Леле Дубаи Оди молим те праќај слики.. дечко ми ич неќе топло, се молиме сеа за у декември. Го видов Лаго, преубав е. Само на Еуросава ме буни прво шо немаат вебсајт? Второ, имаат понуди до крај на јуни за повеќето. за некои хотели имаат и за јули. Вие преку нив бевте, така?
Da nıe bevme vo Lago preku Eurosava I nıe bevme kraj na junı ı vremeto bese sovrseno. Ovaa godına mı dadoa ponuda za ısto nov hotel ı toj vaka ubav mı ızgleda. Za Dubaı koga ıdev pred godına ıpol bese Noemvrı ı ne bese tolku toplo, 33 stepena sega mı e strav deka so deca a mn nı se ıde..gledam nakaj 38stepenı e sega.. Tezhok ızbor, a ista cena
Ја летово бев у Египет во август и ми беше топ. Ама јас сум болна по топло. Хахахахаха После во Грчка ми беше ладно морето. На топло можам ако иам плажа/туш во близина. Ама да шетам на 40+ нема шанса. Затоа он сака негде септ ако е Турција. Ама Фибула ништо немаат за септ. Пример има 7-8 хотели од кои 2 се така поасални и со 5 ѕвезди, другото шупи
Еј вистина, мислев и годинава ќе има чартер до Кипар како лани, тоа нема. Штета. А Виз што ја укина линијата исто така штета. Имаш од Солун, да. Или од Скопје со преседување во Белград или Атина. Ама тоа е пак за без агенција. За со агенција, јас сепак на крај би избрал нешто од грчките острови, еве нека и не бидаг Лефкада, Крф, Кефалонија, Тасос. Скијатос може, посебно ако има некоја понуда да го искомбинирате со Скопелос и Алонисос. Па тоа би било сан снова. За овие другиве, Киклади и посебно Додеканези, ич не правам муабет.
Јас ја гледам Малта за во јуни сега, средина, на 3 - 4 дена. Што мислиш? Некако сум за таму или Атина, иако Атина ќе ми е доста поскапа ако сакам со авион. Или Кипар евентуално.
Дубаи никако со деца во мај. Моментално е 40+ степени. @Ahoy знам дека е прашање на вкусови, ама Малта искрено мене не ми се допадна. Нема некои плажи, Кипар по тоа прашање плажи и вода беше многу поубав. Малта е океј ако си млад и идеш за журки, убава Валета, другото онака. Читам некој пишал евтина Малта, јас не знам каде јаделе ама тост од 8 евра не е воопшто евтино со оглед што живеам во Дубаи и тука тост е 7 евра. Не ми остави впечаток на евтина. До Попај бевме се такси и се враќавме со такси плус карти околу 140 евра потрошивме.
Predlog mesto za odmor ako se leta do Split? Nekoja plaza vo blizina ili okolu. И дали има директен лет до Сплит оти на страната на кроација ми дава преку загреб
46-47 ама проблемот е што и влажноста е многу голема преку лето, па не се дише. И во 5-6 часот е околу 37-38 степени, па ни тогаш не можеш да излезеш со децата да прошеташ. Од октомври би препорачала да се доаѓа.
Здравоо на сите, летово одам за Скијатос па сакам да ве прашам дали некој бил во Хотел Белведере ама во бунгаловите да сподели искуства?
Здраво Дали некој бил со Нехар травел конкретно понудата која ја имаат Лето во Шпанија - Лорет де мар со посета на Италија и Франција Искуство за хотели, плажа што да се посети Поздрав
Подстрана ти е одма до Сплит, мало населбиче со ок плажа. За убавите плажи (пример Мимице, Омиш...) секако треба да патуваш. Релативно блиску до Сплит е Омиш, ептен фино гратче е, помирно од Сплит.
Има чартер до Сплит и ова лето, прашај во Кроација Ерлајнс ако не можеш да најдеш на нет. Од плажите во градот Сплит се Фируле, Овчице, Бачвице, Касјуни и уште неколку во шумата Марјан. Исто така во близина имаш плажи во местата Жњан, Стобрец и во каштелите.
Најдов лет, гледам и смештај, само од аеродромот од Сплит до Брела има саат ипол возење а не знам каков е патот? И каде да најдам превоз..
Превоз имаш повеќе опции, од рент-а-кар до локални автобуси, Сплит и општо Хрватска имаат одлична инфраструктура во тој дел. Еве, 11 поаѓања и враќања за Брела. https://www.ak-split.hr/polasci-iz-splita/
Патот е добар ако мислиш да земете рент а кар едноставно ќе се снајдете по Јадранска магистрала ама превозот им е супер организиран, и може да фатите бус. После секое слетување има шатл бус до автобуската во Сплит а од таму имаш до каде сакаш. Линиите им се од Риека, Шибеник, Задар и Сплит па надоле до Дубровник и застанува на секоја станица. Најчести линии има Промет Макарска, види на нет на нивната страна чисто за отприлика ама да знаеш дека има почесто од тие што ги дава страницата.
На темава гледам споредувате Црна Гора и Албанија со Хрватска и Грција... не иде споредбава Прво, зависи што очекувате од одмор. Ако ви е целта соба - лежалка - кафиќ - соба, не ви треба толку пат да арчите. Халкидики нуди и повеќе од доволно за таков одмор. Не Хрватска, туку Јадранско и Јонско море немаат природно песочни плажи. Двете мориња лично ми се поубави од Егејско, можеби затоа што не ни сакам да е прав плажата, мене ми одговара да се камчиња. Мразам да не можам да се доперам од песок итн. Значи преференци се. Лично на одмор преферирам да шетам, да гледам локална култура, луѓе, знаменитости, историја, архитектура - плажа и море се бонусот. Во таа смисла, ни Црна Гора ни Албанија не се ни приближни до одредени места во Грција и Хрватска. Од ЦГ искрено само Которски залив ми е убав, толку. Ја сакам Подгорица, ама Подгорица нема море, само предобар ноќен живот и е толку мала што баш се' е на едно место. Размислете каков одмор сакате, според тоа и одберете. Ако песочни плажи ви сe must, Јадранско/Јонско нема да ви чинат. Ако очекувате нереално чисто море + неплажарски активности, одете било каде на Јадран, а и Грција подоле од Халкидики и островите има што да ви понуди. Пример Лефкада на врв планина има прејако селце со 360 поглед, живеат луѓе таму, личи на Крушево. На Тасос во Теологос ако јадете јагнешко, не е за пропуштање. Итн. Мене Парга ми е место што засекогаш ќе можам да го посетувам, а нема ама баш ниту една песочна плажа, нормално, на Јонско е. Ама градот има толку "душа", што секогаш ми е премалку.
Се согласувам со тебе дека секој треба да знае што сака и што бара од одморот, нема место што е за сите еднакво убаво. Но, не се согласувам за Парга, на пример Валтос е преубава песочна плажа.