И летово како и претходното во план е Охридската плажа заедно со другарките. Добро друштво, сонце и езерце-ништо друго не ми е потребно!
Ќе може ли да ми кажеш дали најдовте смештај преку агенции или ќе одите на сопствена режија? И нешто подетално за островот ако знаеш гледав баш пред некое време слики мнооогу ми се допадна, ама ние не сме возачи така да важно ми е да се блиску плажите да се стига и пешки да не мора да се изнајмува кола, моторче и сл.
Јас сум за на море, но ќе видиме како ќе дозволат финансиите. Инаку не ми бега едно викендче во Охрид да се “испукам“ убаво.
Со топло срце ви го препорачувам. И јас не сум по лумпувања, плажата е огромна, водата е топла и плитка се случува некогаш да има тревички ама претежно е чиста. Се мислам дали оваа година да одам пак, затоа што бев лани. Ама по се изгледа пак ќе си одаm, плус Паралија ви е блиску некои 2-3 км пола саат пешки, за прошетка си е таман. Има и Лидл ама малце е подалечко на излезот од градчето беше ако не се лажам. Инаку јас бев, а најверојатно и оваа година ако не залутам на остров, преку Фалкон травел и порано одев со моите и лани сама и никогаш не утнале. Види им ги и нив понудите мислам дека е малце поевтино од Савана а имаат и аранжмани за 9 ноќевања http://www.falcon.com.mk/ И да се надоврзам за ноќен живот може не е кој знае што ама има неколку убаво средени кафичи. А има и една дискотека на пола пат меѓу Олимпик и Паралија се вика Хавана мислам леле сакам пак да одам мене местово во срце ми е врежано! Сум била 3-4 пати и пак би одела! Лептокарија е помало местенце од останатите и мислам дека ќе ви биде подосадно. Ако веќе се предомислувате одете во Неи Пори, поголемо е и прилично блиску е Платамона може да прошетате. Искрено за Пиериа сум експерт за мои 19 години, 11 години одев со моите еднаш сама со друштвенце. На краците сум била само во Ханиоти и пораздвижено е ама плажата не се споредува мешана со камчиња и во водата имаше камења. Сум била и на Тасос ама мене не ми беше убаво премногу беше досадно, плажата беше нула ама водата беше преубава. Ама ние бевме со автобус така да немавме можност да шетаме на околните плажи кои викаа дека се многу поубави. На Закинтос не би отишла прво не ми се патува 15 саати, второ за мене одмор е лежење на плажа и печење на сонце, после напорни обврски на факултет баш тоа ми треба пензионерски одмор што би рекле. Јас сум таков тип не сакам гужви, галами. Ако сакате забава Пиериа не е местото Ама ако сакате одмор во буквална смисла на зборот ДА. Се осеќам ко да ми доделил некој задача да ја рекламирам Пиериа
Дечки, гледам сте се запнале Грција па Грција како да е крај света! Нејќам да ме сфатите погрешно но дај малку отворете видици, светов е преубав за да го минете годишниот одмор во Грција ауште помалку на местата кои што гледам дека ги пишувате често како Лептокарија, Ставрос и така натака. Просурфајте, одете до агенции има одлични понуди кои не се многу скапи за многу подобри места каде што има што да видите освен море и срби. Одмор како одмор не значи само море, одморот треба да биде релаксација мелем за душа и тело, а тоа дефинитивно не го нудат грците. Корисно е и за време на одморот да се посетат други градови освен градот на престој, битни споменици, замоци, места и лица. Крај краева летниот одмор не значи море. Јас имам за летово други планови за ова лето, но да имам време за годишен одмор би шетала низ Европа посетувала големи градови, споменици, етно село, музеи...секако добра журка не е на одмет. Би патувала со воз и би спиела низ хостели Тоа е мое видување Позз
Зара, во право си, ама кога е лето и топло, одморот не ми е одмор без море и плажи. Ваков тип на одмори што ги опиша повеќе ми се за пролет, есен.Не би шетала по музеи и споменици на 40 степени.
Прва и основна причина за посета на соседиве е токму (Е)гејското море. Колку сакаш прави споредби, ама ниту јадранот ниту мртво не можат со него. Зборувам за водата каква е прекрасна и топла. Плус тука ни е блиску, и е прилично ефтина варијанта. За подалеку и поегзитично требаат ти повеќе пари А да спомнам дека на грчикте острови ја има најдобрата журка Друго, за некои, вклучувајќи ме и мене, одмор е да идеш некаде и да одмориш стварно 10тина дена (сум остарела еј, порано не го вака дефинирав одморот ). За добра журка, бирам друго време и место. Тоа ти што го спомнуваш со возови и хостели не е одмор туку авантура, пат низ Европа и слично. Неможеш да го кажеш тоа одмор. Инаку секој од нас би сакал да ја шета европа, али верувај не во средина на јули на 40 степени Значи моја добра комбинација е - 7 дена на море, 4 дена на Егзит, викенд во Охрид. Си го практикувам ова долго време и ми е повеќе од одлична комбинација. Одмор - одлично, журка - wow, плус неизбежни викенди во нашиов најубав град. Повеќе од доволно. А оние 7 дена на море зависи од финансии.
Јадранското море е прекрасно.Годинава планирам Црна Гора да ја посетам.Каква Грција какви бакрачи,не ги можам Грците и нивната скапана држава ама ич. Радо би отишла на Смрдена вода него во Грција. И Крани исто го сакам многу,секоја година таму одам задолжително.
Ѕani Resort ке ни биде прв одмор на почеток на летото. Крај на август најверојатно ке направиме уште една тура до Грција, а во јули ако се високи температурите и зависно од финансиите, може да појдеме во Банско (здравје Боже)
Девојки што мислите за Скијатос? Искуства, добри лоши сеедно? Какви се плажите, цените? Колку време се патува?
За мене одморот не е одмор, ако не идам на море, ако не се сончам на плажа, и ако не уживам во прекраснотиите што ги нуди летото. Планини не сакам, а шетање низ градови не ми е никаков одмор туку замор. И да, има во агенцииве и понуди за Шпанија, Египет, па и за Малдиви, па Доминиканска република, Бали, кај уште не, ама за таму треба повеке кеш. Зошто ја бираме Грција? Не само затоа што е најблиску, туку затоа што е и НАЈЕФТИНО. Поефтино е да одиш на одмор во Грчка отколку во Охрид, на пример. А и има прекрасни места. Водата на островите е прекрасна, тиркизна, чиста, да ти е мерак да се бањаш. Ќе споменам само дека на Лефкада се наоѓа една од најубавите 10 плажи на светот. Спојлер За тие што можат да ги посетат островите во јужниот дел на Грција, како Иос и Санторини (кајшто Бред Пит и Анџелина си купија вила ) Скопелос (кај што е снимен филмот МАМА МИА), исто така можат да уживаат во несекојдневни плажи, со црн песок Спојлер и одлична архитектура на бело-сините куќички и црквички Спојлер Сите што сте го гледале мјузиклот МАМА МИА, гарант ви останало во сеќавање одличното место кајшто е снимен филмот и заносно - сината боја на морето Спојлер http://www.youtube.com/watch?v=ZYFlJCmJxDA&feature=related А Неу пори, Полихроно, Олимпик Бич, Лептокарија, не се толку лоши со оглед на тоа што во пред сезона на пример, за 50 евра имаш сместување за 7 дена плус превоз, а во сезона околу 90-100 евра. Кај го има тоа на друго место? А за грците - ги мразам и јас, но никаква меѓународна омраза нема да ме спречи да искористам максимум задоволство, за минимум пари
Ако може збор некој за Шпанија??? Агенција од која сте задооволни,хотели и услуга,дискотеки и пијачки,колку вкупно ве чинеше...
Фала на долгиот и опширен одговор Секој ден си го менуваме планот де Лептокарија де Олимпик бич и никако да се одлучиме аххххх, ама неделава или другата мора да се одлучиме за да си резервираме
Искрено да ви кажам ги прочитав скоро сите постови и не мождам на едно да се изначудам...Цела Македонија кука како нема пари за да се прехрани, а сите тука зборуваме кој каде ќе оди на одмор. Друго...Грците не сакаат да не завидат ние таму на одмор...Не ми е јасно кога ќе се освестиме и до кога ќе дозволуваме да манипулираат со нас!
А ако е така што мислисш кои се политички партнери на Македонија? Зошто вакви размислувања? Јас не можам вас да ве сфатам, прво ни они ви се на вас лично некој фактор нити вие на нив, се е тоа политика и си дозволувате ради политика да си скратите сопствено уживање! За одмор Грција не е скапа и јас немам пари одеднаш па затоа собирам цела година и со мала помош после од моите ќе отидам. За мене Јадранско и Егејско не се споредуваат, Јадранско е поубаво да ама еднаш отидов на 3-4 дена и се вратив болна, за мене е ладно.
Јас бев на сопствена режија и мислам дека така е најдобро. Имаш нет и можеш сама да си организираш најефтино. Од Солун и Софија имаш ефтини летови, зависи кога ќе резеврираш ама имаш за 50 евра. Јас бев во хотелот Дон Жуан, 3 ѕвезди мислам дека беше, ама многу ми се свиѓаше хотелот, а не е скапо. Огромен е, со надворешни и внатрешни базени, клима и тв...ама тешко дека влагав во соба, не ми е битен многу Дискотеки има колку сакаш, германци еден куп Тропик најјака дискотека, пена парти и такви ствари....не се сомневај за добра забава. Запознавме ние еден ко менаџер (демек) и ни даде едни исто демек вип картички за влез и не плаќавме, а за пијачки колку што се сеќавам по 10-15 евра....а и тие картите за влез лесно се наоѓаат. Ако идеш без дечко, нема да платиш пијачка неможев да испијам колку што ме частеа. Јас со 1000 евра поминав одлично, плус со шопинг во Барселона, фатив таму некои летни попусти и наполнив еден куфер плус Инаку во Лорет де Мар е ова.... еве го и хотелот ако те интересира, имаш и цени овде да видиш http://www.agoda.com/europe/spain/llore ... 3wodyijxAg