоша храна, освен океј услуга да, не вреди. Никогаш не би отишла таму на одмор едино онака на прошетка ама за плажа големо не.Ниту една плажа нема скроз песочна. Еден куп дестинации сто пати подобри и поевтини, Црна Гора, Албанија, Грција... барем плажа ко чоек ке видиш. @Feminka22
Јас не ги генерализирам работите си го пишав моето искуство и мислење, секоја година одам на одмор таму па веројатно знам ако имаш некое друго мислење пиши си (пример не кажа каде тоа нема нормална плажа во Хрватска), но нема потреба од реплика со ваков "тон", на крај на краиштата се е личен избор и вкус. Реков дека сум била до Задар и има преубави плажи кои што ги напишав кого не го мрзи нека ги прогугла па нека каже дека се лоши. Песочни плажи во Хрватска има на Паг, оваа година одам на Истра и мислам дека натаму нема многу плажи но ќе видам. На пример Црна Гора и Албанија не ги ставам ни под разно но ете тебе ти се допаднале ппак за вкусовите не се дискутира. Убавината на Хрватска не може ама баш на ниту едно место да се пронајде во руралните Албанија и Црна Гора. Башка Хрватите се прељубезни со Македонци и сме ептен добредојдени. За разлика од Грција каде на Скијатос ќе ме истепаа кога кажав од каде сум. Пример Скијатос има песочни убави плажи но е поскапо од Хрватска и башка не не сакаат.
У октомври беше скапо. Ако можам да подредам за цени кај шо бев годинава: најскапа убедливо Франција, изгор, а храната кај што седевме пак не беше вау за тие цени Втора ми е Хрватска Црна Гора ама само Будва.. по диската тек Италија Србија Шпанија Египет најевтино. Мене ми е: сонце, плажа убава и вода. Сакаме хотел пошо си обезбеден за храна, пошо 10 дена да јадеш надвор не е малце. Ние тројца у Грчка не сме испод 50€ за ручек.. Сеа у Италија, 6 девојчиња плативме 176€… а јадевме паста со ништо, кафиња сите по едно. Ама таксата беше 17€ шо за мене е лудост Тоа шо јадам у Мекдоналдс, у Францијс ме кошташе 18€ за Мекдоналдс. Во Шпанија истиот оброк 8€, у град у Србија шо не е Белград 6€ Истото јадење Кафе у Франција испод 5€ нема Шпанија, Италија по 2-2,50-3 еве нека се Пици паста сегде од 15€+ У Хрватска дадов 19€ за паста Реално за плажа ми е Грчка Море боље за мене бар, од Црвено нема. Господ го видов во Египет. Црна Гора, Хрватска. Сум се бањала во август и октомври, абе иста водата, не мрда. На Кипар и Албанија не сум љубител. Албанија никад не би идела од лични причини. Сакам преку агенција дека досеа така сум идела цел живот, и плус ако треба лет. Нели сѐ е организирано. Затоа мислев прво преку Агенции да ВИДИМЕ. Ако фати нешо око, топ, ако не сами. Малце ми е страв преку букинг. Другарка ја имаат скамнато во Албанија. А се изгоре од пари давање
Нема нормална плажа Хрватска нигде. Сум била Дубровник, Шибеник, Задар, Муртер, Стариград и сегде има или камења или бетон. Незнам за плажа конкретно со песок ако знајш напиши ја. НЕмам шо да гуглам сум била три пати и доволно е. Паг не сум била еве едино таму ако има. Кој ти рекол дека Хрватите не сакаат? Мене Грција ми се погодило прељубезни да се лугето шо има врска со политика то? Ако бевме добредојдени немаше како од Етиопија да сме кога работиме таму да не бркат. И Скијатос е остров, не споредвај со Хрватска таква убајна! И да нејкам со влечки да влегвам сакам песок, со боса нога без страв да влегвам во вода и да не е камен ладна како Хрватска шо е научно докажано.
İdi Turcıja godınava za prav odmor. Tı go preporacav Lago ı navıstına nema da zgresıs. Nie po agencıı lutame denovıve, dalı Dubaı kraj na Maj dalı Antalıja pak Juni... na dva pameta sme deka so deca..